Среда, 25 Јануари 2023   
Владата на СДС е многу повеќе на Бугарија и Албанија отколку на Македонија

11svekrva Свекрва

Загрижуваат зачестените провокации против нашата земја

По претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид, бугарските власти со воен авион го префрлија на лекување во Софија, каде се оддржаа и протести. По овој повод од страна на власта и народот во Софија беа искажани невистини, загрижувачки пораки, кои создаваат омраза меѓу двата народа. Ако е ова изолиран инцидент, па и да се премолчи заради заканите со вето на Македонија за членство во ЕУ. Меѓутоа, загрижуваат зачестените провокации против нашата земја, како кај нас дома, така и во Бугарија, како и отсуството на одговор на одговорните македонски институции.  

Покрај инцидентот со секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, кој Софија го користи за правокации и уцени на македонските власти, не така одамна, за време на одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева во центарот на Скопје, се слушнаа и повици кои се синоним за „Голема Бугарија“. Бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, во својот говор порача дека нема да дозволи „денационализација на Бугарите во Македонија“. Истиот, среде Скопје ќе повика обединување на двете држави, бидејќи како што пишува на социјалните мрежи тоа е „еден народ, две држави“.  

Исто така, на настанот присуствувал и бугарски пратеник и лидер на политичката партија Преродба-Костадин Костадинов за кого од владата претходно оценија дека е непожелен во земјава, поради неговите изјави искажани јавно повеќе пати кои содржат и територијални претензии кон Македонија. Да не заборавиме и на „изјавата на поранешниот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов кој во интервју за бугарското радио Дарик пред неколку години рече дека доколку е потребно, во Скопје ќе го испрати инженерскиот полк за да отстрани дел од спомениците“ (кои се дел од македонската историја – н.з.). 

Сепак, изјавата на шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, дека „во Македонија се враќаат црните традиции на палење, стрелање и насилство врз луѓето“, додека покрај него стоеше неговиот македонски колега Бујар Османи, праставува врв на лицемерието на Софија, која очигледно не може да се ослободи од Санстефанскиот сон и од теретот на минатото-од вината за стрелањата, тероророт, палењата и грабежот извршен врз невиното население во Македонија за време на Првата и Втората светска војна.

Софија како да сака да се избрише од колективната меморија за тоа кој е виновникот за масакрот во прилепското село Долгаец извршен за време на Првата светска војна, као и за холокаустот на Евреите во Македонија, стрелањето во Ваташа и другите злосторства извршени за време на Втората светска војна. Нивните официјални лица и гласноговорници континурано се обидуваат вината да им ја препишат на Македонците. 

За жал, иако македонскиот министер Османи беше покрај шефот на бугарската дипломатија Н. Милков, додека ги изнесуваше ваквите обвиненија, како и досега не одговори на оваа правокација. Наместо да ја брани земјата која ја преставува у од која прима плата, тој само вети дека „отсега влезот во Македонија ќе му биде забранет на секој што го навредува македонскиот народ“. Но да видиш да не веруваш. Имено, бугарскиот пратеник Костов никој не го спречи да влезе во земјата иако за власта е непосакувана личност заради неговите изјави. 

Поради ваквото однесување на власта, реагираше и опозициската ВМРО- ДПМНЕ од каде се прашуваат уште „колку навреди треба да кажат бугарските политичари кои Бујар Османи може да ги поднесе и премолчи?“  Според најголемата опозициска партија „Владата на СДС е многу повеќе на Бугарија и Албанија отколку на Македонија“.

Сепак не е тоа само чуство на ВМРО ДПМНЕ, туку и на целиот народ, кој заради постапките на СДС и ДУИ (Преспанскиот договор, Договорот за пријателство со Бугарија, Законот за употреба на јазиците, Тиранската палтформа 1 и 2 и др.), почна да ги гледа како гробари на Македонија. 

Ваквиот однос на владеачките партии кон македонскиот народ и националните интереси, особено на нивните лидери кој отворено посегнаа и по слободата на говорот, апострофирајќи неколку медиуми како непријателски (Алфа, Телма, Мелма! ...),  само уште повеќе ја зголемуваат омразата и предизвикуваат етнички тензии. Тие отворено говорат дека има некој нешто против албанското и бугарското малцинство во земјата, иако билтените напротив говорат друго, дека припадниците на македонското мнозинство се потиснати и станаа граѓани од втор ред во сопствената држава.  

Дискриминацијата која оваа влада ја прави према Македонците, а која е пропратена со несанкционирање бидејќи законите не важат за сите подеднакво, имено само за одредени малцинства, станува неподнослива состојба и лесно може да се радикализира. Изгледа тоа се сака, за да некој интервенира или побара интервенција  од соседите. 

Ова е само почеток и во иднина се очекува со понови сценарија за затегнување на состојбата. Македонците наместо да се иселуваат и да бегаат од проблемите треба да се обединат и да ги избркаат гробарите на Македонија за да ги сочуваат своите вековни огништа.

Предвремени Парламентарни избори се спасот од оваа антимакедонска влада.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.