|
|
Александар Џеповски : Среќен роденден Гоце, уживај горе, доле е пекол |
Александар Џеповски
Тие истите што те предадоа и сигурен сум нивниот куршум, никако аскерски кој те усмрти на млади години, ете сега креваат галама нивни си бил, беља работа.
Знам дека горе последниве 120 години имаш размислувано многу и се каеш што ете си бил учител по Бугарски и што си јадел нивни леб. Па добро ете вака и јас сум бил привремен учител по српско - хрватски во Австралија, сум примал пари од австралската влада па рака на срце ниту сум Србин, Хрват или Австралец ... исто такви случаји има еден куп милиони низ цел свет, ама ете САМО ТИ и не верувам друг, си класифициран и маркиран како нивни, демек Бугар. Страшно Гоце, многу страшно. Ова веќе преоѓа во сериозна работа и не се поднесува повеќе. Тешко ти е тебе, тешко ни е на нас но најтешко е на Мајка Македонија.
Овие споредбени анализи се за Гинисова книга на рекорди и има непредвидливи и несакани последици. Со луѓе ќе се разбереш некако, со животни полесно ама со Бугарите - НИКАКО !!! Се што е Македонско присвојуваат, црква, име, азбука, историја, такви како тебе од Самоил па до кој знае кога ...круната Архиепископска, абе лудница е ова Гоце, ептен е работата излезена од колосек.
Имаме молба Ние Македонците до тебе Гоце. Прашај го Севишиот до кога ова ќе трпиме од нив и дали може ти или Тој или било кој да ни даде некој ишарет за денот долго очекуван ? Почнуваме веќе да се нервираме и ова нивното е безобразлук невиден. Издржавме 500 години турско ама ова татарското не се трпи повеќе.
Прими ги нашите честитки, солзи, јадови и маки и не се секирај, ќе ја средиме некако работата самите ние овде на оваа земја каде царува пеколот а на небото рајот. Ти си бил, си и ќе бидеш гордост наша Македонска и ти се колнеме дека Егеј и Пирин ќе ги вратиме па да се треснат од земја сите душмани.ЕДНА Е МАКЕДОНИЈА, ЕДЕН Е ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ЕДЕН Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КОЈ ДОЛГО ЌЕ ЖИВЕЕ И ЌЕ СОЗДАВА ЈУНАЦИ КАКО ТЕБЕ.
АМИН !!! |