|
|
Дали фашизмот навистина е победен? |
Свекрва Секоја година на 9 мај во Европа се слави Денот на победата на фашизмот. Меѓутоа, иако поминаа речиси осум децении од потпишувањето на безусловна капитулацијат на нацистичка Германија и завршувањето на Втората светска војна на тлото на Европа, духот на фашизмот сеуште е жив, а Брисел сето тоа го толерира. Во последните години зачестена е глорификацијата на Хитлер и неговите соработници во повеќе земји на Европа. Книгата на Хитлер „Мајн Кампф“ се продава во огромни тиражи, а следбениците користат фашистички симболи, тетовираат свастики и употребуваат нацистички поздрав. На почетокот на минатата година во Европскиот парламент Ангел Џамбазки по неговото обраќање за време на седницата ја крена десната рака во знак на нацистички поздрав, што предизвика бес на дебатата за владеењето на правото во Полска и Унгарија. Меѓутоа, иако нацистичкото салутирање преставува сериозно дело, тој беше казнет само со одземање на шест дневници. Истата година, Европската комисија наместо остро да реагира, го премолча и присуството на бугарскиот државен врв во Битола на отварањето на бугарски културен клуб „Ванчо Михајлов“, докажан соработник на фашистичка Германија. Толератниот однос на Брисел кон своите земји членки каде се величат соработници на Хитлер го отвара прашањето дали фашизмот навистина е победен или повторно јава во Европа. Седумдесет години по смртта на Адолф Хитлер, неговото дело „Мајн Кампф“ стана јавна сопственост и дополнето со коментари, критики и анализи, во милионски тираж слободно се печати и продава ширум светот. Истовремено во јавноста се пуштаат говори на Хитлер. Така на пример, негов говор бил пуштен во меѓуградски воз во Австрија, а од звучниците се слушал и звукот на толпата која извикувала „Хајл Хитлер“ и „Зиг Хајл“. Во последно време постојат повеќе инциденти кои покажуваат дека фашизмот не е победен. Едноставно, неонацистите не се кријат. Тие стануваат се погласни, а иконографијата на Третиот рајх може да се купи речиси легално ширум светот. Во мај 2018 година, тетоважи со свастика и фашистички симболи на усташите можеа да се видат на комеморацијата во Блајбург каде во организација на Хрватска бискупска конференција и присуство на над 10.000 луѓе им се одаваше почит на стреланите припадници на усташката војска. Според многумина критичари ова бил „најголем фашистички собир во Европа“, но ниту Австрија, ниту ЕУ не реагираше. Денес, најголем отпор на Руската специјална воена операција во Украина им даваат припадниците на армијата на Украина, кои се следбеници на Степан Бандера, соработник на нацистите. Меѓутоа, за многу Украинци тој е национален херој, борец за независна Украина, идеолог и теоретичар на украинското национално движење во првата половина на 20 век. Во светот постојат и дејствуваат различни движења, групи и партии со неонацистичка идеологија. Тие се агресивни и моќни, а борбата против нивното влијание не е многу успешна. За разлика од Грција, каде челниците на партијата Златна Зора, кои го негираа холокаустот, завршија во затвор, многу други во Европа слободно делуваат. Обидите на поедини држави како на пример Бугарија за ревизија на историјата и рехабилитација на нацистичките соработници не водат кон единство и обединување на Европа. Напротив обидот да се наметне доминација на еден или два избрани народи во ЕУ, а другите како Славјаните дека „не се способни да управуваат со себе“ ќе доведе до распад на веќе изграденото единство. Брисел мора да разбере дека ЕУ може да оди напред само ако се обедини на антифашистички основи. |