Среда, 23 Ноември 2022   
Тихомир Каранфилов : Душата на Македонија

1Tihomir Тихомир Каранфилов

„Животот во ропство, немањето можност преку колективно, слободно разгледување на познатите проблеми го научија Македонецот сам да си го пробива својот пат и во најтешките часови од животот да се потпира на сопствената сила. Ова е убавината на Македонците, ова е и нивната пропаст!“ – пишува Георги Томалевски во својата книга „Душата на Македонија“ објавена во 1927 година во Софија.

Георги Томалевски (1897–1988) е писател, есеуст и публицист од Македонија. Роден во Крушово, а во неговата куќа во 1903 година била прогласена Крушовската Република. По задушувањето на Илинденското востание целото семејство се преселило во Софија. Тој е брат на познатиот македонски деец Наум Томалевск и член на Македонската младинска тајна револуционерна организација. Во 1927 година е објавена неговата прва книга „Душата на Македонија“, чие второ издание во 1941 година во Бугарија е наградено со национална книжевна награда.

Во предговорот на овој есеј авторот ќе напише дека „Напишаното во оваа книга не е историја, не е географски опис. Македонија има одамна своја историја покрај историите на сите народи... Спомнете си дека Македонија при тоа е земја на страдања и подвизи. И тие шреживеани ужаси на огнената стихија се раскажани иако не целосно од нашите браќа. За тоа знаат и македонските планини, знаат реките, кои во својот непрестаен тек, ги повторуваат легендите од изминатото време.“ Во продолжение на книгата Томалевски говори за сложеноста на природата на Македонецот, неговото духовно богаство и индивидуализмот. Во книгата можеме да ја видиме навистина македонската душа која наоѓа одраз до денешни дни.

Во подолу приложените извадоци, кои говорат за посебноста на Македонецот, авторот ќе напише:

„Македонецот, гранка на славјанското дрво, немајќи време и услови на друг начин да го изрази своето богато духовно искуство, ја нашол легендата, бајката, ги нашол дури и неискажаните зборови, начинот, воздишката како израз на самиот себе, како креативност во неговото секојдневие...

***

Природата на Македонецот е сложена. Развиорен и страшен во моментите на борба, тој е многу фокусиран, внимателен и снаодлив во време на мирни денови. Како плод на неговата вера и мистичност, како показател на неизгасливиот пламен во него се многубројните манастири, светители и свети места во Македонија. Лулка, ризница на низа духовни вредности, мајка на славјанското писмо, таа до ден-денес во своите обесчестени светилишта ги има трагите и духот на едно длабоко мистично искуство. Манастирите во Македонија најречито зборуваат за потеклото, животот и духовната култура на луѓето што ја населувале. Овие податоци можат да се преземат од спроведените и евидентираните студии на голем број научници - наши и странски. Манастирите, овие тивки духовни катчиња, кои некогаш беа складишта и жртвеници, во кои гореше пламенот на народниот дух, се најдобри сведоци кои биле господарите на Македонија и чии светци со својот духовен подвиг ги направија овие места бесмртни.

Иако ги имаме при рака овие историски информации и житијата на светителите, сигурен сум дека тие не се ништо во споредба со реалноста, во споредба со ликот на овие духовни воини, родени и зацврстени во недрата на македонската душа. За тоа може да се суди по тоа што во најтешките денови за Македонија тие го испраќаа својот зрак во темнината на ропството и секогаш беа потпорната точка, ѕвездата водилка на народот. Ова не е мал подвиг и не се обичните луѓе кои можат да го постигнат. Не за сите луѓе, туку за упатените во духовниот живот, јасно е колку мора да биде богата во своето внатрешно искуство таа земја што раѓа светци. Таков народ не може да се помине од времето, затоа што е жив. Одгласот на молкот се претопува во тишината на планината, но пламенот на народниот дух тивко и кротко непрестајно блеска во долгиот низ на векови. Токму во овој пламен мора да се бара почетокот на секоја културна манифестација и од него се разгорува виорниот оган на бунтот.

