Среда, 08 Март 2023   
Марија Кукубајска : За денот на жената

1Marija Kukubajska Марија Кукубајска 

Во спомен на убиената партизанка Вита Поп – Јорданова. Извадоци од ракописот за младинскиот роман ВИТА, 1969, од Марија Кукубајска   

ПРЕДГОВОР

Генерал МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ, академик, МАНУ, 1973, Скопје

Во обемната  книжевна продукција со тематика од нашето револуционерно минато, односно од НОВ, еволуцијата и прогресивното движење на нашите народи пред и во текот на втората светска војна, романизираната биографија „Викторија”  преставува автентичен прилог во уметничко-документарната литература наменета пред се’ за младинско-детска возраст. Вредностите на идеите и идеалите на револуционерната свест, ентузијазмот и посветеноста на целите на борбата и револуцијата, од ослободувањето до денес, имаат масовен број толкувања во сите жанрови на нашата книжевност, книжевно-историска и револуционерно-идеолошка тематика. Романсираната биографија за Викторија Поп-Јорданова е еден од не така честите примери обработен од автор роден по војната, кој наполно се соживеал со времето и настаните на НОВ и Револуцијата.                                                                                                         Фактот што поетесата Марија Кукубајска го има завршено ракописот во својата деветнаесетта година,  додека податоците, сеќавањата и документарниот материјал го има собирано, анализирано и обработувано уште од својата школска возраст, од VI одделение, 1965, укажува на раната творечка и идејно-морална осознаеност и инспирираност на оваа наша од тогаш напредна младинка со рано пројавен поетски талент.                                                                                                                                             Улогата на авторот во презентирање на податоците се изразува во успешната примена на комбинирани методи, жанрови и стилови, при што уметничката трансмисија на историографската материја е постојано присутна, најзабележително во оние поглавја каде поетската имагинација на авторот слободно ги интерпретира и доживува автентичните мигови (трагањето на мајката по посмртните останки на својата ќерка-борец, како и миговите од убиството на Викторија од страна на контра револуционерните формации на Скопска Црна Гора).                                                                                                                                                                        Го делам општо прифатеното мислење дека примерите од споменатата тематика и со издржани книжевно-естетски мерила, па со тоа и романизираната биографија „Вита“, конструктивно и креативно ќе ја вршат својата улога во прогресивното формирање на нашата млада генерација, но и во нејзиното инспирирање за почит, долг и сопствен придонес во изградбата чија жртва беше и Викторија Поп-Јорданова.   (Скопје, 1973)

ВОВЕД

Марија Кукубајска, поетеса, преведувач, 1973, Штип

Сеќавањата за животот на Викторија (Вита) Поп - Јорданова (7 февруари 1924 -  6 ноември 1943) ги собирав и средував во ракопис од мојата 14-та до 19-та година. Ракописот го завршив 1969 година. Од тогаш до сега го имаат читано, во целост или во делови, Јордан Поп – Јорданов, Ацо Шопов, Коста Наѓ, Томе Момировски, Перо Коробар, д-р Владо Ивановски, д-р Васка Донева, Мијалче Иванов, Марија Пикова и тројцата рецензенти: акад. Михаило Апостолски, генерал, Борис Вишински, писател и Трајко Донев, директор на Историскиот архив во Штип. Длабоко сум им благодарна за овозможените податоци и соработката.

Посебна благодарност изразувам и до бројните соборци на Викторија Поп-Јорданова, луѓе кои ја познавале или среќавале од најраните години, преку нејзината младинска политичка и културна активност, се’ до револуционерната кулминација на нејзината борба за национална слобода на Македонија, и нејзиното убиство 1943 година.                                                                                                                      

Обработката на минатото и историјата во која младиот автор не учествувал, бараше посебно внимание во зачувување на точноста. Наидував на епизоди кои, 20 години по убиството на партизанката Викторија од албанските Балисти, останале недоволно рассветлени. Тоа го надминував со истражувања и споредби на сведоштва во текот на моето петгодишно собирање на материјалите. Мојот младински занес со идеалите на човекот и народот: слобода, мир, напредок и човекови права, бараше да споредувам - што ги водело младите активисти во комунистички движења за промени на  „власта“, што ги инспирирало да се жртвуваат како партизани, и што ги менувало властите да се свртуваат против сопствениот народ - во име на народот и демократијата.        

Ако со овој труд од стотина страни, се надевав пред мојата полнолетност да придонесам во милионите страници на борбеното и мирно-временско градење на човековите вредности и достоинства, сега, по оформување на текстот, убедена сум  дека постојат непрегледни можности за следнитте млади автори, и учесници во ослободителната војна, објективно, а со сопствени видувања, да го пренесуваат тој дел од минато на Република Македонија, во име на минатото и иднината, во име на одбрана на универзалните права на самостоен и независен развој меѓу народите на светот.

СОФИЈА ПОП - ЈОРДАНОВА

Тажалка на храбрата мајка по својата ќерка, партизанката Викторија Поп - Јорданова, убиена од Балистите, 1943 година, на Карадаг, Скопска Црна Гора. Напишана е од Софија Поп – Јорданова, Кошевалиска, подржувач на борбата за ослободување на Македонија од бугарскиот окупатор и храбра мајка на четири деца, меѓу кои и на академик Јордан (Јоцо) Поп – Јорданов.

МОЖДА

Растурено, запретано,                                                                                                                    на череп глава – коса турав,

очи местев, уста нема,

ребра редев, нога ставам, друга нема...                                                                                                                                                 

Со црвен покривач те покрив,                                                                                                          таго моја, чедо мило, очи лични...                                                                                                                               

Можда...можда се нејзините очи лични благи мили оште свежи били, можда и устата оште свежа била, со насмевка нежна, и косата кадифена и снагата стројна, права горда. Можда да се оште свежи били и пламенот и љубовта и полетот за младината нејна мила, можда сета она да је оште свежа била... Можда гарваните издалека гракали и зверовите се спремали. Доловите јачели. Студеното утро плакало над неја, ветерот свирел зловешти думи. Можда човекот идел со матика и лопата.

Мајката, и синот кој бил претепан во затворот, жив го пречека и раздрагано го прегрна. Фризира се, набели, нацрви и запеја од радост за Јоцето. За момент се заборави. Одеднаш страшна и остра болка срцето ми сви, мисли црни набујаа што ли је со Викторија. И можда човекот со матика и лопата мрачно и тужно кај неја е бил, и можда... и можда...

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.