|
|
Регионот стравува од „копикет“ ефектот! |
Свекрва Минатата недела во Србија се случија две масовни убиства. Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград беа убиени осум деца и чувар, додека во близина на градот Младеновац беа убиени исто така осум, а ранети 13 лица. Масовните убиства кои се случија во краток период презвикаа шок и неверување не само во Србија, туку и во регионот. Стравот од „копикет“ ефект – копирање на злосторството се зголеми и се поставуваат прашања што можеме да направиме лично, како семејство, како општество. Со прифаќањето на западните вредности, покрај добрите почнаа да се копираат и лошите. Особено од тинејџерите кои не се ни деца ни возрасни, и на кои сешто може да им падне на памет. Вина за нивното насилно однесување е во домашното воспитување, образовниот систем, медиумите и општеството во целина, во кое поради трката за егзистенција децата се запоставени, оставени без љубов, воспитување и надзор. Во човековата природа е способноста да учи од оние кои го опкружуваат, повторувајќи го нивното однесување. Со оглед дека родителите во борба за егистенција имаат се помалку време, врз нивните деца големо влијание имаат медиумите и социјалните мрежи. Едноставно разни антихерои присутни на медиумите стануваат образец на однесување, а сите деца немаат подеднакво разбирање дека е лошо да се изврши злочин. Обично оние особи кои се чуствуваат инфериорно ги имитираат оние кои ги сметаат за супериорни. Ним им се восхитуваат и во нив гледаат пример за извршување на нови злочини. Инфериорните сакаат да станат славни како и нивните антихерои. Постојат и други прични, меѓу кои и освета кон општеството за болката која им ја нанело. Според експертите, меиумското известување може да инспирира други да извршат злочин, а оние кои не размислувале пак да ги потикнат да размислуваат. Врз основа на научните студии психолошкиот феномен „копикет“ ефектот во просек трае 13 дена. Забележано е дека секој трагичен настан, кога се работи за пукање во училиште и други образовни институции, потикнува најмалку 0.22 ниви инциденти. Регионот стравува од „копикет“ ефектот. И додека во Србија се преземаат мерки за зголемување на безбедноста во училиштата, кај нас Министерството за образование и наука информира дека отвори eлектронска адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите преку која учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти, како дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања. Меѓутоа, за да бидат училиштата безбедна средина каде ќе се одвива воспитно-образовниот процес, мора да се изврши не само итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, туку и да се преземат мерки со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина. По повод 7 мај – Денот на македонската полиција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на централната свеченост која се оддржа во Охрид, истакна дека полицијата „бележи најдобри резултати во последните 30 години, благодарение на кои Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан, во друштво на 36-те најбезбедни земји во светот“. Меѓутоа, коко може земјата да биде безбедна ако таа не така одамна им издаде повеќе од двеста пасоши на белосветски криминалци, како може да биде безбедна ако според проценките на експертите во земјата има 120-150 илјади парчиња огнено оружје, кое во најголем дел е останато по конфликтот во поранешните кризни региони. Во 2003 година, две години по конфликтот во 2001 година, во земјата беше извршена жетва на нелегалното оружје. Тогаш беше доброволно предадено околу 7500 парчиња нелегално оружје. Со низа други акции собрано е дополнително нелегално оружје. Меѓутоа, и покрај сите напори на институциите нејголем дел од оружјето остана во рацете на населението, особено во поранешните кризни региони. Од сто Македонци секој петти има оружје. Ова оружје преставува закана по населението. Многу несовесни луѓе го употребуваат на разни прослави (роденденски прослави, свадби, победа на избори и т.н.), па имаме чести повреди од залутани куршуми. Меѓутоа, најстрашно е што има луѓе кои за ситна провокација мафтаат со него и можат многу лесно да го употребат. Поминаа повеќе од десет години, но сеуште се свежи сеќавањата од убиството на четирите млади лица на возраст од 18 до 21 година кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Иако тогаш имаше повеќе од еден извршител, денес стравот од „копикет“ ефект е реален. Имено, големиот број нелегално огнено оружје кај населението во земјата, зачестените физички пресметки помеѓу учениците, потоа зачестеното малтрериње на поедини повлечени деца, заканите упатени преку социјалните мрежи, опоменуват од можноста за повторување на настаните од соседството. Со оглед на краткиот рок во кој се извршуваат повторувањата, потребни се итни мерки за намалување на ризиците и опасностите, особено по безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина. |