Среда, 24 Мај 2023   
СПОРЕД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ: ПРОМЕНАТА НА УСТАВОТ НА РМ E "DONE DEAL" (ГOТОВА РАБОТА, т.e. СВРШЕН ЧИН)
1martin1 Мартин ТРЕНЕВСКИ
 
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРEЛИЧКИ - 201
 
1.  Сакам на почетокот на новиот циклус колумни најискрено да се заблaгодарам на сите што ми испратија честитки по повод јубилејниот 200ти број на серијата "ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ", но и на оние што не ми честитаа, па дури и на некои што ми испратија отровни стрели (!?), а сето тоа го сваќам како поттик за уште повеке да се анхажирам и да работам за македонската идеја и кауза. Впрочем, тоа сум го правел одсекогаш бидејки не знам поинаку, а веројатно е и семејно наследство од дедо Илинденец и татко носител на"Партизанска споменица 1941" и делегат на Првото и Второто заседание на АСНОМ.
 
    Со еден збор, продолжуваме со пишаниот збор со борбата понатаму!
 
2.  Една работа што стигна од преку барата не само што ме вознемири, туку и вистински ме загрижи! Имено, минатата недела, на сослушувањето во Комитетот за надворешни  работи на Сенатот на САД  за западен Балкан, кога станало збор за Република Македонија било констатирано дека, според оценките на американската дипломатија, промената на Уставот на РМ биле "done deal" /дан дил/ т.e. (готова работа, или свршен чин)!? Чудно, но на оваа констатација немаше никаква реакција (или можеби јас не приметив), од македонските мас-медии, а не ми се верува дека сите - и печатените и електронските, до последен се купени од власта!?
 
    Впрочем, за што станува збор? Па владеачката опозиција категорички инсистира во своите кампањи, особено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, дека наводно  Н Е М А  по никоја цена да гласаат во Парламентот и да обезбедат мнозинство од потребните 80 гласови (од вкупно 120 членови на Парламентот), а во последно време и помалите партии што се застапени во парламентот со по еден или два пратеници инсистираат дека и нивните народни избраници немало да гласаат за промена на Уставот!?
 
   Следствено, дали констатацијата изнесена во Сенатот на САД е паушална и од рака истресена за да се задоволат присутните во салата, но и други структури во американската дипломатија, или амертиканстата амбасад(орк)а во Скопје добро си ја завршила работата и сега треба да очекуваме слично - веќе видено сценарио овие месеци: опозицијата да глуми отпор кон притисоците од Брисел и Вашингтон за промена на Уставот на РМ и вметнување на бугарите како "конститутивен народ"  (Бог да чува и да брани). Но Сенатот на САД премногу сериозна институција и исклучувам било какви импровизации и маневри туку, сосема олигледно, тоа што е кажано беше е и сработено!!! Ваквата идеја (за промени на Уставоит на РМ)  би била - условдно речено - прифатлива да се наоѓаме на северот на континентот опкружени со данци, норвежани, финци или швеѓани, но овде на Балканот, според мене е  з а с т а р ш у в а ч к а, бидејки станува збор за вметнување на нација (бугарска) која сеуште сонува во 19от век за големи концепции, т.е. за Бугарија од Црното море до Охрид и сл.  Впрочем, доволно е да ги следиме изјавите на членови на Европскиот Парламент како Ковачев и Џамбаски  и слични на нив и се ќе ни биде јасно, За жал, и кај нас дома, се повеќе никнуваат ново освестени бугари (!) кои сосема извесно се тројански коњ на званична Софија во македонското национално битие!
 
   Но, да се вратиме повторно на фамозниот "дан дил" од Вашингтон. Дали можеби американската амбасадорка во Македонија Анџела П. Агелер на приватниот ручек тет-а-тет со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во нејзината резиденција на Водно во таа прилика можеби го убедила - онака нежно, за "полезноста" од промена на Уставот на РМ и вметнување на бугарите како конститутивен народ во него. Ваквата пракса на убедување (!?) не е нова бидејки бевме сведоци како се уценуваа и ослободуваа пратеници од затвор за да гласаат за промена на името на нашаша земја.
 
    Посакувам и некоја организација на македонците во САД да праша во Сенатот: што за нив значи констатацијата : "дан дил" (свршен чин) и кој го сработил, за да бидеме начисто како стојат работите!
 
3. Американската амбасадорка во Македонија Н.Е. Анџела Агелер неодамна констатираше во интервју за државната МИА дека "земјата е доjдена до точката кога самата треба да си ја отвори вратата кон посветлата иднина"! Според неа и актуелниот геополитички амбиент овде се рефлектира и во она што САД го гледааат и однадвор од Западен Балкан во смисол на  геополитички влијанија, но и за дезинформациите, што сега е глобална реалност.
 
   Амбасадорката Агелер ја пофали Македонија за реакцијата во однос на кризата со руската инвазија во Украина, посебно и за воената поддршка и поддршката за НАТО што, според неа, би требело да биде "извонреден пример и модел за многу поголеми земји од нашата во Европа"!
 
   Пофалбите од САД се секако добродојдени, но не изостануваат и критиките за корупција во општеството, за партизираното судство и неефикасноста на системот и институциите  на државата.
 
   А власта како да не ги восприема овие пријателски, но и некои не многу пријатни забелешки. Владата, на пример, пет пари не дава за злоупотребата на таканареченото европско знаменце и прекутрупа наметнува промени на закони само да ги задоворли барањата на конзорциумот Бехтел и Енка за исполнување на криминалниот договор за изградба на автопати во Македонија.
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.