|
|
Свекрва : Македонската влада не го спречува иселувањето |
Свекрва Владата постои за народот и таа треба да го заштити македонскиот народ и другите етнички заедници во земјата. Се додека има македонски народ таа ќе постои. затоа владата треба да се потруди за го зачува дома, иако таа работа не е лесна. Доколку институциите не се разбудат од зимскиот сон, тогаш епилогот ќе дојде брзо и ќе биде многу лош. Во раните утрински часови, на 15 ноември во Манила се роди девојче Винис Мабансаг, која е осум милјардиотиот жител на светот. Додека популацијата во светот се зголемува во Македонија, како и на целиот Балкан бројот на жители се намалува. Голем пад бележат Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија. По нецели две децении, пописот во 2021 во Македонија покажа дека бројот на жители е намален за повеќе од 185 000 лица, односно 9,2 проценти или за околу два поголеми града. Иако Бугарија, Романија и Хрватска се членки на ЕУ и се извршени реформи за да се задржи населението, иселувањата се огромни. Тие се бројат со милиони жители. Со ваквиот тренд на иселување и намелениот наталитет многу населби за две децении ќе останат празни. Најголем број од населението од Балканот се иселува во развиените европски земји, каде Балканците не се баш најдобро примени. Иако Европската комисија планира Бугарија, Романија и Хрватска да бидат вклучени во Шенген зоната, Австрија се противи тврдејќи дека системот е нефункционален и дека заштитата на надворешните граници не успеал. Оттука, Албанците кои легално или илегално се влезени во Велика Британија, не се добро примени, а поради навредлива изјава на министерката за внатрешни работи организираа протести. Логично од ова произлегува прашањето зошто е тогаш борбата за влез во ЕУ? ЕУ дава огромни средства на балканските држави. Целта на овие неповратни пари, субвенции и кредити е државите да се реформираат, да бидат стабилни за да го задржат населението. Но, за жал најголем дел од овие средства завршуваат во џебови на лица од власта, а не за она што се наменети. Оттука е тој повик на СДС и ДУИ дека мораме по секоја цена да влеземе во ЕУ, но всушност ништо суштински не превземаат за да населението го задржат дома. Напротив нивните политики имаат спротивен ефект. Во изминатите три децении, а особено во последните неколку години, корупцијата царува, судството е легнато на колена, а образованието, здраството, индустријата, земјоделството и секоја друга профитабилна гранка се срушени, па сега и она малку лекари, сестри, инжинери и други високообразовани кадри заминаа да робовуаат во ЕУ, Америка, Австралија и Нов Зеланд. Навистина за повеќе пари, но во туѓа земја, за туѓи интереси. Со иселувањето опаѓа бројот на македонскиот народ што преставува политичко, но и безбедносно прашање. Доколку мнозинскиот македонскиот народ падне под половина од вкупниот број жители, набрзо на површина повторно многу посилно ќе се појават туѓи агенди. Така на пример, барањето Бугарите да влезат во Уставот, како и барањето на албанските партии од Уставот да се исфрли делот дека албанскиот јазик се користи во општините каде има 20 проценти од албанската националност и бараат нивниот мајчин јазик да добие равноправен статус со македонскиот. Исто така, кога светот ги надмина историските осум милијарди жители и кога во други делови на светот популацијата расте, логично е и на Балканот, каде речиси има средена инфраструктура, да дојде мигрантски талас. Во 2015 имавме, поради војната во Сирија, Балканот го зафати бегалски и мигранстки талас. Прво спонтан, а потоа и организиран. Денес, во Србија поради војната во Украина има навалица на Руси, но и на Украинци, иако помалку. Тоа незначи дека бегалските и мигрантските бранови ќе ја одминие Македонија, особено со доаѓањето на пролетта. Иако Македонија го потпиша договорот со Фронтекс, Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, земјата треба навреме да се подготви. Едноставно оваа власт покажа дека ја интересираат само парите кои ќе ги добие од европските фондови, но и дека е неспосбна да го заштити суверенитетот на земјата. Држават постои за народот и таа треба да го заштити македонскиот народ и другите етнички заедници во земјата. Се додека има македонски народ таа ќе постои. Затоа владата треба да се потруди за го зачува Македонецот дома, иако таа работа не е лесна. Доколку институциите не се разбудат од зимскиот сон, тогаш епилогот ќе дојде брзо и ќе биде многу лош. |