Сабота, 04 Февруари 2023   
Ламбе Арнаудов: НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ! КОЈ СОН ГО СОНУВАШ?

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Еден од најголемите борци во историјата за правата и слободата на својот народ, признат патриот и родољуб кој повеќе од 35 години од својот овоземен живот го провел во затвор, од кои последните 17 ги прележал, неподвижен, тешко болен во болничка постела во затворското одделение,  во стационар, пред да се пресели неговата благородна душа на небото, го прашале, помалку недоветно, очекувајќи хедонистички одговор:

Што ќе посакаш и како би го поминал времето, доколку повторно само 24 саата бидеш слободен и потполно здрав?

Одговорот што следел, бил многу едноставен и полн со благородни пораки за пристојните, паметни луѓе, а шокантен за глупите, заробени во својот телесен оклоп простаци, до невидени размери.

Еве го одговорот:                                                                                                                                 

Прво сакам мојата ЧЕСТ да ја сочувам и по смртта, а на другите да им ја подарам СЛОБОДАТА, оти СЛОБОДАТА е есенција, НЕКТАР напиток, најскапоцен дериват, што произлегува од ЧЕСТА. 

Второ, мојата СОВЕСТ изворно екстремно чиста и никогаш непоматена, не сакам на другите да им ја пренесам ни доброволно, ниту насилно, зошто СОВЕСТА е ексклузивно право и сопственост, различна во целост на секој поединец.

СРАМ голем ќе е за мене, кој никогаш не попуштив и не прифатив наметната, искривена, групно создадена совест врз мојата ЛИЧНА СОВЕСТ.

Трето, начинот, практикувањето и избликот на мојот патриотизам и родољубие, нека остане таков само за мене и не сакам да го наметнувам УНИФОРМИРАНО за сите. Но, сакам сите луѓе на свој начин да бидат патриоти и родољуби да го сакаат својот народ и татковината зошто ако тоа го немаат во своите срца и души, таман и да се опсипани со сите овоземни потрошни богатства, ќе немаат НИШТО.

И четврто, НАЈВАЖНО. ЉУБОВТА, не рангирана, не градирана, неделива, едноставно еднаква кон сите луѓе упатена од МЕНЕ е чиста како сребро седумпати прочистено кое е отпорно на секаква инфекција.

Жалам, што некој помислил дека мојата ЉУБОВ се претворила во ГНЕВ и ОМРАЗА, во овие, за многумина страдања и чемер, низ казаматите и болничките кревети.

Сакам сите луѓе да се наоружаат со ваква БОЖЕСТВЕНА ЉУБОВ еднакво споделена кон секого, дури и така јасно искажана према вашите непријатели ако ги имате, како јас што подарувам мојата ЉУБОВ дури и кон моите стражари, судии неправедни и МАЧИТЕЛИ.

Проштевајте ми, ако со мојот одговор некого разочарав, и мирно со насмевка ја препуштил својата душа на Ангелите кои дошле по него.

Почитувани браќа и сестри! МАКЕДОНИЈА, нејзината благородна почва, родна и бериќетна со стотици илјади вакви синови кои се раѓаат постојано, не на хектар туку на еден кутел (333 м2), се раѓал, се раѓа и ќе се раѓа и понатаму, секој со својот сон посебно за остварување на заедничкиот милениумски СОН. СОН на нашиот најголем трибун и државотворец СИН МАЈКИН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ кој го чествуваме не само денес на неговиот роденден туку секој ден, секој миг.

Не така одамна, нашиот почитуван ЛИДЕР ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ изјави:

“НЕ МУ ГО ЗЕМАЈТЕ СОНОТ НА НАРОДОТ“

Тоа е СОНОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ. СОНОТ на ХРИСТИЈАН, сонот ТВОЈ, сонот мој, наш заеднички, сонот ВМРОВСКИ, тој е единствен и вистински СОН – СЕНАРОДЕН, СЕМАКЕДОНСКИ.

Сите СОНИШТА се остваруваат особено ваквите благородни. Само што понекогаш треба да направиш мала жртва, пример, да ги собуеш чевлите и да одиш и по мраз и по жежок песок. Едно е да гледаш зима низ затворен прозор од топла соба, сосема друго е чувството кога ќе ги отвориш прозорите. Тогаш си ВИСТИНСКИ!

Следи го својот СОН, следи го ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, оди по патеките на ВМРО-ДПМНЕ. Чувај го и шири споменот на ГОЦЕ. ПОЧИТУВАЈ ГИ жртвите кои ги положиле животите пред олтарот на нашата МАКЕДОНИЈА и никогаш да ја преиспитуваш својата совест дали си на добар пат. Тогаш СОНОТ и само така станува реалност. Ти си човек кој има право да сонува, и не си борчлија ни на премиер, претседател, министер, ни обвинител, неук и корумпиран судија. ТИ СИ слободен ЧОВЕК, од сé и од секого освен од твојата ТАТКОВИНА.

Сите ние ѝ должиме на ТАТКОВИНАТА, само таа никому не е должна. И, што и да направиш за НЕА никогаш не е доволно.

МАКЕДОНИЈА СÉ што има сме НИЕ, слободните ГРАЃАНИТЕ. ДА НЕ ЈА ИЗНЕВЕРИМЕ.

Уживањето во слободата заедно со предавници е најголемо ропство.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.