Среда, 17 Мај 2023   
КИРИЛ ИВАНОВ: МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНСКИ ПРАВДИНИ ВО ПОРОБЕНИОТ ПИРИНСКИ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

 

1dons Александар ДОНСКИ

Македонците никогаш не биле Бугари. Првиот бугарски хан Кубрат и неговиот син хан Аспарух (кои денес ги слават како „крвни предци“ на денешните Бугари) припаѓале на жолтата раса. Хан Аспарух никогаш немал ни стапнато во Македонија, неговите Бугари никогаш не се населиле во Македонија, а хан Кубрат немал стапнато ни во Европа. Па како можеме ние Македонците да бидеме нивни „потомци“ кога ние припаѓаме на белата раса (со почит кон сите раси на светот) и кога се знае дека Бугарите од Азија никогаш масовно не се населиле во Македонија? Исто е и со денешните жители на Бугарија. Наместо да се гордеат со своето славно тракиско и словенско потекло, тие се гордеат со името „Бугари“ со кои немаат речиси никаква етно-културна врска. Но, тоа е нивни проблем.

Вистината дека Македонците никогаш не биле Бугари нашите сонародници во Пиринска Македонија скапо ја плаќале и се уште ја плаќаат – со закани, затвори, уцени и други малтретирања, но сепак не попуштаат пред сите овие притисоци и на разни начини го манифестираат својот отпор кон присилната бугаризација.

Еден од овие современи македонски херои е и Кирил Иванов - брат на Јордан Костадинов - познатиот борец за човекови права на Македонците и страдалник по бугарските комунистички затвори.

И Кирил и Јордан и голем број други наши сонародници дејствувале во најтешкиот период за Македонците во Пиринска Македонија, а тоа е времето на комунистичкиот диктатор Тодор Живков, чиј режим им нанесе многу зла не само на Македонците, туку и на Бугарите. Во овој црн период отпорот на Кирил и на неговите соборци се состоел од активности во зачувувањето на македонската национална свест среде нашиот народ во Пиринска Македонија, во прибирање малку познати и криени (од бугарската јавност) историски податоци за историската самобитност на Македонците, зачувување (во форма на записи) на македонското фолклорно богатство од постари луѓе и сл.

Во 1961 година Кирил бил еден од основачите на илегална македонска организација наречена ВМРО, а подоцна соработувал со брат му Јордан, кој  е уапсен и затворен.

Колку бизарен бил комунистичкиот (во голема степен и нацистички) режим, според кој, освен Бугари, наводно „немало“ други народи во Бугарија, најдобро се гледа по судбината на Кирил Иванов, кога неговата сопруга Трендафила (закоравена бугарска шовинистка – типичен производ на пропагандата на Живков), по честите кавги со Кирил околу националноста на Македонците, била таа која го пријавила во милиција како „македонски националист“. Врз основа на нејзината пријава, за Кирил било отворено досие во Службата на државна безбедност, кое редовно било  надополнувано со извештаи од шпионите кои биле уфрлувани во неговиот живот.

За време на апсењето и затворањето на неговиот брат Јордан и неговиот соборец Кирил Панчев, и во домот на Кирил Иванов милицијата извршила претрес и му одзела вредни собрани материјали. Подоцна и неговата втора сопруга го шпионирала во милицијата. Сепак и покрај тоа тој не само што и натаму јавно зборувал дека никој не може да го разубеди дена не е Македонец, туку и завршил факултет за ветерина и на работното место покажал завидни резултати.

По падот на комунизмот во Бугарија, Кирил активно се вклучува во активностите на македонските организации, што подетално го опишува ви својата автобиографија, која исто како и неговите статии, е пишувана на пиринскиот дијалект.

Ги повикуваме сите Македонци и Македонки и пријатели на Македонија да ја набават и прочитаат оваа возбудлива и интересна книга која сведочи за борбата на нашиот народ во Пиринска Македонија овој пат олицетворена преку македонскиот херој Кирил Иванов. За информации околу набавка на книгата (која има 120 страници А5 формат) пишете на е-маил на Александар Донски: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите од каде можете да воспоставите контакт и со самиот автор.

1kirui1

 1kirui12

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.