Среда, 23 Ноември 2022   
Александар ДОНСКИ : ДАЛИ Е ОВА ДОСЕГА НЕПОЗНАТА ФОТОГРАФИЈА ОД КОСТА РАЦИН?

1Donski Александар ДОНСКИ

Фотографијата со петмина младинци, снимена некаде во втората половина на 1920-те години, е сопственост на семејствата Накови и Донски од Штип. Централниот лик на фотографијата прилично наликува на големиот македонски поет, национален и социјален деец и револуционер Коста Солев Рацин (1908 – 1943).

1kost

1kost2 

Рацин е еден од основоположниците  на современата македонска литература, особено по неговата стихозбирка „Бели мугри“. Освен со поезија Рацин пишувал и прозни дела, како и трудови со филозофска и историска содржина и есеистика. Прекарот Рацин го добил според името на неговата љубена Рахилка Фирфова – Раца.  Роден е во Велес во 1908 година. Во 1924 година, согледувајќи ги социјалните неправди во тогашниот режим, се зачленил во КПЈ, а бил активен и во синдикатот во чиј весник објавувал свои статии. Во 1928 година учествувал во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден како единствен претставник од Македонија. По враќањето бил уапсен, но по три месеци затвор бил ослободен. Во 1928 година заминал на отслужување на воениот рок во Пожаревац. Во 1934 година повторно бил уапсен и осуден на четири години робија во Сремска Митровица, но одлежал само околу една година, по што бил амнестиран поради законот за амнестија. За време на издржувањето на затворската казна, заедно со други затвореници Македонци, се обидел да состави Речник на македонскиот јазик. Во 1938 полулегално живеел и работел во Белград, а  во 1939 година ја објавил својата збрка „Бели мугри“ (отпечатена на македонски јазик во 4.000 тираж и масовно делена во вардарска и пиринска Македонија). Истовремено објавувал текстови и со историска и филозофска  содржина. Во 1940 година поради извесни несогласувања бил исклучен од КПЈ, а неговите дела биле бојкотирани. За време на Втората светска војна кратко живеел и работел во Софија и во Скопје, а во 1942 бил уапсен од бугарската полиција и интерниран близу градот Неврокоп. Во 1943 година побегнал од затворот, се вратил во Скопје и се придружил на македонските партизани. За жал по неполн месец и половина бил убиен од друг партизан под неразјаснети околности. Денес неговите посмртни останки почиваат во Спомен-костурницата во Велес заедно со посмртните останки на други македонски борци од овој град.

Врз основа на неговите трудови Рацин со право се смета за најзначајниот македонски интелектуалец во периодот помеѓу двете светски војни. Во однос на македонската самобитност останале запаметени зборовите на Рацин од декември 1939 година:

„Кај Македонците постоело сознание дека оваа земја некогаш се викала Македонија. Тие го извлекле од својата историска ризница своето име како и српските и бугарските идеолози. Во тој поглед на знамето на својата национална преродба го испишале своето македонско име“.

А сега да се навратиме на објавената фотографија. Несомнено дека на фотографијата се момчиња во нивите дваесетти години. Од петмината ликови на неа (со исклучок на ликот што наликува на Рацин) досега е познат само ликот на младото момче кое седи прв од десно. Тоа е Крум Наков од Штип (роден 1909, починал 1961 година), инаку татко на мајката (Љубица Накова Донска) на авторот на овој текст.

Крум бил син на Димитар Наков (1871 - 1943) родум од стариот дел на Штип наречен Ново село, кој бил учител во времето кога учителствувал и Гоце Делчев во новоселското училиште (за што постојат документи).

Поради тоа што починал рано за активноста на Крум Наков, не останале многу податоци. Само се знае дека и самиот бил синдикален активист и борец за националните права на Македонците. Во фамилијата чуваме документ од кој се гледа дека бил исклучен од гимназијата. Потоа заради неговото учество во македонското движење, заедно со уште неколку негови другари, бил осуден на смрт од тогашната големосрпска власт. Биле одведени на месноста Каваклија (на периферијата од Штип)  и биле натерани сами да си ги копаат гробовите. Но неговата мајка Сова (мошне способна жена и трговец) успеала да издејствува негово спасување преку зетот за неговата сестра кој бил близок со српската власт. Така на Крум смртната казна му била заменета со затворска и  бил испратен во затвор во Пожаревац (поседуваме фотографија од неговите затворски денови). По излегувањето од затвор, мајка му Сова го оженила со Драга Панева (1908 – 1979) од Свети Николе се со цел да го смири. Во бракот им се родиле шест деца и тоа: Љубица (мајката на авторот на овој текст), Благој, Ана, Зорица, Илија и Нада. Крум Наков работел како кондуктер и никогаш на своите деца не им кажувал за неговата активност пред војната и неговото затворање. Само им велел никогаш да не се мешаат во политика затоа што откако излегол од затвор, дури и неговите соборци му го свртеле грбот. Од други луѓе постојат сведоштва дека тој бил суден како македонски национален деец и дека често пати имал конфликти со претставници на тогашната големосрпска власт во однос на посебноста на Македонците и македонскиот јазик. Истовремено бил и синдикален деец кој се залагал за правата на работниците. Починал од болест во 1961 година.

Што се однесува до фотографијата, дали и колку ликот на неа наликува на Коста Рацин, не можеме да кажеме бидејќи има премалку зачувани автентични  фотографии од нашиот голем поет. Некои детали можеби се слични, а некои се разликуваат во споредба со оние малку зачувани фотографии.

Индиција дека можеби сепак тоа е Рацин е ликот на спомнатиот Крум Наков кој не само што бил негов врсник, туку бил и негов соборец во синдикалното и националното движење.

Понатаму, помладиот брат на Крум, по име Ристо Наков (1912 - 1983), повеќе пати раскажуваше дека лично учествувал во распространувањето на првото издание на книгата „Бели мугри“ уште во 1939 година, што може да биде уште една индиција дека тоа го направил заради познанството на неговиот постар брат Крум Наков со Коста Рацин.

Но, сето ова засега останува во доменот на претпоставките... 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.