|
|
АЛО БРИСЕЛ, НЕ СМЕ НЕДОВЕТНИ - ПРОЧИТАНИ ВИ СЕ НАМЕРИТЕ |
Мр Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор (ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 190) 1. Како што врват месеците, се почести се посетите на ептен високо, но и на пониско, ниво од Брисел, за да не убедуваат дека членството на Македонија во ЕУ е "не е неостварливо" до 2030 година!? И што е најчудно (но неубедливо) со такви ставови настапуваат челниците на актуелната антимакедонска влада! Но најбизарно е што тие челници мислат дека им веруваме!? Еве една проста математика за да им укажеме на истите тие евроемисари и нивните измеќари во Македонија дека членството на нашата земја во ЕУ до 2030 година е обична фатаморгана која постои само во главите на оие што шпекулираат со тие бројки, без ни теоретски шанси тоа реално да се случи! Конкретно, од сите членки на ексклузивниот клуб наречен ЕУ најкраток стаж во прегопворите за членство имаше Финска, и тоa нешто повеќе од пет (5) години. Шведска преговараше скоро седум (7) години и што е најинтересно таа (Шведска) како кандидат за членство и постави услов(!) на Унијата (што е единствен случај од нејзиното основање): сите привилегии што ќе ги има Шведска како членка на ЕУ да важат и за Норвешка, иако таа земја не е членка на Унијата! (Норвежаните два пати на референдум се изјаснија п р о т и в членство во ЕУ за го задржат ексклузивитетот за риболовот во Северното море, но и за да не даваат во буџетот на ЕУ големи придонеси од приходите ов нафтата). Денес сме при крајот на 11от месец од годината и преостанува само еден месец до крајот на 2022 година. Со други зборови, следи 2023 година, а до 2030 година остануваат само седум (7) години. Па почитувани, зарем некој може да си дозволи да помисли дека Македонија е на нивото на Скандинавија и ќе преговара за членство како една Финска или Шведска? Па ние сме една светлосна година далеку според сите критериуми и стандарди од тие земји! А ако некој мисли дека ќе не убеди дека таа временска рамка (прием во ЕУ до 2030 гопдина) е реална и остварлива, или не ги разбира работите, или мисли дека сме недоветни па таквите стојалишта ќе ги проголтаме и ќе им поверуваме, а за возврат ќе прифатиме се што ни наметнуваат од Брисел, во прв план промена на Уставот на Македонија и вметнување во него "како државотворен народ" една рака одродени македонци што се декларираат како бугари (Бог да чува и да брани од полошо). Не дами и господо од Брисел, тоа не смее и нема да ви помине!!! Премногу лаги и неостварени ветувања ни приредивте овие изминати 15 години, колку што чекаме за почеток на преговорите. Премногу!!! Или што би рекле англичаните: Enough is Enough!!! Впрочем, дури и хипотетички, кога би се случило тоа, промена на Уставот (далеку било), какви гаранции нуди Брисел дека приемот ќе биде во 2030 година? Па зарем да веруваме на една лицемерна Грција која не ја рафитикува ни Времената спогодба од 1995 година, а ни со прст не мрдна да ги исполни своите обврски со капитулантскиот договор од Нивице!? Или да веруваме на една Бугарија која со снајпери ликвидира 130 врвни директори и менаџери во борба со корупцијата, а брутално не блокира со еден куп вета и веќе најави дека не гарантира дека нема повторно да стави вето во текот на преговорите дури и да го смениме Уставот??? Патем, да не испуштаме од предвид дека францускиот претседател Емануел Макрон, кој во неколку наврати лично е "заслужен" за блокирањето на европскиот пат на Македонија (Меркел отиде лично во Париз да го убедува да не не блокира; тој измисли некакви "кластери" во текот на преговорите и сл.) е реизбран годинава за уште еден мандат (мандатот на Францускиот претседател трае седум (7) години). Со други години, ќе си имаме работа со Макрон до 2029 година, или речиси скоро до рокот што лицемерно и лажливо ни се лансира од Брисел за "можен" прием на РМ во ЕУ!? Дури ни војната во Украина, без сомнеж, не може да ги промени, т.