Четврток, 05 Јануари 2023   
Разбудетесе Македонци!

1erni

Драги браќа и сестри!

Денес имаме сопствена држава, заедничка татковина за сите Нас, да се бориме да биде подобра за живеење, а не да ја обезличуваме и омаловажуваме.

И во минатото имало одродници кои зад грб  ни работеле да ја обезличуваат нашава татковина. 

За одродниците идеологот Гоце Делчев ќе каже: „Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа...“

За жал и денес има такви кои од преголема алчност за евра или долари, распродаваат се’, име, историја, идентитет,...како Македонија да е на сточен пазар.

Ајде да си претпоставиме, како би реагирале нашиве соседи кога би имале и тие вакви синови-изроди како кај нас, на кој начин би се справиле со нив кога и тие би имале вакви тешки времиња како и кај Нас, да им биде оспоруван идентитетот, да ги кодошат и да застапуваат туѓи интереси, а не интересите на сопствената држава и народ?

Во едно сме сосема сигурни, кај нашиве соседи медиумите, младите, народот, јавниот обвинител, веднаш би реагирале и би ги осудиле за предавници, изроди и би ги осудиле за Велепредавство.

Зошто неможеме и Ние така сложно да реагираме?

Kаде се нашите медиуми?

Каде се нашите Интелектуалци?

Каде се нашите историчари?

Каде се нашите бизнисмени?

Каде е МАНУ?

Каде е МПЦ-ОА?

Зошто не реагира јавниот обвинител?

Зошто младиве мудро молчат, седејќи по кафеани и пред компјутери?

Сите немо ги гледаме, а некои и несвесно ги подржуваат?

До кога ќе бидеме безгласни и толерантни спрема внатрешните квислинзи?

Ајде да реагираме сите сложно?

Мили наши браќа и сестри, мораме да бидеме сплотени и енергични!

Тоа го бараат тие што не се повеќе меѓу нас-жртвите кои го дале сопствениот живот за Македонија.

Мораме  да се сплотиме и  затоа што тоа го очекуваат од нас нашите деца и внуци.

Тоа го очекуваат и нашите во Дијаспората.

Тоа го бараат и нашите браќа и сестри во соседните држави.

Тоа го бараат сите граѓани во Македонија.

Да се сплотиме сите како еден, без разлика на вера и нација, без разлика дали сме леви или десни по политичко убедување. Се работи за сите нас, сите сме жртви на оваа ненаситна власт.

Ако се сплотиме против ова зло кое е надвиснато над нашата држава, Македонците распослани низ целиот свет и во соседните држави, со солзи радосници искрено ќе се израдуваат.

Сплотени да изградиме општество достојно за живеење за сите Нас, без криминал, без корупција, без национални предавства,... 

Единствен можен излез од оваа катастрофа во која е втурната нашата заедничка држава, предводена од СДС и ДУИ е да се сплотиме и Предвремени Парламентарни избори, час поскоро.

Предвремени Парламентарни избори се неопходни затоа што оваа влада е неспособна да ги решава виталните интереси за сите Нас во нашава заедничка Македонија.

Анкетите кои што ги гледаме во јавноста, граѓаните не се задоволни од начинот на кој што се движи државата, и бараат промена на оваа власт, граѓаните сакаат промена на власта. 
 
ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот Христијан Мицкоски, има план за надминување на кризата која ја создадоа ДУИ и СДС.

Доста е, сеуште не е прекасно и не е се’ загубено. 

Македонија е едно име, една идеја, една желба, на цел еден народ на една многу напатена татковина.

Македонија, ова прекрасно од Бога дадено парче земја на нашава планета, има место за сите Нас!

За нашата заедничка Библијска Македонија се работи!

1dragan1

Унија на Ветерани-ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.