|
|
Територијални аспирации и желби за прекројување на граници на Балканот |
Свекрва Името Македонија е големо и секој го сака тој бренд. Ако со векови сме го сочувале, ако за него сме пролиле реки крв, ако за време на Втората светска војна сме се избориле за своја држава, а не сме пошле со Бугарите, тогаш сме посебен народ кој заслужи да го остават на мира, заради мирот на Балканот, заради мирот во светот. Војната во Украина е само искра, која доколку се префрли во Македонија тоа ќе биде вистиски вовед во Трета светска војна. Војната во Украина веќе трае повеќе од 270 дена. Сирените за воздушна опасност се слушаат речиси секој ден во повеќе украински области. Оружјето од Западот не ги спречува нападите на руската армија врз електроенергетскиот систем што доведува до проблеми во снабдување со електрична енергија, вода, греење и т.н. Повеќе од 10 милиони Украинци ја напуштија земјата, а студеното време и снегот дополнително им го отежнува животот на цивилното население кое остана во земјата. И покрај големите жртви, сепак нема најави за прекинување на војната и започнување на преговори за решавање на спорот. И додека украинската армија се бори да ја сочува земјата, од Западот се погласни се тврдењата дека Украина се простира во границите кои не се природни и дека делови од нејзината тероторија би требало да и се вратат на Русија, Полска, Унгарија и Романија. Односно Задкарпатје да и се врати на Унгарија, Галиција на Полска, Буковина на Романија и т.н. Ваквите апетити се појавија по одлуката на Русија да спроведе специјална воена операција во Украина за да ги заштити Донбаската и Луганската република, како и Херсонската и Запорошката област, каде претежно живее руско население. Иако Полска, Унгарија и Романија како земји членки на НАТО званично ја осудија воената агресија на Русија и даваат воена поддршка на украинската армија, сите тие воено се подготвуваат и чекаат каква ќе биде разврската помеѓу Русија и Украина, за да во погоден момент се појават со свои „легитимни“ барања за заштита на нивното етничко малцинство Колку подолго трае војната во Украина, толку Западот ќе испорачува повеќе оружје и толку Киев повеќе ќе се задолжива. Со разрушена економија Украина не ќе може во иднина да го исплати добиеното оружје со пари. Во тој случај побарувачот може да побара да се врати долгот со компензација, давање на дел од својата територија. Ваквото сценарио е можно и на Балканот, каде за жал сеуште постојат територијални аспирации и желби за прекројување на граници. Потенцијални жаришта се БиХ, Србија, Црна Гира, Косово и Македонија, кон која се насочени погледите на соседите. Наместо Македонија да се подготви за секакви сценарија, во земјата се случуваат мнозинство настани кои одат кон раградба на земјата. Неспособната македонска власт предводени од СДС и ДУИ, наместо да се подготви за одбрана на земјата, тоа и тоа што го има го подарува. Истовремено земјата се презадолжува, се зголемува инфлацијата и корупцијата, а институциите не функционираат. Поради тоа луѓето емигрираат, а земјата почнаа да ја водат незавршени студенти или луѓе со купени дипломи, кои ни македонскиот јазик не го знаат. Така во земјата наместо македонски се повеќе се веат албански и бугарски знамиња, а бугарските клубови со иритирачки и навредливи имиња се шират како епидемија. Македонија е како Украина тешко болна, а корумпираната власт не сака да остапи. Големи финасиски средства се сливаат во нивните џебови. Така распродаваат: име, историја, култура, а наскоро можеби соседите ќе бараат да им дадеме и делови од нашата територија. Така среде Скопје ќе слушнете од бугарски званични преставници дека ова е втора бугарска држава. Имено, бугарскиот пратеник Костадин Костадинов од политичката партија „Преродба“, кој во бугарскиот парламент ја нарече Македонија втора бугарска држава, неодамна го повтори својот став на отварањето на бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, притоа велејќи дека треба да бидеме една држава. Ваквите ставови кои говорат за тероторијални претензии кон Македонија, а ги споделуваат мнозина во бугарското општество, преставуваат опасност по мирот на Балканот. Но, додека македонскиот граѓанин реагира на провокациите, загрижува молкот на македонските власти, што само ги осилува ваквите аспирации на соседите. Ако оваа власт продолжи со молкот и ова темпо на распродажба, Македонија наскоро ќе ја снема. Оттука, секој што е по род Македонец или припадник на турската, српската, ромската, влашката, бошњачката заедница, како и сите што живеат во земјата и ја сакаат Македонија мора здружно да работат да се смени оваа ненародна власт. Мора заедно да ја спасиме земјата, мора да ја зачуваме, својата слобода, својот суверенитет, своите корени, својата историја и својот идентитет. Името Македонија е големо и секој го сака тој бренд. Ако со векови сме го сочувале, ако за него сме пролиле реки крв, ако за време на Втората светска војна сме се избориле за своја држава, а не сме пошле со Бугарите, тогаш сме посебен народ кој заслужува да не остават на мира, заради мирот на Балканот, заради мирот во светот. |