|
|
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ПРЕФЕРИРАЛ КЕШ!? |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор на РМ ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 202 1. Со надоаѓањето на летните пеколни жештини во Македонија, се поочигледно е нетрпението, па дури и нервозата на званичните американски претставници од неможноста - така барем се чини, да наметнат промена на Уставот на РМ со вметнување во преамбулата на бугарите како "конститутивен народ", согласно преговарачката рамка што ни ја подметна ЕУ! Пред една недела во Македонија, во само четири часовна мисија престојуваше сенаторот Крис Марфи (еден од вкупно 100 членови во Сенатот на САД) со очигледна добиена задача да ги убедува политичарите, но и македонската јавнос,т за неопхопдноста за промена на Уставот со што ќе сме докажеле дека остануваме на евро-атлантската ориенцатија. Но Марфи отворенио и ни се закани: доколку тоа не сме го направеле до декември, годинава, тоа ќе влијаело на македонско-американските односи и ќе дошло до нивно влошување!? Сенаторе Марфи, македонскиот Устав беше оценет како најдемократски уште пред триесетина години од Бадентеровата комисија и каква мана му најдовте вие во Сенатот на САД? И какви евро-атлански интеграции ќе биле загрозени? Па Македонија е веке членка на НАТО Алијансата сенаторе и никакви "атлански" релации не може да бидат загрозени! Впрочем, Македонија најконкретно ја докажа својата лојалност кон Алијансата со испорака на тенкови, хеликоптери и авиони како воена помош на Укранина, што беше заложба и на НАТО Алијансата!!! Истите пораки како оние од сенаторот Марфи после неколку дена чувме и од американската амбасадорка во Скопје Ангела Агелер, која се поотворено се покажува како женско издание на оној нејзин претходник Џес Бејли кој ја турна легално избрана влада на Н. Груевски, за да го наметне измеќарот на Западот и одроден Македонец Зоран Заев. Н.Е. Агелер не само што потврди дека неусвојувањето на преговарачката рамка и промените на Уставот на РМ многу ќе ги заладеле односите на САД со РМ, туку, замислите, ќе предизвикало голема загрижженост дури и во Белата Куќа!? Патетиччно, па дури и смешно! Па што мисли Агелер, дека ќе не убеди во тоа што таа и споменатиот сенатор ни ги беседат нам? Па зарем Белата Куќа нема други поглеми проблеми да се занимава (да споменеме само неколку: војната во Украина; растечката криза околу Тајван; јакнењето и проширувањето на БРИКС, а со тоа намалувањето на американското влијание во светот; намалувањето на моќта на доларот и негова замена како сретство за плаќање....)? Треба ли да набројувам уште)??? САД очигледно не можат да се помират со фактот дека не живееме повеќе во униполарен свет во којшто тие (САД) се светска сила бр. 1, а сите други се регионални, како што веќе ги нарекуваат! На нивно жалење, ќе мораат да се помират то тој факт дека работите се променија на глобалната сцена и тоа што побргу - тоа подобро за сите нас!!! Но каква врска имаат САД со промената на Уставот на РМ и вметнување на бугарите во неговата преамбула? Па еве како: САД по Самитот на НАТО 2008 во Букурешт, кога Грција им плесна шлаканица в'лице на американците со блокадата за влез на Македонија во Алијансата (Проектот А3+САД, т.е. Македонија, Албанија и Хрватска да бидат примени во НАТО Алијансата беше а м е р и к а н с к и проект), Вашингтон ја смени тактиката: инстигира преку "шарената револуција" што доведе до падот на легитимно иззбраната влада на Никола Груевски и промена на Уставот и уставното име на змејата и слични методи да ги остварува своите цели во земјава)ѐѐѐѐ1 Но тука не заврши сценариото на Стејт Департментот! Грчките шовинисти не можат да се помират дека на планетава земја постои нација што се нарекува М А К Е Д О Н Ц И!!! Е токму за тоа, за нивно елиминирање (што според сценариото треба да се одвива етапно - во фази, а на што сесрдно асистираат американците, но и бугарите и тоа унисоно, во еден глас и политичките и секакви политички и квазинаучни институции) треба да се елиминира македонската нација. На тој проект сесрдно е ангажирана американската дипломатија, но не само таа. Се погласна во последно време се и дипломатиите на други земји, пред се некои чкенки на ЕУ. Тешко ми е на душава да изговорам, но фактите зборат во насока на онаа позната англиска изрека :"Со вакви пријатели, не ти требаат непријатели" (WITH FRIENDS LIKETHIS, WHO NEEDS ENEMIES?). А небаре сме стратрегиски (!) партнери!? 2. Холадскиот амбасадор во Македонија Дирк Јан Коп во едно обемно интервју предупреди деновиве дека доколку не се прифатела фамознатата преговарачка рамка за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, друга рамка немало да има!? Тоа, според амбасадорпт, било "невозможно"!? Па добро бре амбасадоре, што е со тебе, плашиш деца или едноставно не ја казуваш вистината? Па што ако, н не ја прифатиме преговарачката рамка и не го смениме Уставот? Најбескрупулозно ќе ја оставите Македонија на ветрометина и ќе дозволите отворање на ново кризно жариште во Европа? Па зарем не ви е доволна застрашувачката криза и страдањата на милиони недолжни луѓе во Украина на која не и се гледа крајот? Впрочем, амбасадоре, па самите холандски пратеници те демантираа дека не ја кажуваш вистината. Како ќе ја објасниш иницијативата на холадска членка на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент "да се повлече подршката од ЕП за уставни измени и историјата да се решава надвор од преговарачката рамка"? Фатен си во лага амбасадоре. Јавно изговорен збор пшовлекува одговорнос, ваша екселенцијо!!! 3. Како што наближуваат претседателските избори, се повеке растат амбициите на поединци кои се топорат за таа највисока политичка позиција во земјата. И кутриот Стево Пендаровски, завалијата, не крие дека посакува уште еден петогодишен претседастелски мандат!? Очигледно му годел чистиот воздух на Водно, во претседателската вила. Стево е посветен со неговиот правен тим, на разгледување на петте антиуставни закони што владеачкото мнозинство си ги донесе со европско знаменце, т.е. по кратка постапка, иако на тоа одлучно се спротивстави Мисијата на ЕУ во Скопје!!! Сега сосема јасно к дојде до израз уценувањето и пазарењето во стилот: ако сакате да ви ги потпипам, тогај ќе ме кандидирате по втор пат за претседател! И Стево ги потпиша указите за пакетот антиуставни закони изградба на коридорите! Но Стево очигледно заборава дека сепак народот е тој што треба да гласа и избира претседател. А народот памети Стево! Кажи барем нешто позитивно што си сторил за овие скоро пет години колку си на власт!? Не може да се забрават твоите јавни додворување кон екс-премиерот на Бугарија Бојко Борисов кому му се обрати со зборовите:"Бојко љубави"!? Скандалозна беше и твојата изјава кога при врачувањето на благодарница на завршетокот на конференцијата на невладината "2025" јавно изговори: "Јас преферирам к е ш, и тоа не го кријам". Тоа е јавна манифестација за корупција Стево, а холандскиот амбасадор во Скопје Дирк Јан Коп предупреди дека корупоцијата е главен проблем во Македонија за нејзините настојувања за членство во ЕУ! Патем Стево, да знаеш за друг пат: микрофоните не немилосрдни и секој звук го фаќаат! А постои и снимка од од оваа твоја изјава на крајот на конференцијата на "2025". И уште имаш образ да бараш втор мандат човеку? |