|
|
Стево Симски : Македонците во Бугарија бараат употреба на македонскиот јазик во 1922 година |
Управниот одбор на Илинденската организација, во 1922 година, поднесува барање до бугарскиот министер за просвета да им се одобри на Македонците во Бугарија да издаваат весници и списанија на макдонски јазик како што тоа го правеле во оваа земја на својот јазик Турците, Ерменците и Русите. Во барањето меѓу другото било наведено: „Зошто да не ни се дозволи и нам, Македонците, да пишуваме на сопствениот јазизик, а таков ние имаме, господине министер?“ Друштвото „Илинден“ било основано во Софија и имало свој орган, весникот „Илинден“, започнал да се печати од јули 1921 година (под редакција на А. Панов). Вакви друштва биле основани во повеќе градови од македонската емиграција. До крајот на 1922 година низ Бугарија биле формирани над триесет македонски друштва со вкупно 4.340 членови. Во јануари 1923 година е одржан основачки конгрес на Илинденската организација која заземала став за автономија и независност на Македонија. (с.с. Историска белешка)
|