Среда, 05 Април 2023   
Секоја промена на Уставот и името на МПЦ – ОА е акт на велепредаство!

1Mane1 Мане Јаковлески

На почетокот на мај 2022 година Вселенската патријаршија донесе одлука со која Македонската правослвна црква – Охридска Архиепископија ја призна за канонска црква. Истиот месец, по Вселенската патријаршија и Српската православна црква ја призна афтокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. По укинувањето на Охридската архиепископија во мај 1767 година, ова значеше остварување на вековниот сон на многу генерации Македонци. Тоа беше резултат на повеќедецениска борба, прво за возобновување и потоа за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА). Но тоа не и крај на борбата за името.

Спорот со Грција за името на македонската држава се преслика и на црковен план. Грчката православна црква (ГПЦ) веднаш по Вселенската патријаршија и СПЦ го призна канонскиот Устав на МПЦ – ОА, но уште тогаш Синодот на Атинската архиепископија изрази сериозна загриженост поради користењето на името „Македонска православна црква“. ГПЦ признавањето на МПЦ единствено го гледа со промена на нејзиното име во Охридска архиепископија.

Од друга страна, Бугарската православна црква (БПЦ) во декември 2022 година која го призна томосот на СПЦ за автокефалност на МПЦ – ОА, не се согласи со даденото име, бидејќи смета дека таа е наследник на Охридската архиепископија. Синодот на БПЦ, наместо Охридска архиепископија, БПЦ најави дека ќе го користи име како „Црква во/на Република Северна Македонија или нешто слично.  

Очигледна е намерата на ГПЦ и БПЦ, по промената на името на државата, да се избрише и се што во земјата е со национален македонски предзнак. Односно тие тежнеат да присвојат се што му припаѓа на македонскиот народ, нешто што со децении нивната пропаганда се обидува да направи.

За да не навлезат во спорот со името, некои православни цркви избраа свои варианти на името со кое ќе ја именуваат македонската црква. На почетокот на годинава, Романската православна црква врз основа на томосот издаден од СПЦ го одобри признавањето автокефалност на МПЦ – ОА под името „Архиепископија Охридска и Северна Македонија, со седиште во Скопје“ . Светиот синод на Црквата на Чешката Република и на Словачка пак одлучи да ја признае автокефалноста на „Православната црква на Северна Македонија“.

Различното именување од страна на Вселенската патријаршија, ГПЦ и други православни цркви, очигледно доведе до различни ставови и во Светиот синод на МПЦ – ОА. Некои владици категорично се против МПЦ да се именува само како Охридска архиепископија, а некои немаат ништо против, со оглед дека Охридската архиепископија е со вековна традиција и длабоки корени на овие простори.  

Дека постојат неуедначени ставови меѓу владиците покажува и неодамнешната одлука на трочлениот синод на МПЦ – ОА да не сослужува со архиереите, монасите и свештенството на Афтокефалната Православна Црква на Украина, до конечно решавање на нејзиниот статус во полнотата на Православието. Иначе ваквата одлука е делокруг на работата на Пленарнот полн состав на САС на МПЦ – ОА и се смета дека ваквата одлука е донесена под притисок на Московската патријаршија, а на штета на сопствените интереси. Иначе, Светиот синод на Руската православна црква, во август 2022 година, ја призна под целосно име МПЦ – ОА како автокефална сестринска црква.   

Вознемирени од неединството и притисоците кои се вршат врз Светиот синод на МПЦ – ОА, верниците од црковната општина „Св. Троица“ од Келн, Германија донеле декларација која треба да се испрати до сите македонски црковни општини за да ја потпишат македонските верници со цел да се поддржи МПЦ – ОА за да спречи можноста под притисок да се смени Уставот и името на МПЦ – ОА. Тие во објавата порачуваат дека никој нема право да го менува името, Уставот и достоинството на МПЦ – ОА, бидејќи тоа е антихристијански и антиисториски, а  во декларацијата за МПЦ – ОА стои дека за велепредаство ќе го смета секој обид на Светот синод за промена на името и Уставот.

Македонските владици мора да бидат обединети во одбраната на статутот и името на МПЦ – ОА. Не смеат да се откажат од македонското име, ниту од името на Охридската архиепископија. Имено, македонското име со векови го краси православниот народ на територијата на Македонија уште времето на апостол Павле. Со отврлање на ова библиско име - Македонска православна црква, а задржување само на името Охридска архиепископија, значи дека целосно се откажуваме од името и го зголемуваме територијалните апети на Бугарија,

Секоја промена на Уставот а со тоа и името на МПЦ – ОА е акт на велепредаство. Односно било каква промена на името на македонската православна црква значи велепредаство на македонските национални интереси. Тоа е исто како што го направи коалицијата на власт СДС и ДУИ со промената на уставното име, а за кое велепредство историјата ќе им пресуди.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.