Среда, 08 Февруари 2023   
Софија го сака Гоце, но не ја почитува неговата премиса!

101svekrva Свекрва

озната мисла на еден од најголемите македонски револуционери Гоце Делчев „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“ ќе биде ѕвезда водилка на македонскиот народ. Тргнувајќи од неа македонскиот народ ги признава помалите заедници и заеднички го гради животот на македонската земја. За разлика од македонскиот народ, Бугарите сакаат да го присвојат Гоце но не ја почитуваат оваа негова премиса. Наместо признавање и почитување на македонскиот народ, неговата историја и култура, наместо постоење на културен натпревар меѓу двата братски народа, бугарските преставници едноставно се натпреваруваат кој повеќе ќе го навреди и негира постоењето на Македонците.

Негирањето на Македонците го прават континуирано официјални бугарски преставници, дури и нивни европреставници, како од дома, така и при посета на Македонија, притоа не водејќи сметка за гостопримството и законите кои владеат во Македонија. Последното тоа го направија по повод чествувањето на 151 годишнината од раѓањето на македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Откако бугарски правокатори не успеа да ја преминат границата и да дојдат на гробот на Делчев, поради падот на системот на граничниот премин Деве Баир, тие направија инцидент на границата и упатија серија навреди, недостојни за сосед кој ни од далеку не сака да го почитува Договорот за пријателство.

Нивното оспорување преставува обид за културен геноцид врз македонскиот народ и отворени аспирации кон македонската терторија. Бугарите како да ги заборавија историските поуки и време на Балканските, Првата и Втората светска војна. Денес кога соседот се однесува како фашистите од Втората светска војна, кога со сите сили се труди да направи културен геноцид врз македонскиот народ, повеќе отколку што е потребно треба да се потсети на сопствената вина за холокаустот на Евреите од Македонија.

Обидот на Софија да го негира холокаустот на 7.144 македонски Евреи, спроведен од бугарските окупаторски сили за време на Втората светска војна, и истиот да им го препише на македонскиот народ е подол и нечовечен коцепт. Нив не им помога ни оправдувањето за спасот на Евреите од Бугарија.

Софија заборави дека споменикот на цар Борис Трети подигнат по овој случај, беше тргнат од изралските власти откако ги видоа приложените документи за виновникот за холокаустот во Македонија, јужна Србија и дел од Егејска Македонија. 

Ако 4 фебруари беше ден кога се слави роденденот на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, кој нема ништо заедничко со бугарската држава, тогаш 27 јануари беше ден кој ОН го означија за сеќавање на холокаустот, ден за потсетување и проучување на холокаустот и геноцидот, единствено зло кое не може да биде оставено на минатото и заборавот. Тоа е ден кој треба да ги потсети властите во Софија за она што го направиле за време на Втората светска војна, како и за последиците кои ги носат до ден денес.

Од холокаустот ќе произлезе и Универзалната декларација за човековите права, каде доследно стои дека „признавањето на вроденото достоинство, и на еднаквите и неотуѓиви права на сите членови на човештвото се темелите на слободата, правдата и мирот во светот.“

И покрај ова, правата на македонскиот народ не се почитуваат. Непочитувањето и омаловажувањето на човековите права на Македонците е резултат на варварски постапки, како во минатото така и сега и преставува навреда за човековата совест. 

Иако човековите права се заштитени со закон, сепак македонскиот народ се соочува со оспорување на името, идентитетот, јазикот и културата од страна на соседите, и се поддржани од пријателски земји од меѓународната заедница.  

Оттука, и покрај Конвенцијата за спречување и казнување на злочините за геноцид, која спаѓа во корпусот на најзначајните документи на меѓународната заедница, што е резултат на искуствата од Втората светска војна, сепак со поддржка на лица од источниот сосед сведоци сме на отварање на културни клубови кај нас кои носат имиња на лица кои биле или ги подржувале  фашистите.  

Бугарија не сака да се помири дека била на страната на силите на Оската, дека извршиле злочин и дека ја загубила војната во Втората светска војна. Меѓутоа за подобра иднина, Бугарија мора да се помири со вистината, да ја прифати вината и да им се извни не само на жртвите од холокаустот на Евреите, туку и за културниот геноцид извршен врз македонскиот народ.

Бугарија мора да престане да ја продолжува оваа вековна практика ако сака мир на Балканот и ако сака да опстане како држава. Софија мора да извлече историска поука дека Македонија мора да ја остави на мира и да и помогне, бидејќи секогаш кога се фатиле за да го реши македонското прашање во своја корист изгубила и платила висока цена.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.