Среда, 22 Март 2023   
Игор Јанев : Што треба да се направи по раскинувањето на Преспанскиот договор

47081301

Игор Јанев : Што треба да се направи по раскинувањето на Преспанскиот договор и дали Грција може да се спротистави во Советот за безбедност (СБ) на ООН

Осовната претпоставка за запирање процесот на Бугаризацијата (те. Бугарската асимилација) и повразано со ова воспоставувањето име „Република Македонија” (односно отстранување сегашното, базирано на Преспанскиот акт, „Република Северна Македонија”) е раскинувањето на Преспанскиот договор. По раскинувањето на оваа спогодба, мора да се извести ООН (Гнсекот) и да се бара остранување од Регистерот на ООН како раскинат договор, овој акт.

Потоа, државата мора да покрене акција преку предлог-резолуцијата на Генералното собрание на ООН за продолжување на членството на држава „Република Северна Македонија” под името „Република Македонија” во ОН.

Грција, нормално, нема да седи со скрстени раце, и ќе повика САД, Франција и Велика Британија да свикаат седницата на Советот за безбедност на ООН, бидејќи „Република Северна Македонија” еднострано го раскина Преспанскиот договор, со што (наводно) се загрозува регионален мир и безбедноста. Понатаму, Грција ќе бара од СБ да донесе препорака и одлука оваа држава да мора повторно да се обврзи со истиот акт (Преспанскиот договор) или да седне на маса и да почне новите преговори за идентитетот базирани на (претходно раскинатиот) Преспанскиот договор.

Доколку Македонија цврсто застане на позицијата дека нема да повторно склучи раскинатиот акт, а ова е суверена одлука на секоја држава, или преговара за новоти име, маневарскиот простор на СБ на ООН е многу мал и објективно екстремно лимитиран.

Имено, во споредба со 1993. година, Советот за безбедност на ООН нема да може да донесе:

1. Резолуцијата со која ќе наметне (повторно) привремената референца од каков било вид или врати претходната референца БЈРМ (односно нема да може да воспостави „претходната состојба” со наметната референца, бидејќи сега немаме истите околности (проблемот со референцата БЈРМ не заврши во СБ на ОН, туку во Регистерот на ОН како спогодбата од небезедносен те. административен / несуштински карактер), а и нема да има косензусот меѓу Големите сили, со различни доктрини околу суверенитетот на државите, посебно Русија и Кина нема да бидат индиферентни и  да допуштат „интерферирање во внатрешните работи” (се разбира од своите интереси));

2. Резолуцијата со која ќе бара „оваа држава“ (РСМ)  повторно да склучи истата спогодба, бидејќи СБ нема надлежност за овие суверени домашни (уставни) прашања и нема да има минимум косензусот меѓу Големите сили, од кои двете (Русија и Кина) базираат својата надворешна доктрина врз основа на апсолутен суверенитет за секоја држава-членка на ООН. Имено, суверено право на секоја држава е да склучува и раскинува договори и суверено определува или менува своето државно име, а органите на ООН немаат надлежност да се мешаат во овие одлуки кои се во строгата внатрешна надлежност на секоја држава (посебно одлуката за уставното име);

3. Резолуцијата со која ќе наметне нови преговори околу државното име (ова е практично невозможно), освен ако самата држава имплицитно или експлицитно не даде некаков вид согласност за преговори или (ре)преговарање околу истата (асполвирана) материја, за што и самата Грција нема да се согласи, како што и Македонија не смее да даде никаква согласност, од каков било вид (ниту “преќутно“) дека ќе репреговара новото име на држава. Македонија мора да инсистира на името со које аплицираше во ООН 1993, као единствено легитимно име на нацијата и државата (за које народот дал согласност и кое не беше резултат на надворешното интерферирање или надоврешен акт/договор).

Заклучок

Од фактот дека РСМ денес нема веќе привремената референца, а новата не може да се наметне (ниту од Македонската стана ќе се прифати), а истовремено државата не се согласува со постоечкото државно име РСМ (како нелегитимно), ниту со Преспанскиот договор, тргнувајќи од фактот дека СБ на ООН е разјединет по прашањето за интерпретацијата на концептот за суверенитет, можеме да заклучиме дека СБ на ООН нема да може да донесе каква било обврзувачка одлука со која повторно би можела да инсталира времена или трајна референца (деноминацијата) или да натера една суверена држава на преговори околу името (те. идентитетот, што впрочем не е ниту легално да се бара) или повторно склучување истиот или сличниот договор за дефинирање на државното име односно државен идентитет. Македонската дипломатија мора да истакне фактот дека секој “идентитетски договор” секогаш е нелегален акт, бидејќи претставува несуверено определување на материјата која е во строга внатрешна надлженост. Оттаму, секој надворешен акт за менување идентитетот е акт до кои, мимо легитимитетот, се наметнува националниот идентитет.

Понатаму, наводните “безбедносните причини“ (во споредба со 1993.) нема да влијаат врз донесување на каков било вид обврзувачка резолуција, а без ваков акт, Македонија може да оди напред и постави прашањето во Генералното собрание на ООН (од фактот што проблемот не е „заклучан” во СБ, а спогодбата од Преспа немаше порано “Завршаната резолуција” во Советот за безбедност, туку како несуштинска „пријателска спогодба“ само беше регистрирана во Регистерот на ООН).

Со други зборови, доколку нема обврзувачка резолуција на СБ на ООН (пример има само “Претседателското саопштение”, или препорака), тогаш последниот збор околу државното име на оваа држава има Генералното собрание на ООН (во које државите немаат право на ВЕТО).

За продолжување на членството на оваа држава во ООН под Република Македонија, како несуштествено прашање, се гласа со простото мнозинство од присутните и који гласаат. Едноставно кажано простото мнозинство од присутните во сала на Генералното собрание (во кое членуваат 193 државо-членки на ООН).

Ако пример во сала на Генералното собрание на ООН се присутни и гласаат 120 држави, за позитивен исход ќе ни треба 61 глас.

Ова е многу лесно да се постигне су стручни луѓе.

Ако доколку, пример, не успее акција оваа година, на ово Генералното собрание на ООН, повторно ќе се покрене акција следната (а потоа и ако треба и следната) се додека не се изгласа одлуката оваа држава да членува како „Република Македонија“.

Треба од моја страна да кажам и следното. Со цел да успее ваквата операција во ООН од најглемо значење е да Македонија има најмалку еден врвен експерт, како што сум пример јас. Со друго зборови, со сегашен кадар во МНР нема да може да се направи многу во ООН, а фактот што денес имаме РСМ се должи на нестручност на луѓе во дипломатијата.

Со други зборови, овде ќе кажам мојот став. А овој став е дека јас сум елемент на оваа равенка која треба да донесе воспоставување „Република Македонија“ во ООН, и со оваа крај на Грчката и Бугарската асимилација (те. Бугаризцијата).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.