Среда, 29 Март 2023   
СОВРЕМЕНИТЕ ВАНДАЛИ СЕ НА ВЛАСТ ОКОЛУ НАС
1martin1 
 
Неделата (24 март) беше прекрасен сончев ден и решив да го искористам за да ја исполнам желбата на некои нашинци од туѓина конечно да го видат римскиот аквадукт во близината на Скопје, споменик од доцната антика изграден  во шестиот век во времето на императорот Јустинијан I.
 
   Речено-сторено! Идејата беше поздравена и со радост прифатена и појдовме на локалитетот. Аквадуктот за време на поранешниот режим беше во склоп на големиот комплекс на касарната на ЈНА, но по прогласувањето на независноста на нашата татковина сега повеќе не е, и практично е оставен на милост и немилост, пред се на локалкното население, главно дивонаселени дојденци од Косово. Веќе првиот впечаток е застрашувачки! До аквадуктот може да се стигне со тесен пат - од едната страна шанец без огарда, длабок најмалку три метри низ кој тече поток, а од другата високи огради од дивоизградените објекти од неканетите косовари. Да се разминат две коли е невозможна мисија!.
 
   Нејсе. конечно му пријдовме на самиот објект - аквадуктот што изгледал импресивно пред милениум и половина кога бил изграден за да го снабдева античкиот град Скупи со ладна вода од блиските скопски планини. Но денес, овој објект изгледа жално до степен на неверување!!! Аквадуктот во програмите на Министерството за култура во сите влади на независна Македонија е означен како објект на културата од највисок степен на важност и приоритет, но судејки по состојвата во која што го затеков очигледно е дека ниту една влада со прст не мрднала да стори нешто за да го заштити и презентира како порвокласна туристичка атракција. Непосредната околина на аквадуктот е претворена во депонија на секаков отпад, па дури има лешеви од умрени животни од кои б'зди  грозен смрад и колку и да си ентузијаст, ќе гледаш што побргу да се оддалечиш, или да го напуштиш местото. Со еден збор: мрачно и страшно непријатно искуство и за мене како иницијатор за посетата, а можам да си претпоставам какво мислење стекнаа странските посетители.
 
   Загрижува над се незаинтересираноста за госпоѓата министерка за култура за оваа состојва во која се наоѓа скопскиот аквадукт. Дали дотичната дама воопшто има чувство за важноста и атрактивноста на овој културен споменик од прва категорија, како што е нотиран и во програмата на активности на Министерството за култура што го раководи таа за 2023 година!? Нејзин приоритет, од она што сега го видовме, е себепромоција, т.е. самата да се истакне, не водејки при тоа сметка што другите (граѓаните) ќе мислат за неа. Патем, госпоѓата министерка очигледно нема чувство, па ни искуство и знаење, како да се однесува и претставува во одредени прилики1 Што да мислиме и да кажеме за неа кога, на пример, на одбележувањето на годишнината од раѓањето на нашиот Гоце Делчев (4ти фебруари) годинава се појави во скапи штикли небаре се спремила за модна ревија или некоја слична манифестација од тој вид!
 
  Но, не и се лутам само на министерката за култура. Па што прави, на пример, госпоѓата градоначалничка на Скопје? Дали таа воопшто некогаш го посетила аквадуктот за да се запознае во каква состојба е тој ексклузивен објект што е во фаза на распаѓање? Аквадуктот е под надлежност на Градскиот музеј на Скопје, значи на градот, односно Градското собрание и неговата градоначалничка! А од таму - ни збор, а камо ли конкретна акција. А да прашам: Што работи фамозната Агенција за заштита на културното наследство која скапо ја плаќаме и чија обврска е да се грижи токму за културносо наследство??? Сакале да признаат или не, сите споменати индивидуи, а и институции слободно можеме да ги наречеме современи вандали и одговорноста е секако кај нив!
 
  Не сакам да поверувам дека на аквадуктот (мислам дека е единствен ваков сочуван објект на Балканот, освен оној грандиозен аквадукт во Цариград) му е предудено полека но сигурно да исчезне. Локалното население од дивите населби си користи материјал од објектот за свои лични потреби (изградба на куќи, племни и сл.) па некои столбови од комплексот дури се пред распаѓање. А ваков прекрасен споменик на културата што го имаме ние во нашиот двор, би посакувала секоја земја во регионов.
 
  Нов момент од пред некој месец е идејата на некои македонски албанци, емигранти во Америка, на тој терен да граделе филмски студија во соработка со актерот Џон Малкович, каде наводно ќе се снимале Холивудски спектакли!? Не сакам ни да помислам дека на аквадуктот му е пресудено да исчезне заради лукративни бизниси на некои "инвентивни"
индивидуи од емиграцијата. Тоа не смееме да го дозволиме!!!
 
  Би ги запрашал јавно горепоменатите дами: дали со ваков однос кон цивилизациското наследство мислите дека ќе ве примат во ЕУ??? Па зарем мислите дека бројните дипломати и странски претставници по други основи во Скопје не го гледаат ваквиот некултурен и нецивилизиран однос кон споменик што по сите осносви припаѓа на врвното светско културно наследство?
 
  Госпоѓо министерке за култура и госпоѓо градоначалничке на Скопје, фатете го Маричич за рака (небаре тој ќе не носел во Европа), а може и Димитар Ковачевски (за да ги прошири своите хоризонти стекнати небаре на Харвард), и појдете да се соочите со грдата реалност што го опкружува аквадуктот! Тоа е ваша и само ваша обврска бидејки вие сте власт, за тоа сте платени и располагате со парите на граѓаните!
 
  Но има и уште една димензија за која очигледно ниту Владата а и ниту градот (Скопје) не се свесни. Аквадуктот е од времето на императорот Јустинијан I (шести век по Христа), кој е роден скопјанец (според сите светски енциклопедии тој е роден во близина на скопското село Таор) и важи за еден од најголемите цареви на илјадагодишното Источно Римско царство (Византија). Заслуга е на Јустинијан I што иницирал да се состави познатото дело CORPUS JURIS CIVILIS, збир на сите постоечки закони и прописи во негово време, што денес е основа на Римското граѓанско право, кое се смета како ЕДЕН ОД СТОЛБОВИТЕ НА ЕВРОПСКАТА КУЛТУРА И ЦИВИЛИЗАЦИЈА!!! Со еден збор тој столб на европската култура и цивилизација е дело на човек од нашето поднебје со што треба да се гордееме и постојано да го истакнуваме, посебно што и соседите упорно настојуваат да ни го крадат!!!
 
  Учете бре дилетанти едни и правете нешто добро на Македонија.
 
1vangi12
Насловната страница на епохалното дело на Јустинијан I CORPUS JURIS CIVILIS
  
М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.