|
|
Мартин ТРЕНЕВСКИ : СРЕЌНА НОВА 2023 - ПОЛНА СО НЕИЗВЕСНОСТИ |
(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 191) Во неделата (25 декември '22) на ТВ каналот на Македонската телевизија - каде се реемитува Бугарски државен ТВ канал - беше прикажан неколкучасовен концерт пред повеќеилјадна публика исклучиво со песни и ора од Македонија. Дури и текстовите на песните беа во оригинал, на македонски јазик со очигледна пропандагистична цел што упорно ни ја лансираат од источниот сосед за "еден народ - еден јазик"!? Споменатиот концерт е само уште една провокација во низата што членката на Европската Унија - Бугарија, континуирано ги прави и што, сосема очигледно, е државна политика на таа земја со децении, a добива на интензитет особено сега - од позиција на членка во ЕУ, кога Македонија к о н е ч н о има некакви шанси да започне преговори за членство во ЕУ. Во политиката нема ништо случајно, па ни сегашната бугураска антимакеодонска хистерија не е случајна. Тоа е сосема очигледно и судејки од нереагирањето на ЕУ на честиот излив на иредентизам (територијални претензии кон Македонија) на бугарски пратеници во Европскиот парламент, но и во бугарското општество од бугарски политачари на разни нивоа. Но, да не заборавиме дека голем - ако не и преуден факт за ваквите состојби дадоа самите членки на ЕУ усвојувајки ја фамозната преговарачка рамка за Македонија, чие прифаќаање е услов за земјата да ги почне преговорите за членство!? Нема дилеми дека Франција со својата антимакедонска и измеќарска политика во полза на соседите (Грција и Бугарија) кумуваше на тонот и небулозите во таа преговарачка рамка, но да не ја заборавиме и германската надворешна политика која нагласено искажува пробугарски ставови! Впрочем, има ли поголем аргумент за ова од изјавата што ја даде сега поранешната канцеларка на Германија Ангела Меркел, која повеќе пати рече дека: "Патот на Македонија кон членството во ЕУ води (!?) преку Софија" А зошто да не води преку Рим, Варшава или Мадрид??? Појак доказ од ова нема! Бугарија своите нескриени апетити кон Македонија и се што е македонско успеаја (со помош на споменатите големи измеќарски подржувачи во ЕУ) да ги наметне во прегоарачката рамка за Македонија (што ни ја подметнаа во стилот "Земи, или остави") (Take it or Live it)! Најгротескно во таа таканаречена рамка (што според мене е најбескрупулозна и долгорочно многу опасна за нас заради можноста од постојано уценување) е инсистирањето Бугарите да биле внесени како државотворен народ во македонскиот Устав!? Вакво барање до сега не се случило од посетоењето на ЕУ. Па добро бре Бриселчани, да ве прашам, па нели самите вие донесовте "Копенхагеншки критериуми" што секоја земја-кандидат за членство треба да ги исполнува за да биде примена во тој ваш ексклузивен клуб? Зошто за Македонија се воведоа некакви кластери и инсистирање да го смени Уставот за да биле внесени некакви си Бугари во него??? Та самиот Роберт Бадентер пред триесетина години констатираше дека Македонија има најдемократски устав од сите земји-аспиранти за членство во ЕУ. Тоа за вас не беше доволно та решивте да не докрајчите со нови барања и условувања!? Па зошто, на пример, Францја не ги внесе неколкуте милиони Алжирци, Суданци, Тунижани, Мароканци и што се нема ва таа земја во нејзиниот устав, туку сите се Французи!? Следствено, зошто Македонците од Пининска Македонија не бидат внесени во бугарскиот устав, туку над нив се врши континуирано геноцид и асимилација за да се искоренат по секоја цена? Зошто? Ставот на раководството на најголемата опозициона партија е категирично п р о т и в таканаречената преговарачка рамка што и јас лично категорички го подржувам бидејки неговото (далеку било) усвојување ке има далекусежни последици за нашата земја и особено за Македонскиот народ!!! Сите мрачни закани дека промена на Уставот на РМ ни е последна шанса и во тој стил бла, бла бла... ги отфрлам во канализација. Впрочем, преговарачката рамка не е Библија или Куран за да не може еден ден кога нормални луѓе, а не политиканти како сега, ке носат цивилизирани одлуки и заклучоци во интерес на членките, но респектирајки ги и интересите и кандидатките за членство во ЕУ. И нормално е да се запрашаме: што е алтернатива на одбивањето за уставни промени и прием на Бугарите во Мак. Устав? Лично предлагам следново: 1. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата - вкупно 44, да го напуштат Парламентот најдоцна до празникот Василица (17ти јануари 2023) - барем на раат да ги пречекаме празниците Стара-Нова година и Водици, а со оставката ќе ги постигниме двете клучни цели: а. неизбежно ќе изнудиме предвремени парламентари избори (на што категорички инсистира опозицијата) и б. Ќе оневозможиме насилно менување на Уставот и вметнување во него на некакви Бугари како државотворен народ, кои толку зло ни имаат нанесено особено во поновата историја. И на крајот еден искрен личен сопартиски совет до Христијан Мицкоски: Христијане, запни ги соработниците од твоето непосредно опкружување - наместо да билдаат личен имиџ, нека се растрчаат по Европа. особено кај сестринските партии од ЕПП од членките во ЕУ, да ги објаснат нашите партиски/опозициони позиции з о ш т о сме против промена на Уставот, за тиенда не разберат и да се обидеме да ни помогнат да се омекнат или потполно да ги ревидираат ставовите во преговарачката рамка што, длабоко верувам, и на повеќеѕо од нив, не им се по допаѓаат. Ние Македонците сме генетски Европјани, но не можеме и не смееме да прифатиме она што сега ни се наметнува како услов од Брисел, чија цел е разнебитување на македонската нација! И Христијан, ти советувам на секоја средба со странски претставници на масата да ставиш знаменца на Република Македонија, но и наНАТО и САД за да се знае на која страна си како претседател на најголемата опозициона партија, Во сапротивно, те бие гласот дека седиш на две столици што е губитничка варијанта Христијане, особено во контекстот на можни предвремени избори и формирање влада. Како членка на НАТО каде поминав четири години мандат како амбасадор на РМ, те уверувам дека сојузниците во Алијансата тоа нема да ти дозволат да отстапиш од таа траекторија, што би значело понатамошно тонење и на партијата, но и на татковината Република Македонија!!! Одговорноста е твоја и само твоја Христијане Иако сум скептик што ќе ни донесе 2023 година како народ и држава, вообичаен ред е на сите мои сонародници дома и ширум светот да им честитам СРЕЌНА НОВАТА 2023 ГОДОНА - ПОЛНА СО НЕИЗВЕСНОСТИ и да им посакам таа да биде со што е можно што пс помалу стресови од поскапувања. политички уцени од страна, а најмногу да ја нема оваа антимакедсонска, коруптивна и неспособна власт. М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор на Република Македонија |