|
|
Власт, корупција и лаги! |
Свекрва
Високата корупција во земјава ја уништува државата. Поради длабоко вкоренетата корупција безбедноста на земјата е нарушена и Македонија како држава може да исчезне од европската карта. Иако Опозицијата повеќе пати предупредува за постоење на корупција во земјата, САД и ЕУ не превземаат никакви чекори за да ја раскринка актуелната власт. Со тоа, тие ја поддржуваат коалицијата на СДС и ДУИ, но и ја нарушуваат стабилноста на јужното крило на НАТО.. Во 2017 година СДС и ДУИ дојдоа на власт и од тогаш до денес, нивното владеење е исполнето со многу лаги и сомнежи за корупција (злоупотреба на службената положба за остварување на незаконска приватна добивка). Почнаа со „План за живот во Македонија“ и ветување од 600 милиони евра во првите две години за изградба на патишта и завршување на автопатот Кичево – Охрид, кој почна да се гради во 2014 година. Власт, корупција и лаги. Неколку години потоа, на почетокот на 2023 година, премиерот Димитар Ковачевски, кој го наследи Зоран Заев, се пофали дека „во последните пет години биле изградени 1.300 километри нови патишта и дека бил изграден автопат Кичево – Охрид долг 57 километри“. Меѓутоа, реалноста е сосема друга. Оваа власт, освен распродажбата на националните интереси, речиси да не успеа ниту десетина километри да изгради од овој автопат. Да не говориме за други патишта и пругата кон Бугарија и Албанија. Сето тоа, кај народот предизвикува сомнеж за висока корупција. Особено договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорот 8 и 10 д, чија вредност изнесува повеќе од 1.3 милијарди, а како што проценуваат експертите од оваа област, крајната цена ќе достигне до неверојатни 3 милијарди долари и кој власта го крие од јавноста, предизвикува голем сомнеж. Некои партии од опозицијата јавно соопштија дека имаат „сомнежи за корупција од големи размери“ и побараа целосна транспаретност и ревизија на досегашните активности, за што беа обвинети од власта дека се против САД и ЕУ. Всушност ако некој има нешто против САД и ЕУ, тоа не е опозицијата, туку се преставниците на актуелните партии на власт, СДС и ДУИ. Тие овозможија корупцијата да пушти длабоки корени во земјата, со што сериозно го попречија нормалниот развој на државата, и ја поткопаа демократијата и доброто управување во земјата. Таква корумпирана држава никој не посакува во ЕУ. Од друга страна, корупцијата го намали и институционалниот капацитет за одговор при разни кризни ситуации, што пак има безбедносни импликации, меѓудругото и стабилноста на јужното крило на НАТО. Иако корупцијата ја поткопа легитимноста на владата и опозицијата бара предвремени избори, власта упорно инсистира да го истера својот мандат до крај. Едноставно се плаши од гневот на народот и дека тој ќе им пресуди за корупцијата, криминалот и лагите. Но, за жал народот засега молчи и толерира. Наместо да се соочи со проблемот и да започне борба за да ја поврати демократијата, тој избра да бега во странство, со што и се овозможува на оваа власт да ги продолжи своите деанија против националните интереси и интересите на САД, ЕУ и НАТО. Сепак се има крај и оваа корумпирана антимакедонска власт еднаш ќе си оди. Ќе престане власта, ќе престане корупцијата, ќе престанат и лагите, но ќе има одговорност и повеќегодишни казни. Со оглед дека денешните затвори во земјата не ги исполнуваат европските стандарди, редно е барем власта ако ништо друго нема изградено, барем сама да си изгради комфорни затвори. Само тоа нека биде некој нов „Голи Оток“ во Мариово, каде како воспитна мерка ќе кршат камења повеќе од 60 часа неделно и ќе научат како се градат патишта со свои капацитети. |