Среда, 15 Март 2023   
Марија Емилија Кукубајска:Еврејските другари на Вита Поп Јорданова (од романизираната биографија ВИТА, 1969)

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

На 11 март 1943 - 551 Евреи од Штип се жртва на перфидно, варварското искоренување на еден древен, мудар, жилав народ кој со векови се соживеал со поднебјето на гостољубивите и чесни Македонци во Штипската чаршија.

Се сеќава Викторија дека во деновите пред 11 март, врските меѓу штипските партиски организирања сурово се спречувани. Се чувствува кулминација во бруталноста на  бугарска полиција. Од полицискиот началник и воениот командант се                                                                                                               издаваат строги директиви за немилосрдни репресалии. Со утешно толкување на напнатите полициски интервенции, Викторија и’ зборува на Пава дека ќе уследи блокада на целиод град, не само за евреите, како што кружеле панични вести. За неутешноста на Викторија со депортацијата, за нејзината непомирливост со судбината на обесправените народи, за изблици на борбеност пред нејзините смрт, мајка и’ споделува сеќавања:

„Ми рече една вечер дека го сретнала братот на Пава Леви. Ја прегрнал, трогателно ја гушнал и и’ кажал дека се вршеле подготовки да ги носат Евреите. Спомнал дека можеби никогаш повторно нема да бидат овде, тие стотината во градот, петтмина во воспитните групи и партијата, и неколкумината незаменливи пријатели на Викторија и Јордан - Исак Сион, Пава, Пепо и Хаим Леви. Леви ја моли Викторија да ја посети мајка му и да го прифати пакетчето со богатства издвоени да бидат спасени од нечија пријателска благодарност. Но, Викторија не оди по таквото богатство, поаѓа да најде илегални станови и прифатилишта за Евреите. Наместо да спаси материјално богатство, оди да обезбедува спасување на живото богатство, човекот.

„Ќе ги носат, а каде, каде ќе можат да ги сокријат од лицето на светот, да ги уништат нивните основни, природни права на живот? Ќе може ли да се сокрие историската неправда на расистичките теории“, размислува гласно Викторија во присуство на мајка и“.                                          

Ноќ пред 11 март.                                                                                                                                                  

Викторија е неутешно вознемирена од потресените дамари на градот. Зора е, а Штип сеуште е блокиран, од полноќ. Излегува на прозорецот. Грозна глетка и’ ги стрела очите со поразителна вистина. Колони беспомошни луѓе се спроведуваат кон челуста на фашистичкото чудовиште, осудените без вина.                                                                                             

После измачувања и ограбувања по домовите, претепаните Евреи ги спроведуваат до зборниот плоштад, да ги водат на железничката станица. Бугарскиот окупатор ги товара Евреите во смрт, а повеќето од нив сеуште не веруваат дека крајот на таа еврејска голгота е нивно уништување. Покрај колоните пешаци водени во притаен ужас, уште два камиона ги одвлекуваат болните и изнемоштените.                                                                                                                 

„Дојде да ме разбуди, а јас веќе не спиев“, со неприродна растроеност си спомнува Софија, и продолжува да ги опишува реакциите на ќерка си Викторија:                                                                                              „Луѓе - луѓето ги водат во уништување. Срамови. А кои се тие што судат за уништување на другите? Зарем и тие не можат да бидат уништени!? Но, зошто, зошто воопшто уништувања? Зошто подивува светот! Знае ли, нема ли казна?! Отиде мојата мила Пава, и брат и’, и мајка и’, и сите мои блиски Евреи. Ги казнуваат - не смееле да бидат браќа на луѓето! Ги казнуваат што постојат! А ние, уште дома спиеме? Нашата човечност треба да покаже единство со нив, да покаже што е човечност и праведност... Правда, мамо, и борба, со борба да ги повратиме уништените достоинства!?“

Со немоќна побуна гледа Викторија преку прозорецот, неповратните колони исчезнуваат пред нејзините очи, а таа не смее да биде видена надвор од илегалното засолниште. Низ тежок очај рассудува:                                    

„Убијците можат да го уништат само телото на посветените борци, како и на невините Евреи“. Но, злосторно убиените не се мртви. Нивниот говор продолжува преку запрената крв и присутниот дух. Нивното срце останува да бие во чекор со историјата. Нивното исчезнување опоменува и преку овие мрачни дни на неправди, дни кои не се безнадежни“.

Надежта на сите идни борци кои соработуваат со Викторија, расте со идеите за национална слобода и социјална правда: да се препороди и развие вековно распарчуваната македонска земја, без страв, со исконско право - да се љуби сопствената татковина, да се постигне мир под разнишаното небо, да се доживее слободата да се биде она што си, Македонец, еднаков со сите други народи на дваесеттиот век.                                  

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.