Среда, 03 Мај 2023   
Односот на бугарските влади кон Гоце Делчев

1DOOM Македонска нација

Гоце Делчев бил пречка Софија да ја стави Внатрешната организација под своја контрола.

Обид на бугарската влада да ја стави Организација под контрола уште во 1898 година, ќе доведе до против ставување на задграничните преставници Ѓорче Петров и Гоце Делчев. Во своите „Спомени“, Ѓ. Петров за односите со бугарската  влада ќе го наведе следното:  

...Кога дојдов во Софија (за задграничен преставник), работев заедно со Делчев на другарски основи, без секакви формални расределби...Откако примивме 4043 пушки, се прекрати примањето на пушките, зошто се расипавме со владата. Ова стана, зошто владата  се обидуваше да се меша во нашите внатрешни работи. Одовде сакаше да ни се меша, да не треба да праќаме од ова оружје во Одринско; ние не се согласивме и испративме.

Стоилов (Д-р Константин Стоилов, тогашен претседател на владата), наоѓаше дека не треба во Одринско да креваме револуција, за да не настрада таму бугарскиот елемент.  Ние стоевме цврсто... „Каде има наши робје, треба да дејствуваме еднакво и да подготвуваме револуција.“ По ова прашање имав личен спор со Стоилов.  

Се обидоа да ги откријат нишките, каде го препраќаме оружјето, а ние тајно го вршевме, тоа од нив. Дојде прашањето меѓу владата и нас до отворено спротивставување. Стоилов беше готов мене и Делчев да не апси. Од ЦК му се сугерира дека слична постапка ќе се смета како посегнување врз Организацијата и дека лично него ќе го држат одговорен. Еизов беше определен да посредува за да се изглади овој конфликт. Беше натоварен од Стоилов со оваа мисија. Стоилов сакаше отворено да излеземе и против ВК (Врховниот комитет), а пак јас со Делчев ја теравме така, што никако немавме намера да ја исполнуваме оваа желба на Стоилов.  Воопшто, со еден збор станавме непријатели.“ (Спомени на Гьорчо Петров стр. 55, 57, 59-60)     

Некогашните напријатели на Делчев денес ставија орлови канџи да го присвојат апостолот на македонската револуцинерна борба Гоце Делчев кој е роден на 4 фебруари 1872 година во Кукуш, а по извршеното предавство убиен е на 4 мај 1903 во Баница. За Македонците тој отсекогаш бил и останал  национален херој.

И во Бугарија во еден период од 1945 до 1957 година се сметал за македонски национален херој. Поради неговата желба да почива во главниот град на независна Македонија, неговите коски свечано се испратени од Софија за Скопје на 7 октомври 1946 година. Со највисоки воени почести, неговите посмртни останки биле положени во црквата Св. Спас во Скопје каде долго време почиваа во мир. 

Во последно време неговиот мир е нрушен од потомците на истите оние со кои додека беше на чело на Организацијата беше во непријателски односи. Нивниот обид после толку децении да организирано да доаѓаат на неговиот гроб за да го чествуваат неговото раѓање, притоа да го присвојуваат неговото потекло и дело, преставува непочитување на Делчев и чиста правокација за Македонците, која може да има несакани последици.

Посебно загрижува фактот што за време на неодамнешото организирано доаѓање ма бугарски граѓани за чествување на Мара Бунева во Скопје на граница биле фатени и вратени бугарски правокатори спремни да направат инцидент. Имено, на 13 јануари, еден ден пред собирот на неколку бугарски здруженија во центарот на Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева, на граничниот премин Табановце, четворица Бугари биле фатени при влез во Македонија со пендреци и ножеви.

Во јавноста се изнесени податоци дека има сознанија за постоење на вооружена група од Бугарија која се спрема да дојде во Скопје по повод чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев. Дали тоа беше повод или поради други информации од страна на претседателот Стево Пандаровски беше свикам Советот за безбедност, а меѓу содветните институции на Бугарија и Македонија се воспостави соработка за спречување на било каков инцидент. 

Во тој контекст, често во медиумите може да се слушнат изјави дека позади ваквите сценарија за правокации и можни немири во Скопје стои Русија која несака да ја види Македонија, како и да го пренасочи фокусот од специјалната воена операција на Москва во Украина на Балканот.  

Сето ова станува уште по загрижувачко бидејќи Софија буквално се однесува кон Македонија како Москва кон Киев. Ако Русите размислуваат за враќање на териториите од СССР под своја доминација, Софија сеуште ја сонува Санстефанска Бугарија, што подразбира дека Македонија е бугарска земја која треба да си ја повратат. Гласноговорниците на Софија постојано повторуваат дека Македонија и Бугарија се две држави а еден народ. 

Поради ваквиот приод треба да се потсетиме на настаните во Киев во 2014 година, што е претекст за денешните настани во Украина. Имено, Виктор Јануковиќ, тогашниот претседател на Украина   во последен момент се откажа од договорот со ЕУ, за да не ги расипе добрите односи со Русија, по што стотина демонстранти беа убиени на Мајдан.  

Бидејќи Софија по се изгледа не сака да ја види Македонија како самостојна држава во ЕУ, па упорно се заканува со вето, како што Русија не сака Украина да биде дел од НАТО и ЕУ, македонските безбедносни сили кои имааат информации за можни сериозни правокации, мора да направат се за да недојде до несакани последици. 

Македонските безбедносни сили мора да најдат сили и да ги спречат криминалните структури во власта на кои би им одговарало едно вакво сценарио за да го избегнат мечот на правдата да им се спушти и на нивниот врат.   

За жал, Македонија со ваква ненародна власт е пред сериозни искушенија и народот мора да биде подготвен на се. Сепак најбезболно е оваа корумпирана власт да биде што побргу елиминирана на предвремени избори за да можат да се заштитат националните интереси.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.