Среда, 28 Декември 2022   
Се додека постои еден Македонец, Македонија ќе постои

1svekrva Свекрва

Измина уште една тешка година во земјава!

По економската криза предизвикана со ширењето на Ковид 19, специјала воена операција во Украина, која Русија ја презеде на почетокот на годината, го доведе светот на работ на Трета светска војна, а се одрази и во нашата земја.

Екомомските санкции кои ги наметна Западот кон Москва, предизвикаа зголемување на цените на  струјата, гасот и нафтата. Во такви услови, институциите на власта предводена од СДС и ДУИ, не успеа соодветно да одговорат во справувањето со кризата.  

Во време кога во Украина се води војна, а Бугарија покажува отворени аспирации кон земјата, медиумите во земјата открија повеќе афери во речиси сите сфери на општествениот живот. Поради нивното штетно влијание не само за безбедноста во земјата туку и на јужното крило на НАТО, реагираше и нашиот стратешки партнер САД.  

Неодамна новата американска амбасадорка во земјава Ангела Агелер, директно ја посочи корупцијата како најголем противник на земјата и упати остри критики кон правосудството. Исто така, таа најави тим за санкции од Вашингтон кој треба да преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери, како и да ги разгледа сите можни постапки.

Иако во текот на минатата и оваа година, двајца Генерални секретари биле приведени за криминал, лица вработени во МВР биле приведени поради издавање на пасоши со лажен идентитет на над 200 лица кои учествувале во разни криминални дејствија, потоа биле приведени и уапсени припадници на царината и полицијата поради шверц со дрога, пропуштање преку граница на лица барани по меѓународна потерница, пропуштање на возила преку граница без потребни документација и т.н.,  сепак за САД, власта предводена од СДС и ДУИ сериозно потфрли во справувањето со високата корупција и организираниот криминал.

Соочувајќи се со притисок од надворешниот фактор, но и од домашната јавност која се погласно бара предвремени избори, неспособната власт на ДУИ и СДС се повеќе игра на картата на заплашување на населението и продуцира нови афери во кои се вмешани ситни играчи, со цел да ги покрие аферите во кои се вмешани лица од раководството на партиите на власт.  

Аферите, презадолженоста, високите цени на енергенсите и основните прехрамбени продукти, високата стапка на сиромаштија, стравот од можноста за прелевање на воениот конфликт од Украина на Балканот и во Европа, како сталното прашање како ќе се преживее зимата, преовладуваа во текот на годината.

Неспособната власт немаше одговор за справување со кризите, но и покрај нискиот рејтинг тоа не сакаше да ја напушти позицијата  и да оди на нови избори, ниту пак размислуваше за формирање на експертска влада. Единствен излез гледаше во презадолжување и распродавање на националните интереси на македонскиот народ.

Секоја друга држава со ваква власт досега би се распаднала. Но она што ја оддржува во живот Македонија е духот на македонскиот народ, кој не можат да го скршат ни соседите, ни домашните предавници.

Се додека постои и еден Македонец, оваа земја ќе постои. 

„Македонска нација“ Ви посакува Среќна Нова 2023 година со нова влада која ќе ја врати надежта на народот за нова подобра иднина, која ќе овозможи домови исполнети со здравје, радост и бериќет.  

1doom1

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.