Среда, 07 Декември 2022   
Никој не може да го натера македонскиот народ да ја избрише својата историја

1svekrva Свекрва

Пред потпишување на Преспанскиот договор повеќе европски лидери ги убедуваа Македонците да го сменат уставното име, за да можат да ја обезбедат својата стратешка цел, да стане членка на ЕУ и НАТО. Меѓу нив беше и германската канцеларка Ангела Меркел која пристигна во Скопје во почетокот на месец септември 2018 година, во кој кон крајот на истиот беше одржан референдум за името и евроатланските интеграции. Иако референдумот кој се одржа на 30 септември истата година не беше успешен, под силен притисок и ветувања, Македонија го смени името и беше примена во НАТО, но не и во ЕУ.

Македонија стана 30 членка на НАТО во март 2020 година, но до ден денешен приемот во ЕУ не се случи. Меркел се повлече, ветувањата на ЕУ исчезнаа, а македонската голгота продолжи со неразбирливите барања на Бугарија. Сега повторно се бара од Македонија промена на Уставот, со ветување дека ако Бугарите влезат во него, ќе се отворат портите на ЕУ за земјата.   

И повторно доаѓаат европски политичари за да го убедуваат македонскиот народ.

Овој пат меѓу другите на гости ни беше германскиот сојузен претседател Франк-Валтер Штајнмајер. Тој притоа истакна дека земјата мора да направи уставни измени со вклучување на бугарското малцинство во Преамбулата на Уставот. Но ако во случајот со Грција ни беше ветувано дека по промената на Уставот земјата ќе биде примена во ЕУ, сега нема никакви гаранции.

Напротив ладен туш дојде од Португалија. Имено, португалкиот премиер Антонио Коста на конференција во организација на Си-Ен-Ен Португалија, ни порача дека „ЕУ не може да ги исполни очекувањата на Украина и на земјите од Западниот Балкан за нивно вклучување во ЕУ како полноправни членки.“

И наместо ова да ја отрезни јаничарската власт, таа упорно ја продолжува голготата на македонскиот народ. Од уста не го вадат името Северна Македонија кое народот не го прифаќа и постојано говорат дека ако ги внесеме Бугирите во Уставот, Македонија ќе влезе во ЕУ до 2030 година.

За да ја оствари оваа цел јаничарската власт си игра со оган. Ги разгорува непријателствата создадени низ годините, го спротиставува народот и го загадува воздухот во земјата.

Имено, власта дозволува отварање на бугарски културни клубови кои носат имиња на лица како „Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, кои го повампируваат фашизмот во земјата и лица кои го негирале постоењето на македонскиот народ. Оваа власт дозволува под притисок на Софија историските комисии да ја  ревидираат македонската историја по бугарски терк. Исто така постојано се сее страв меѓу народот: лажни дојави за подметнати бомби во училиштата, дивеење на бандите од Арачиново, блокади на сообраќајници и страв како да се стигне на работно место, дали ќе се добие плата и како да се преживее месецот поради секојдневните  поскапувања.

И додека вниманието на јавноста е свртено кон сите овие настани, како и продуцираните скандали во судската власт, коалицијата на власт упорно продолжува да бара, уценува и врши притисоци врз пратеници од опозицијата за да гласат уставни промени. За таа цел посебно се мобилизираат албанските партии, кои со отварањето на Уставот гледаат можност да вметнат и свои барања кои ќе бидат на сметка на мнозинскиот македонски народ. Се се прави само да се избрише македонскиот народ и да му се одземе правото да има своја држава, која е стекната со потоци крв за време на антифашистичката народноослободителната борба за време на Втората светска војна.

Вниманието на ЕУ сега најмногу е насочено кон војната во Украина и решавање на енергетската криза како последица на истата. Во ваква ситуација кога членките на Унијата се разединети по низа прашања, Брисел нема намера  целосно да ја скроти Бугарија.

Сепак и покрај се, ЕУ и даде жолт картон на Софија. Имено Холандија, најави вето за прием на Бугарија во Шенген зоната. Тоа може да биде опомена на Софија за нејзиното однесување кон Македонија. 

Бугарија сакала или не ќе мора кога тогаш да го признае постоењето на македонски народ и македонски јазик. Едноставно, никој не може да го натера македонскиот народ да ја избрише својата историја. Дури и да се спалат сите книги, дури и да се препеат сите песни и прераскажат сите стории, сепак ќе останат песните и расказите пренесувани од колено на колено за борбите за создавање на независна и суверена македонска држава,

Македонија е вечна 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.