|
|
Грција, е име на едно село на јужниот дел од Јадранското Море во Италија |
Симо Симски:На европските држави им одговарало да ги прифатат грчките фалсификати за наводните "историски права" на Грција дека поседува голем дел од Балканот, како причина да се избрка Турција од Балканот. Затоа, во Европа биле прифатени лагите и фалсификатите за наводната Грција кои и до денес, по трчи-лажи инерција, се препишуваат и дополнуваат. Познат историски податок е дека Грците ни во 1830 година не знаеле дека се Грци, и немале никаков удел во проектот за создавање свест за грчки идентитет. Факт е дека Грците воопшто не биле потписници на спогодбата од мај 1832-та година помеѓу Велика Британија, Франција, Русија и Баварска, со која се одредени условите под кои кралот Отон (владеел од 1833 до 1862 година) стапува на престолот и дека територијата на тоа кралство е ставена под "гаранција на трите сили заштитнички". А, Грција, е име на едно село на јужниот дел од Јадранското Море во Италија, од каде Римјаните испловиле за да ја нападнат Македонија. Толку од Елада и историјата за Грците! |