Среда, 04 Јануари 2023   
Бугарија ја нарушува безбедноста на јужното крило на НАТО!

1svekrva Свекрва

Корупцијата е еден од главните проблеми во Македонија, која ја поткопува македоската држава. Слична е состојбата и во другите држави на Балканот. Особено е изразена во Бугарија, која поради сомнителните врски со Русија и ветата кон Македонија за влез во ЕУ преставува најслаба алка  за безбедноста во јужното крило на НАТО.

Бугарија преживува долга внатрешно политичка криза. Поради војната во Украина, расцепот меѓу проевропскиот и прорускиот табор се зголемува.

По минатогодошните есенски избори сеуште нема нова влада и се очекува пролетва да има вонредни избори во Бугарија. Во услови на голема корупција и поделеност околу војната во Украина, за да се скријат традиционално проруските чуства во земјата, вниманието се насочува кон македонското прашање, што ги заострува се повеќе односите меѓу Софија и Скопје.

Вашингтон се повеќе го губи трпението кон Софија, а самите американски политичари предупредуваат Руското на влијание кое е насочено кон Југоисточна Европа. Особено кон земјите на НАТО, како што е Бугарија, која не сака пак да постапува по амариканкиот закон со кој се забранува патување и замрзнување на имотот на лица кои се обогатиле со корупција и кршење на човековитте права.

САД се гневни откако бугарското обвинителство се изјасни дека санкциите спроведени според американскиот закон се нивно административно-политичко средство што не произведува задолжително правно дејство во Бугарија. Исто така, САД се гневни поради непреземањето санкции за корупција од страна на јавното бугарско обвинителство спрема лица кои се на листата на Канцеларијата за контрола на странски имот на американското Министерство за финансии (ОФАЦ).

Инаку овие лица кои се најдоа на листата за санкции, како што тврди амарикански политичар, уценувале со материјали добиени од фиоките на обвинителството.

Според американски конгресмен, обвинителството стана „оружје“ во рацете на организираниот криминал и корупцијата, што претставува сериозен проблем за стабилноста на важен сојузник на НАТО и за балканскиот регион воопшто.

Имено, клучните државни инфраструктурни компании и одбранбени фирми продолжуваат да соработуваат со руски банки и луѓе под американски санкции. Поради раширената корупција, недостатокот на слобода на бугарските медиуми и политизација правосудног систем се загрозија односите помеѓу САД и Бугарија. Се смета дека изјавата на конгресменот е само најава за санкции за постапките на лица од обвинителството, бугарскиот суд и т.н.

Слична е и состојбата во Македонија.

И тука организираниот криминал и корупцијата во високите кругови претставува рак рана за безбедноста на државата, регионот и пошироко, поради што САД веќе реагираше преку својот амбасадор. За да се „смири“ стратешкиот партнер, владеачките партии СДС и ДУИ набрзина организираа спектакуларно апсење на цариници и полицајци  на граничниот премин Табановце.

Праку оваа акцијата власта се обиде да покаже дека постои борба против корупцијата во земјата, потоа да го сврти вниманието на јавноста од аферите на високи функционери, како и од се поголемите политички неуспеси на актуелната власт, 

Но, и покрај тоа се очекува дека некои личности од земјата нема да можат да избегнат да се најдат на листата на лица кои се обогатиле со корупција и кршење на човековитте права, што пак на пролет, пред предвремените избори можеби во двете земји ќе доведе до ново заоштрување на односите на релација на двете земји.

Сепак, кога тогаш, Софија и Скопје ќе мора да одговорат на барањето на Вашингтон поврзани со корупцијата и да ги смират тензиите кои ја згрозуваат безбедноста на јужното крило на НАТО.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.