|
|
Зајачето и Таќе ја продаваат Македонија на источниот сосед |
Сервилноста на нашето довчерашно премиерче (Зајачето од Муртино со потпишувањето во 2017 година со источниот сосед договорот за добрососедство и соработка и една година подоцна (2018 година) со Преспанскиот договор со Грција за промена на уставното име на Република Македонија го донесе во апокалиптично сценарио својот сопствен народ. Бугарија чекаше момент од само 5 години кога Таќе, Зајачето и нивните поданици околу нив ќе си дадат со спортски жаргон кажано автогол во водењето на актуелната надворешна политика. Па така, пред неколку дена на настан во Македонија за одбележувањето на денот на убиството на “тетовската бугарка“ Мара Бунева во македонската метропола, се вееше знамето на туѓа држава со слоганот дека “Македонија е бугарска“, и со тоа на чело бугарскиот европратеник и копретседател на политичка партија на Бугарија ВМРО – БНД – Ангел Џамбаски, придружени од членови на бугарската фондација Македонија. Македонските власти на чело со Таќе и неговата СДС – овска и коалициска (ДУИ) предавничка елита во прв момент не покажаа знаци на вознемиреност. Но кога заканувачките пораки од источниот сосед зедоа поголем замав. Имено, на сцена стапи претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски кога го свика советот за безбедност и од кој се “изродија заклучоци“ да се прогласи Џамбаски и други личности од источниот сосед за непожелни личности во нашата земја. Во оваа прилика се прашувам каде се челниците на европскиот парламент на оваа провокација на буграскиот европратеник Џамбаски. Вториот случај е претепувањето во Охрид на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб каде првиот командант на МВР Олио нагласи дека со овој потег на повидок е хибридна виојна против Македонија. Со оваа изјава бугарските политичари се кренаа на нозе и испратија бугарски авион да го “однесе“ дотичното лице на лекување во Бугарија. Нашите власти пак беа пасивни со дадена изјава дека кај Пендиков од страна на МВР се пронајдени недозволени пуштени во употреба дрога и прекусори од страна на дотичното лице. Значи може да претпоставиме дека тепањето на Пендиков не е од политички побуди, туку, истите се потикнати од подземјето со мешетарењето на дрога. Иронијата да биде уште поданичка и предавничка, Македонскиот министер за надворешни работи веднаш замина во Софија да го посети повредениот Пендиков. Го посети но за жал, доби жолт картон од својот бугарски технички министер за надворешни работи Милков. Повторно бугарските политичари и забревтаниот бугарски народ организираа протести пре македонската амбасада во Софија каде извикуваа македонија е бугарска. Иронијата да биде уште поголема бугарското МНР го повика бугарскиот амбасадор во Скопје на политичко советување во неговата матична земја. Последно од серијата на Џамбаски и неговите поданици е доаѓањето во Скопје во сабота (04.02.2023г.), на голем број бугари за да чествуваат и положат цвеќе по повод раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев. Но Бугарите треба да знаат дека Гоце Делчев е роден во Егејска Македонија, а ако сакаат да го слават треба да одат во Кукуш каде што е роден Македонскиот великан Гоце Делчев. Исто така, пред да дојдат во Скопје да поминат во Ваташа каде бугарските окупатори ликвидирале голем број недолжно домицилно македонско население. На крајот бугарите треба да ги реализираат пресудите од стана на европскиот суд за човекови права за македонците во Пиринска Македонуија. Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски Новинар и поранешен одбојкарски судија од Прилеп |