Треба да се препишат некои страници од историјата за да се разјасни оваа мисла, но бидејќи историјата се чита одделно, доволно е да се спомене името на Атон, за да се потсетиме на „Деволскиот ливан “ – за манастирот Свети Наум во Охрид. . Овој духовен извор, изграден уште во 900 година... , одиграл важна улога во животот на Македонија...

***

Македонската реалност е разновидна и интересна. И не сакам да зборувам конкретно за земјата, туку за фактот дека карактерот на оваа земја се рефлектира во психологијата на луѓето што ја населуваат. Македонија е дел од големата славјанска душа. Но, Македонецот, во споредба со славјанинот, покажува премногу карактеристични, остро истакнати карактеристики. Сличноста е во следното: она што Славjaнинот го создава на полето на човековата култура секогаш носи елемент на вечноста, на бесконечноста, на незапирливиот лет кон ѕвездите, на маката на противречноста меѓу материјата и духот. Македонскиот дух исто така го има тој полет. Каењето, љубовта, напластените противречности, борбите на Македонија сигурно еден ден ќе дадат литературен плод на полето на книжевното творештво, кој нема да биде фатаморгана на тевтонскиот еп, туку ќе даде една чудесна, тајна историја, напишана. со длабок поглед на еден Достоевски, кој прави култ од страдањето, верата и противречноста во животот. Но, да направиме едно патување, повнимателна анализа на Македонецот и да истакнеме некои негови карактеристични црти, истакнувајќи го како многу карактеристичен и оригинален на позадината на славјанската стихија.

Меѓу сите Славјани слободно може да се каже дека Македонецот е најиндивидуализиран. Имајќи многу заедничко со славјанската душа, тој на некој начин е целосна спротивност. Ова е само еден факт врз кој ќе се градат многубројните, чудни манифестации на Македонецот. Сите услови на неговото постоење придонесуваат оваа лична самодоверба кај него да се изостри до степен на болка. Природа со многуте планини, тајните шуми, високите врвови, по кои погледот се лизга за да бара решение ... за најтешките задачи.

Животот во ропство, немањето можност преку колективно, слободно разгледување на познатите проблеми го научија Македонецот да си тргне по својот пат и во најтешките часови од животот да се потпира на сопствената сила. Оваа самодејност, оваа континуирана вежба во тактичност и умешност, му даваше посебна психолошка нијанса на неговиот карактер, чиј производ беше неговиот голем индивидуализам и ревносно зачувување на личната слобода. Судејќи објективно, би сакал да истакнам дека овој индивидуализам, колку и да е убав во некои аспекти, е толку опасен и фатален за исклучителните моменти во ерата на ослободителните војни. Македонецот е најсилен во личното делување. Стилизиран индивидуалист, роден да носи во душата бунт против секое ограничување, тој ја изразува оваа самодоверба дури и кога неговата егзистенција е во прашање.

Македонскиот народ не е маса. Сè можев да замислам, но никогаш не можам да помислам дека македонското племе, дури и да се удвои, дури и четирикратно да се зголеми, може да се претвори во маса, во некаква безлична, колективна целина. За да се придвижи масата потребно е да се надмине една ментална инертност и да се даде насока, но за да се придвижи таков колективитет како што е македонскиот, потребно е некое магично влијание врз поединечните елементи што ја сочинуваат, кои иако цврсто се координирани во целината. тие сè уште имаат свој мир и светоглед.

Ова е убавината на Македонците, ова е и нивната пропаст!

***

На овој начин е индивидуализирана и македонската природа. Ќе слушнете различни осврти за Македонија. Некои велат дека е рајска земја, а други - куп камења, камена пустина. Може да се каже дека двете мислења се вистинити затоа што зависи каде си во Македонија. Таму има места, ретки по својата убавина, ненадминати по нивното богатство, а има и места кои се чини дека се олицетворение на една страшна реалност - сурова и жестока како угнетувањето на ропството.“

(извор: https://www.strumski.com/books/Tomalevski_Dushata_na_Makedonija.compressed.pdf)

1tkar

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.