|
|
Стојаноска: Никој не е против изградба на коридорите 8 и 10д, ние сме против криминалот на Артан Груби кој е очигледен |
Дафина Стојаноска Изјавата на Артан Груби дека оној кој ќе направи криминал за проекти како за коридорите ќе лежи во затвор доживотно, значи дека или глуми чесен или е изигрување со македонскиот народ, а тој е само синоним за лага и криминал, рече Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување во програмата на Македоснко радио, Радио Скопје. Според Стојаноска тоа што го прави Груби кога станува збор за коридорите 8 и 10д е само персонализирање како само тој да е заслужен. „И ние сме за коридорите, но сме против криминалот кој го прават лицата од власта. Не може Груби да си го персонализира проектот за изградба на коридорите. Па тој со неусвојување на измените на Законот за работни односи работната недела да се продолжи до 6о часа веќе има злоупотребено 53 милиони евра“, рече Стојаноска. Според Стојаноска никој не е против изградба на патишта. „Ние сме против криминалот кој е очигледно дека се протнува и тоа по сите основи. Уште непочната реализацијата државата плаќа пенали. Бенефит од работата на коридорите има само Артан Груби и ДУИ. Или наши работници нема, наши фирми нема, оштетени се сите граѓани, ама Груби тера со криминалот и тој профитира на сметка на граѓаните“, вели Стојаноска. |