Среда, 08 Март 2023   
Македонците се заслепени од европските мудрувања!

1svekrva Свекрва

Македонскиот народ нема никаква корист од прилагодувањата на барање на Грција и Бугарија, бидејќи војната помеѓу Русија и Украина ќе доведе до промени на ЕУ и НАТО. Се дотогаш додека не се случат целосни промени, Брисел и Вашингтон ќе одолговлекуваат, ќе мудруваат, а членството на земјата на ЕУ ќе биде доведено во прашање.

И покрај неизвесната иднина и презирот од својот народ поради промена на името, македонските политичари за жал, продолжуваат со тргување со националните интереси. Нашите политичари-трговци, заради лична корист, лесно се откажуваат од својата народност и продолжуваат со брборења за европска иднина доколку се откажеме од своите корени.

Ваквото однесување на Македонецот било забележано и во минатото. Во 19 век, за да успее во трговијата, го учел грчкиот јазик и се преставувал дека е Грк.  Во тоа време поимот „Грци“ освен етничка, означувал и класна припадност. Односно за „Грци“ биле сметани сите поситуирани МакедонциБугариВласиАлбанциСрби и др. Од друга страна, пак, сите сиромашни селани (прости), дури и етнички Грци, биле нарекувани „Бугари“ (вулгари).

Бугаринот Стефан Захариев (1800 – 13. IV 1871), кој активно соработувал со голем број весници со написи за текот на црковните борби за протерување од неговиот град на грчките свештеници на Цариградската патријаршија. ќе забележи и за однесувањето на Македонците. Тој тогапните Македоци ги шоврзува со античките и вели:

„Но толку сега што говоревме за свадбата на богатиот Македонец Каран, сега да го оставиме споменатиот Атинеј да докажува дека Римјаните ја прифатиле раскошноста во гозбите од Македонците и да ги нарекува варварски народи, и да ги видиме оние од сегашните Македонци кои заслепени од подзатворениот блесок на елинските мудрувања, прифаќаат да се презираат и да се откажуваат од својата народност. Затоа, по опишувањето на Карановите гозби, ми се виде времето поволно да извикам и оф: Навистина колку сме оддалечени од времето кога од сите денес наречена Елада (Грција) беше потчинета од македонската власт, и се оддалечуваше од нивната јунаштина, на нивните богати пирови, и ропски ги обожуваше...

...Според тоа, ако ни беше целта да ги опишеме зачуваните во грчките книги „Свадбарски обичаи и гозби на древните Македонци“, причината на оддалечување од предметот се состои да ја покажеме цивилизацијата на македонските Славјани, во што таа се состоела во времето на Александар (Македонски) и до каде стигнувало нивното образование, за да ги употребуваат Елините за подбив и сегашната нивна заблуда и незнаење, во кое ги фрлиле гркофенерските владици и да ги поканиме нашите родољубиви сонародници да им помогнат и морално, и материјално... “ [25 март 1870 година. Во Т. Пазарџик; Превел и напишал: С. Захариев, „Македонско пирување“, Читалиште (Цариград) I/7 (1871, стр. 214 - 216)]

Во тоа време, Македонците кои од селата се доселила по македонските градови во трговијата го употребувале грчкиот јазик. Се разбира дека неговата употреба не било затоа што Македонците се чуствувале како Грци, туку затоа што еден трговец во тоа време тешко можел да просперира не само во Европа, туку и на Балканот, без знаење на грчкиот јазик. За да моожат да просперираат во трговијата Македонците, како и другите балкански народи (Власите, Албанците и др.) не само што го учеле грчкиот јазик, па дури некои од нив  во определени околности се преставувале како „Грци“.

Меѓутоа, иако изразот „грчки“ немал етнички белег, „бидејќи не само во Унгарија, Хрватска, Срем и Бачка, туку и во другите земји на Европа под името „Грк“, пред се се подразбирале трговци, во која смисла дури и еден Евреин можел да биде „Грк“ ... сепак Македонецот барон Константин Бели од Виена, обрнувајќи се кон своте „еднородци Македонци“ укажува од опасноста на ваквото кокетирање и повикува наспроти грцизмот, да се истакне македонството на славјанското население во Македонија, како етничко разликување од Грците.“

Опомената од кокетирање која ја упатува баронот Константин Бели (7 III 1770 – 11. XII 1838) до своите Македонци во тоа време, треба да важи и денес.  Македонците не смеат со презир да се откажуваат од својата народност и треба да престанат да се додворуваат на ЕУ. Македонија не смее да дозволи заради западна поддршка да крвари за нивни интереси.

Корумпираните политичари – трговци мораат да си заминат, а Македонците треба едноставно да престанат да бодат поголеми Грци од Грците, поголеми Бугари од Бугарите, поголеми Срби од Србите или пак поголеми Албанци од Албанците. Македонецот треба да биде просто Македонец, чувар на своето вековно и големо име.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.