Среда, 08 Март 2023   
На 11 март 2023 г. - 80 години од депортацијата на 7144 македонски Евреи

1Tihomir Тихомир Каранфилов

На 11 март 2023 година се одбележува 80 години од депортацијата на 7144 македонски Евреи во нацистичкиот логор на смртта Треблинка. Тој е мрачен ден во македонската и светската историја, тежок товар на совеста, ден кој треба да се памети за да не се повтори.

Токму на тој ден, во утринските часови на 11 март 1943 година, биле уапсени 7.144 жители на Скопје, Битола, Штип и др. места само затоа што биле Евреи и донесени во Монополот, денешниот Тутунски комбинат. По пристигнувањето, ним им биле одземени личните предмети, накитот, парите, храната, лековите и средствата за лична хигиена.

На 15 март 1943 година во логорот имало 7.240 Евреи кои биле држени во ужасни услови. Во една просторија на дрвени полици и без санитарни услови имало по 500 лица. По пет дена гладување, првиот оброк им бил поделен на 16-ти март. Им дале сув леб и солена риба која предизвикувала огромна жед, а луѓето за да добијат малку вода морале да подмитуваат со она малку пари или скапоцености што успеале да ги сокријат при првиот претрес.

Македонците без разлика на политичката, верската или друга припадност, предводени од Методија Шаторов Шарло, пред почетокот на депортацијата кон Треблинка, прават очајни напори за ослободат што е можно повеќе свои сограѓани - македонски Евреи. По различни критериуми од логорот биле ослободени 166 лица, најчесто дефицитарни лекари и аптекари, но и странски државјани.

Меѓутоа, со благослов на тогашниот бугарски премиер Богдан Филов, на 22, 25 и 29-ти март 1943 година, 2.150 семејства, со вкупно 7.144 члена, во три транспорта, биле упатени во логорот на смртта Треблинка (Окупирана Полска).

Македонија е единствена земја од чија територија се истребени 98 проценти од вкупната еврејска популација. Овој чин преставува ненадминато злосторство во светски рамки, за што е одговорна фашистичката влада на премиерот Богдан Филов.  Тој на 22. II. 1943 г. потпишал договор со СС офицерот Теодор Данекер, за депортирање на 20.000 Евреи од Македонија и Беломорието. Оттука, спасувањето на бугарските Евреи не ја амнестира нивната тогашна влада која дозволи и ја спроведе депортацијата, а со тоа и геноцидот на македонските Евреи.

По повод одбележувањето на 70 годишнината од депортацијата на 11.343 Евреи од Македонија и Беломорието (Тракија и Егејскиот дел на Македонија), на 8 март 2013 година бугарскиот Парламент усвои Декларација во која Софија за првпат ја признава вината. Сепак, осудувајќи го ова злосторство, тие само индиректно ја преземаат одговорноста, правдајќи се дека територијата била под германска јурисдикција и под команда на Хитлер, а бугарските власти во окупирана Македонија и покрај сите напори не биле во можност да ја запрат депортацијата.

Иако постојат повеќе барања до бугарската влада, како членка на НАТО и ЕУ да се помири со своето минато и официјално да се извини на Еврејската заедница во Македонија, Софија досега тоа го нема направено, ниту има намера.

И покрај ваквото однесување на соседот, Еврејската зедница во земјата е подготвена да прости, но не и да заборави, бидејќи како што велат „заборавот го влече човекот кон нови злосторства и историски проклетија“.

11 март - денот на холокаустот на Евреите од Македонија е ден за потсетување, за да овој злосторнички чин никогаш да не се повтори.

Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.