|
|
Марија Емилија Кукубајска: МАКЕДОНИЈО МОЈА САКАНA |
Грбот на Македонија, изработен 1340, Фојница, пред битките на Марица и Косово Поле Никаде по светот не сум сам, ти си ми и пат и стан, се’ си ми ти, најверно другарување, мудра осаменост среде битни битки, кралице крунисана со сонце и месечина, убавино, Царско мое постоење, вечност реална, прастара лоза на младоста, висино неразбрана. Пролетни сокови лееш, со радост грееш, ружо насмеана, од Бога опеана – и од мене. Моја Восхит, вино, опојна моја светлино, од секој извор течеш лек - од небо, од фаќел, од свеќа, Моја среќа, моја зрела сласт портокалова, калинка алова, лимон кисел, меден ноќен зрак. Саднице моја, сласт, пластеник од богатства, светот не те има, а се отима за тебе. Вистино моја, од земја до небо, покров твој ме штити, владетелке, пелин буен, лековит, а труен. Земјо моја, бела, црна, румена, песок чист, карпа водена, најран морски бран, ти си лик и Ум и знак на Егеј, Иран, Индија, Мис’р, Азија централна, хималајска, ледена, мајска, моја. Долга ти е косата, од Волга до Вардар, од Охрид до снегови на Хунзите, космос ти се Вегите, правдата им должи на мегите твои, а моето срце – на тебе, единствена, заштитена Само од мене. Не ти се додворувам, од љубов распорувам срце, во него печат огнен, рана, а солзи, непресушена. Само ти љубов верна доиш, и по сите предавства и загуби, постоиш Величествена, Македонијо сакана. Кукубајска |