Среда, 11 Јануари 2023   
Време е Македонците да ги земат работите во свои раце!

1svekrva Свекрва

Време е Македонците да ги земат работите во свои раце!

Настаните на северот од Косово, изјавата на првиот човек на Република Српска Милорад Додик дека е време сите Срби да живеат во една држава, како и поканата на Еди Рама до албанските партии од Македонија да дојдат на неформална средба во Тирана најавуваат жешка и тешка година на Балканот. Поради сервилноста на СДС кон ДУИ, со чија помош засега се оддржува на власт, како и политиките кои ги водат овие две партии на власт, се доведува во прашање иднината на земјата.

Меѓународното право одамна не постои. Во светот владеат двојни стандарди, политика на сила и лицемерие. Големите сили со помош на локалните вазали уништуваат држави, покоруваат народи за да ги користат нивните ресурси.

Војната во Украина ја покажа мрачната страна на глобализмот, а ОН кои живеат од средствата добиени најголем дел од големите сили е немоќен да се справи со неправдите кои се прават врз помалите и немоќни членки насекаде во светот.  

Правото на посилниот одамна се чуствува на Балканот. Тоа го почуствуваа сите држави кои  произлегоа по распадот на Југославија во деведесетите години од минатиот век. Сепак, најизложени се државите каде има славјанско православно население: Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ и Косово. Имено, виден западен политичар пред некоја година ќе изјави дека за нив поголем проблем се православните христијани отколку муслиманите.

Првото жариште на Балканот е Косово. По предновогодишните провокации на властите во Приштина и српските барикади на Северот на Косово, потоа и поновогодишните ранувања и претепувањето на српски момчиња, како и протестите во Штрпце, Србија врз основа на Кумановскиот договор од 1999 година и Резолуцијата на ОН побара да врати 1000 војници на Косово за да го заштити српското население. Меѓутоа,  КФОР на Божиќ достави одговор со кој го одби барањето. Негативниот одговор испратен на најголемиот христијански празник Божиќ, има голема симболика и доволно кажува за односот на Западот кон Србите, односно кон православното христијанско население на Косово.

Покрај Косово, потенцијално жариште за Западот е и Рапублика Српска во БиХ. Првиот човек на Република Српска Мирослав Додик, по повод 9 јануари - Денот на Република Српска и 31 година од нејзиното постоење, чие славење е оспорено, испрати повик за обединување на БиХ со Србија. Тој ќе истакне дека: „мора да го искористиме ова време за обеднивуање на српскиот народ. Дојде време кога е можно да се размислува за Србите да живеат во една држава“.

И Македонија не е исклучена од настаните на Балканот. Нејзината улога е иста како во минатото. Бидејќи немаме салам политичари и соодветен одговор за настаните во соседството, таа пак преставува монетата за поткусурување. Албанските партии во земјата наместо да му помогнат на македонскиот народ да се справи со проблемите, со поддршка од надвор ја вртат водата на својата воденица. 

Имено, случувањата на Косово, желбите на Србите во БиХ, можноста од промена на уставот или предвремени избори во Македонија, ги мобилизира Албанците. Премиерот на Албанија Еди Рама неформален лидер на Албанците во регионот ги свика на неформална средба во Тирана. лидерите на албанските политички партии само од земјата: Али Ахмети (ДУИ),  Арбен Таравари (Алијанса за Албанците), Билал Касами (Движењето Беса), Африм Гаши (Алтернатива) и Мендух Тачи (ДПА). Иако, тие велат дека се работи за новогодишна средба, отсуството на преставници на македонскиот народ мора да значи дека се подготвува нова Тиранска платформа.

На средбата беа присутни лидерите на сите политички партии на Албанците освен првиот човек на Беса, Билал Касами, кој, иако беше поканет не присуствуваше на средбата.

Целта на Македонските Албанци е јасна. Тие сакаат уставни измени и федерализација на земјата. На тоа им оди во прилог и барањата на САД и ЕУ, за промена на Уставот со цел Бугарите да влезат во него. За да ги спроведат своите цели кои се во согласнот со барањата на нивниот стратешки партнер САД, Албанците мора да се сплотат преку нова Втора Тиранска платформа. Но, доколку дојде до вакви промени во Уставот Македонија ќе има негативни последици по територијалниот интегритет. Земјата ќе се соочи со барања кои водат до поделби и може да исчезне меѓу Албанија и Бугарија.

Иако отварањето на Уставот крие опасност по македонската држава, домашните марионети упорно работат на тоа. За да ја спроведат зацртаната задача го користат странскиот фактор. Се очекува и советникот на Стејт  департментот Дерек Шоле да дојде во Македонија, наводно со фокус на борбата против корупција, енергетика и економијата. Меѓутоа, позадината може да биде сосема друга, да се озврши притисок за промена на уставот.

Сепак односот на Албанските партии најмногу загрижува, Тој е спротивен на клетвата за верност дадена уште во 1887 година.

Имено во дел од Апелот на „Албанско-македонската револуционерна лига“ се вели: „Ние не сакаме Албанија и Македонија да паднат под власта на Бугарија или Србија или Грција. Но ние сакаме на Македонија и на Албанија да им се даде автономија, дури и во тој случај ако останат тие под власта на Султанот....Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците, макар што при тоа ќе се зачува врховната власт на Султанот. Од името на „Клетвата за верност на Албанија" ви се колнеме во точноста на се што е изложено во овој документ.“

Но, наместо погоре кажаното, денес со Македонија раководи Али Ахмети, лидерот на ДУИ, а  Македонците се нивни измеќари. Ситуацијата е скоро исто како за време на Втората светска војна. Со помош на големите сили, од една страна, притискаат Албанците од друга Бугарите.

Ваквиот фашистички притисок врз македонскиот народ бара и антифашистичка борба.

Како што имавме Трет Илинден, сега има потреба од нов Четврт Илинден, како и „Трет АСНОМ“ на кој ќе присуствуваат сите Македонци од Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија, како и Македонците од Албанија и од дијаспората.

Време е Македонците да ги земат работите во свои раце и време е секој што им згрешил да поднесе рачун и да си ја плати сметката!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.