|
|
Македонците мора да се спротистават на разградувањето на земјата |
Свекрва Од доаѓањето на власт во 2017 година до денес, коалицијата на СДС и ДУИ им го оспори правото на народот да одлучува. Спротивно на вољата на народот изразена на референдум, го сменија името, сега ја менуваат историјата, ги распродаваат националните интереси. И додека заради украдена демократија (донесена одлука наместо со 62 да се оди во пензија со 64), народот во Франција со денови демострира и има тешки судири со полицијата, во Македонија народот канализиран од полицијата своето незадоволство го искажува на спортски натпревари. Околу триесет минути траеше прекинот на ракометниот натпревар помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, поради нереди предизвикани од навивачките групи. Инцидентот лесно можеше да излезе од контрола, поради слабата процена за безбедносниот ризик. Меѓутоа ако се знае дека постоеше зовриена атмосфера пред напреварот, се поставува прашањето зошто не беше спречен инцидентот, освен ако не се сакало свртување на вниманието на јавноста од лошите политики на власта и контролирано намалување на тензиите меѓу народот. Иако поголем дел од медиумите се под контрола на власта, сепак до пошироката јавност доаѓаат секојдневни информации кои ја дискредитираат власта. Народот веќе нема доверба во корумпирана квинслишка власт, во судството, полицијата, здраството, образованието и т.н. Нема област, нема институција која не е инфицирана и афектирана од оваа болест. Поради намален имунитет, Заевистите и Артановци лесно ја приграбија законодавната, извршната и судска власт. Како последица на ова, Уставниот суд молчи за промена на уставното име, употребата на јазиците и т.н. Судот пак ослободува криминалци, додека ги казни драстично уставобранителите. Исто така беа издадени пасоши на криминалци, а постојат проблеми и во здраството и образованието. Има недостаток на учебници, се говори за фалсификувани дипломи, а насекаде за наместени тендери и др. На површина секојдневно се појавуваа голем број на афери, меѓутоа никој не одговара за нив и за жал сите молчат. Интелектуалците молчат, народот молчи, а младите гледаат единствен излез што побрзо да заминат од земјата. На власта тоа и одговара, нема кој да се буни, а за да не ја изгуби работната сила ќе увезува Непалци, Пакистанци, Албанци, Косовари и други. На дојденците воопшто нема да им биде гајле дали некој ја ограбува или ја обезличува државата. Тие со стекнување на одредени права, утре, задутре, дури ќе им помогнат на власта целосно да ја растурат државата на македонскиот народ. Македонците мора да се вратат на вистинските вредности, мора да ја вратат демократијата, мора да застанат на вистинската страна на историјата и да си го обелат образот, како што тоа го направија нашите претци за време на Втората светска војна. Не смееме да дозволиме ширење на повампирениот нацизам во земјата. Македонците немаат резервна држава и мора да се спротистават на разградувањето на земјата. По секоја цена, што побргу, ова власт мора да се натера да оди на предвремени избори, а потоа со пенкало во рака, СДС и ДУИ, да се испратат на буништето на историјата. |