|
|
Корупцијата ќе ја уништи државата! |
Свекрва Македонија тоне во корупција, а власта е неспособна или несака да се справи со неа. Високата корупција, организирана од криминалните групи заради материјална и профитна добит, најчесто се вовлечени во државно-полициските органи. Тие за да ја остварат својата цел се спремни да извршат било каков злочин и преставуваат директна закана по опстанокот на државата. САД како стратешки партнер на земјата, согледувајќи дека корупцијата ќе ја изеде државата, испрати група за борба против високата корупција во земјата. Скоро секој сегмент од општествениот живот во земјата е заразен со корупција: полиција, судство, здравство, образивание и т.н. Секојдневно медиумите откриваат по некоја нова афера со елементи на корупција, која судско-полициските власти се обидуваат да ја заташкаат. Се издаваат пасоши на меѓународни криминалци и лица од црната листа. Се купуваат дипломи за завршено образование. Се штитат синови на високи фумционери кои го прекршиле законот. Се чуваат предмети во фиоки кои говорат за незаконските дејности на високи функционери од СДС и ДУИ. Замислете, во последните две децении од кога се на власт ниту еден од функционерите на ДУИ не одговарал за криминал!!!? Најсрамно е што сегашната, во најголем дел корумпирана власт предводена од СДС и ДУИ, која впрочем е донесена со поддршка од меѓународниот фактор, го распродава името, јазикот, историјата и културата на македонскиот народ, односно се што преставува идентитет на Македонецот. Но, за разлика од власта во земјата, дури ни мафијата во светот, која тргува со се и сешто, има кодекс и не би се осудила да го распродава идентитетот на својот народ. По најавата дека САД ќе испрати група која ќе помогне во справување со корупцијата во земјата, голем број на функционери од власта се јавуваат и ја поздравуваат одлуката. Во нивните поздрави нема ниту срам и перда, ниту осуда за власта која ја доведе земјата до оваа состојба. Некои, вината ја префрлаат на народот, заборавајќи дека рибата смрди од главата, а други пак тврдат дека Американците доаѓаат на нивен повик. Меѓутоа, сите забораваат дека ваквите корумпирани власти кои обично доаѓаат на власт во спрега со надворешен фактор, кој сака преку нив да ја контролира територијата, ќе бидат дадени на острел во моментот кога ја завршиле задачата или кога остапуваат од дадената агенда. Односно, се додека не ги загрозат нивните интереси, овие групи се поддржани. Во оној момент кога се обидуваат да излезат од нивната контрола, надворешниот фактор ќе се обиде да ги замени со нови послушници. Во земјата постоела корупција и порано, но не како што ја има во последните години. Корумпираноста се зголеми по доаѓањето на власт на Зоран Заев, кој даде пример како се бараат пари–„Едно евро за Вицето едно евро за Црквата“ а да не се одговара. Имено, антикорупциската комисија отвори предмет „Поткуп“, но партизираното судство ја заврши својата улога. Апелациониот суд Скопје во 2018 година ја отфрли жалбата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште. Меѓутоа, на меѓународнуот фактор, која сакаше да го реши спорот помеѓу Македонија и Грција, не му требаа поштени, туку бескрупулозни политичари. Тој беше донесен на власт, го смени името на земјата, но широко ја отвори врата за влез на корупцијата во власта. Особено интересно е што функционерите од ДУИ, поранешните членови на ОВК, се однесуваат како шерифи. Нивните деца се семоќни., а СДС и македонскиот народ се во нивно заложништво, Ако правото и моралот ги одржуваат политичките заедници и ги претставуваат основните вредности, тогаш не владеењето на правото, ќе ја растури државата. Ако поединецот во заедницата не ги почитува нормите, кои ги ограничуваат неговите желби и постапки и ако поединецот сето тоа го доживува како ограничување на личните интереси, тогаш нема да помогнат ни сите интервенции на антикорупцинерите на САД, ЕУ и НАТО. Едноставно Заевистите и неговата копија Ковачевски и следбениците на Али Ахмети не можат да му се спротистават на искушението, а секоја корупција започнува со попуштање пред искушението. Нивното попуштање доаѓа поради нивниот дефицит од исполнети потреби, материјални и психолошки, при што кај нив поединецот ги запоставува усвоените морални вредности. За од јавноста се прикријат сите овие проблеми со кои се соочува власта, која јавното добро го претвара во приватно, да се прикрие распродавањето на националните заради лични интереси, се пуштаат премногу шумови. Сведоци сме повеќе од месец дена како има дојави на лажни бомби во средните училишта, молови и други места, потоа дигање во воздух на банкомати,... Покрај прекумерната инфлација, сето погоре наведено можеби е дел од сценариото-ќути или ќе биде полошо, за да народот прифати се што му се сервира, па и влегување Бугарите во Уставот. Некои сметаат дека и американските антикорупционери доаѓаат со друга цел, поврзана со настаните на Косово и барањата на Бугарија. Но тие не можат да помогнат ако не се смени власта и не се формира широк семакедонски антикорупциски фронт, кој ги вклучува не само судските и полициските органи, парламентарните и владините контроли, но и банките, царинските, економските субјекти и невладини организации. Квалитетот на законите и прописите е исто така многу важен за да не остава премногу простор за флексибилно толкување. Во борбата со корупцијата многу важен фактор е независното и некорупирано новинарство. Сето заедно со употребата на најновите технолошки достигнувањ аможе да му се стави крај на корупцијата и да се спаси државата. |