Среда, 15 Март 2023   
Иселување од Македонија

1svekrva Свекрва

Во периодот од 2011 до 2019 г., околу 700.000 или една четвртина Македонци се иселени од земјата. Наметнатите политики по воениот конфликт во 2001 г. и (Рамковниот договор 2001 г., Територијална поделба 2004 г, Договорот за добрососедство со Бугарија 2017, Преспански договор 2018 година и др.), како и не почитувањето на народната воља, однесувањето на судките власти, лошите политики кон аспирациите на соседите, создаде недоверба на народот кон институциите. Високата корупција, лошата безбедност, малите шанси за вработување ако се нема партиска книшка, лошото здравство и образование, немањето перспектива, како и желбата за подобар живот станаа главни причини за масовно иселување од земјата.  Овој број на иселени има тенденција уште повеќе да расте.

Во последно време, понеколкумесечните дојави за подметнати бомби по школите, институциите, трговските центри и др. чувството дека земјата не е безбедна се зголемува кај младите и нивните родители. Истото се зголемува и со последните вооружени пресметки на бандите во главниот град. Неможноста од редовна наобразба во не безбедната татковина, ќе остави последициа кај многумина млади, кој сонот за подобар живот ќе го побараат во странство.

Заминувањето на една четвртина од работоспособното население од земјата се одразува не само врз продуктивноста, здраствениот и  пензискиот систем, туку и ја обезличива земјата. Имено, со прилив на работнци од Албанија, Косово, Турција (градежништво), Индија и Пакистан (ИТ сектор), може во иднина да доведе до менување на описот на државата.  

Виновни за состојбите во земјата, покрај домашните корумпирани политичари, се и соседите, особено Грците и Бугарите, кои поради своите аспирации кон македонската земја, со години не уценуваат и го потпомагаат иселувањето. Тие, за да ги постигнат целите, делат пасоши на оние кои за подобар живот на Западот го менуваат својот македонски идентитет.       

Иселувањето на населението од Македонија не е ништо ново. Во минатото, имало масовно иселување по Карпошовото востание (1689 г.), потоа по зулумите на Али Паша Јанински (крајот на 18 и почетокот на 19 век) и т.н Исто така иселување имало и Илинденското востание (1903 г). Неколку години по востанието, иселувањето од Македонија добило загрижувачки карактер и за него пишуваат соседните весници. Во статијата „Иселување од Македонија“, објавена во белградска Политика на 5 февруари 1907 година, авторот ќе напише:

 „Македонците се повеќе ја оставаат својата татковина, за која се грабаат многу народи. Секој брз воз од Исток ни носи нам по една чета несреќници, кои продале све што им останало од турските порезници и од секакви револуционери, па тргнале на пат, за да во амерканската пустелија побараат подобар живот и среќа. 

Оваа емиграција намерно ја помагаат агенти на разни трговски компании, кои на превозот на овие бедници заработуваат убави пари. Цело јато на такви агенти се разлетани по солунскиот и битолскиот вилает, па со ветување на златни брда го намамуваат народот да се сели во Америка.

Што е најлошо, овие агенти се во врска со полициските власти, кои за мал бакшиш лесно им издаваат пасоши  кога тие иселеници им побараат за Америка. 

Најпосле, тоа иселување и оди во корист на Турска, бидејќи од Македонија се селат само христијани, и тоа оние лица кои се способни за живот и борба. Муслиманскиот елемент во Македонија инаку е силен, релативно најсилен, а со оваа емиграција неговата сила, под вештата управа на Хилми паша и неговите ученици уште повеќе ќе се зголеми.

Турските весници веќе почнаа да пишуваат за ова големо иселување, но не можат да се сложат за тоа какви мерки да се превземат. 

Младотурскиот весник „Шурај-Умет“ ја советува владата да Македонија ја населет муслимани од Стара Србија и Бугарија. и велат дека тие ќе умеат подобро да ја почитуваат својата татковина. 

Ерменскиот весник „Татковина“ ги обвинува за тоа турските власти. Покрај нив се виновни исто така и Србија, Бугарија и Грција, кои ништо не превземаат против тие трговски компании со човечки животи.

Овој весник неведува и име на еден странски агент кој пред пет месеци допатувал во битолскиот вилает и ги поткупувал службениците заради полесно издавање на пасоши на христијаните. Тој дури поедини христијани со сила ги терал да му ветат дека ќе одат во Америка, инаку ќе ги денунцира (кодоши н.з.) на власта.

Ова навистина е големо зло во Македонија, која нас треба сериозно да не загрижи. Ако вака се продолжи, Македонија, околу која се борат Срби, Бугари, Грци у Романци, еден ден нема да биде ни српска, ни бугарска, ни грчка, ни романска, туку муслиманска земја, која после Турска ќе може да ја наследи само Австрија.“ („Иселување од Македонија“, Политика, Белград, 5.02.1907 г.) 

Овие настани од пред повеќе од еден век, кои не се разликуваат многу од денешната состојба, треба и нас да не загрижат. Едноставно треба да се преиспитаме какви политики треба да  спроведуваме, за да ja спречиме белата чума, да го задржиме македонското население и да не ја обезличиме единствената држава на Македонците.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.