е. да ги заврза процесите! Не дами и господо од Брисел и останати што ни доаѓате на гости за да не убедувате со лажни ветувања и демагогии и ни го згорчувате животот бидејки заради вас ни го блокираат сообраќајот во Скопје! Промена на Уставот не смее да се случи!!! Вие самите треба да се замислите дали ќе дозволите заради вашите брутални егоистични интереси (во нашиов случај: се ратисате од еден проблем каков што е /не/примањето на Македонија во членство на Унијата), да оставите дупка во регионов на Западен Балкан, а со тоа и да предизвикате негова дестабилизација што неминовно ќе ја почуствувате и вие самите кај вас дома - на вашата кожа!!! Затоа дами и господо Бриселчани, имате уште време до следното претседателство на Унијата да ја корегирате (како што постапивте со "Лисабонската декларација" во декември 1992 година) вашата фашизоидна преговарачка рамка што уценувачки ни ја наметнавте како услов за почеток на преговорите и ако воопшто држите до принципи и вредности, да си ја преиспитате и да ни понудите и нам исти критериуми и услови како и на другите земји што се веќе членки на Унијата, а не промена на Уставот (по ваша мерка), што е без преседан од вашето основање!!! Кога веќе пишувам на оваа тема, не можам а да не кажам збор-два за дилетантизмот и полтронството на Стево Пендаровски. Според него, промената на Уставот не е страшна работа и нема да ја дестабилизирало државата!? - Јас сум прв за промена на Уставот и за вметнување на бугарите во нашиот Устав, бидејќи не мислам дека тоа е страшно и дека ќе ја дестабилизира Македонија, изјави Стево во емисијата "24 часа", и остана жив! 2. Читам и не ми се верува на сопствените очи што гледам: Ковачевски бил на разговор со Ахмети во Зајас на 17.11.2022. На средбата, наводно, се разговарало за проширување на Владата со нов партнер за зајакнување на владеачката коалиција и тоа за спроведување на уставните измени!? Ало, Ковачевски, па има ли некој околу тебе да те посоветува што е протокол и каде му е местото на премиерот? Во Харвард, каде демек си се усовршувал, можеби такви работи не те учеле, но дали допира до тебе значењето и важноста на димензијата на проблемот. Ти си премиер и му одиш на визитација и службени разговори на лидер на партија (приватно да, твоја работа е, но како премиер секако не). На кој јазик разговаравте Димитар? Па Ахмети не прозборе македонски од кога е дојден од Швајцарија. И да те прашам, дали главниот град (Скопје) почна да го селиш во Зајас, па таму разговараш и се пазариш за нови партнери во твојата коалиција? И дали со Македонија наскоро ќе има влада со доминација на албански инистри, а ти како арлекин ќе глумиш премиер??? Свести се човеку, крајно време е!!! Па нема вечно да си на таа позиција на која си, но последиците од таквото твое владеење ќе ги сносат генерации по тебе и по сите нас!!! 3. До кој степен оди забеганоста и тоталното отсуство на одговорност на оваа збирштина што се нарекува Влада на Република Македонија, е цехот што владина делегација при посета на Абу Даби го направила и платила сметка за вечера во ексклузивен ресторан за четворица во износ од 19 милиони македонски денари. Се испиле седум флаши многу скапи вина, се јадело и пиело небаре нашиве биле гости од Обединетите Арапски Емирати, а не од Република Македонија, која е меѓу најсиромашните земји во Европа. Тоа што во земјава заради штедење се кратат оброци на студенти, нема пари за градскиот сообраќај во Скопје, бројот на социјалци секојдневно расте, а 60% од народот е на работ на егзистенција, овие "бишкари" (што би рекле Прилепчани) не ги засегало. Важно тие си ги задоволиле своите скороевски комплекси и тоа на сметка на народот кој со даноците што ги плаќа го покрил цехот. Бесрамници едни!!! |