Недела, 15 Јануари 2023   
Ламбе Арнаудов: АКО САМИТЕ НИЕ НЕ ЗНАЕМЕ КАКО ДА ОДИМЕ КАДЕ ШТО САКАМЕ, ДРУГИТЕ ЌЕ НÉ ОДНЕСАТ ТАМУ КАДЕ ШТО НЕ САКАМЕ

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Секоја ДРЖАВА, од било каков вид политичка творба да е, и кој општествено политички систем да практицира, мора во себе да поседува нешто недостапно за никого, ТВРДИНА неосвоива од никој, што се вика ТАТКОВИНА.

Ако само макар еднаш ја отвориш вратата на таа ТВРДИНА засекогаш ќе останеш отворен, гол пред сите и лесен плен за секого. Дури и за многу полоши, послаби и помалку вредни кои не ја направиле твојата грешка ами останале затворени и со тоа неосвоиви.

Тогаш, со својата наивност и непромисленост која се изедначува со предавство ќе го доведеш својот народ во ситуација да мисли дека ќе може соголен да се сокрие и зад тревка.

Секој народ е чесен особено МАКЕДОНСКИОТ и секогаш и во минатото и сега и во иднина ги плаќа своите долгови, но не може да ги издржи и плати за туѓите слабости, гревови и предавства.

Каде погрешивме?

Давањето доверба, поточно речено узурпирање на власта од еднооки политичари ПОЛИФЕМИ кои безглаво втурнати, загубени и удавени од сопствена неочекувано добиена неограничена моќ многу брзо го изгубија и тоа око што го имале. Ај што тие ослепеа, го обневидоа и целиот свој народ.

Потоа на итрецот “ОДИСЕЈ“ и дружината лесно им беше со помош на ОВЦИТЕ од ослепениот стопан да ја завршат својата мисија против нашата татковина која ОВЦИТЕ домашни на ТВРДИНАТА  направија поголема врата ширум отворена од самата ТВРДИНА.

Сега за нас највпечатливо се однесува и важи онаа позната изрека на владетелот Агрипа, кој кога ја здогледал портата поголема од градот и им рекол: “Затворете ја портата да не ви избега градот (за нас ТАТКОВИНАТА)“

Со ретки исклучоци целиот историски од кон целосна и општа признатост, самостојност и државност нé воделе политичари кои несебично прифатиле да им служат на нарачателите ветувајќи им дека ако на својот народ им ги извадите двете очи вас ќе ви оставиме по едно, а нашите две ќе останат недопрени и неповредени.

Тоа едно око кај нашите ПОЛИФЕМИ сега нема да го изгубат, ама ќе гледаат само накај лошата страна, чунки од благодарност што не останале слепи на двете очи.

Народот? Кому му е грижа за народот. Тој сега без вид можеш да го носиш каде што сакаш, но никако каде што сака тој туку другите ќе нé однесат каде што не сакаме.

Дека ова е апсолутно точно  јас нема да докажувам и наведувам факти. Современици сте и сите ова го знаете и за жал немо го гледате.

Воопшто не е тешко да се спознае вистината.

Само направете сериозен преглед на настаните, вклопете ја фактографијата и ќе ви стане јасно.

Кога се направени најголемите предавства и разорување на македонската држава и народ, кога се понижени, растурени и избришани државните атрибути на ТВРДИНАТА МАКЕДОНИЈА, знаме, име, идентитет, јазик, историја, култура, религија, наследство, промена на територијалната и етничката анатомија, менување на имиња на улици, институции, државни патишта, спортски, културни, државни установи и што е најидиотски промена на лични податоци во кои сега за скоро ќе доминираат специфичности кои од умен, разумен и домаќин човек ќе направат дегенерик.

Сите овие глупави изданија и едиции на целокупното политичко творештво на тупите политичари ПОЛИФЕМИ се од двајца претседатели на држава од редовите на СДС, еден претседател на собрание од СДС (трансформиран) и еден нелегално избран и четворица премиери исто од кого ако не од СДС.

Секако со голема и несебична поддршка од други политичари на кои не им личи да им се придружат затоа што со тоа што дотогаш се претставувале, а сега што ги прави најголеми грешници и предавници на својот народ и татковина.

Но, промените доаѓаат!

Промените ги почнуваат интелигентни и решителни луѓе со цврсти гледишта, константен карактер, принципи, начела и критериуми што се по волја на народот и граѓаните.

Промените доаѓаат со ВМРО-ДПМНЕ.

Промените доаѓаат со ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.

Затоа и се плашите од ХРИСТИЈАН.

ХРИСТИЈАН е иднината, вие сте минато.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ со ВМРО-ДПМНЕ ќе нé однесат таму каде што сакаме ние, а не каде што другите со ваша помош нé носевте каде што не сакаме.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ тоа го направи со ВМРО-ДПМНЕ  и сите ВМРОВЦИ нé однесе таму каде што сакаме.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ несомнено ќе ги однесе МАКЕДОНИЈА и македонскиот народ каде што сакаме сите граѓани освен неколкумина политичари ЛИЛИПУТАНЦИ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.