Среда, 07 Јуни 2023   
Марија Емилија КУКУБАЈСКА:НОВА ЖЕЛЕЗНА ЗАВЕСА СЕ СПУШТА МЕЃУ ЕУ И МАКЕДОНИЈА

1Marija Kukubajska Марија Емилија КУКУБАЈСКА

ЗА ЖИЛИ НА МИРОТ ИЛИ ЗА ЛИНИИ НА КРИМИНАЛНА ПОДЕЛБА?                                       

Ќе бидам среќна како граѓанин на демократска Република Македонија и на демократскиот свет, ако еден ден демократска Република Бугарија дозволи да можеме со нашите Македонци во Пиринскиот дел од Македонија, да се состанеме во македонски културен клуб, во име на трајната мудрост на Македонецот Гоце Делчев: Го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Со посетата да го удостојуваме значењето и потребата на македонските борци за човекови права во тој дел од Балканот и Европа.

Во времиња на практикување на демократијата во 21 век, Македонците во Република Македонија не смеат да живеат во страв дека им се одзема слободата на мисла и право на организирање во културен клуб во соседна земја со која е потпишан договор за добрососедство, клуб кој ќе го носи името на културен, книжевен и социјален активист, Македонец кој живеел и делувал во Бугарија, Никола. Ј. Вапцаров. На посетители од Македонија - почитувачи и братски подржувачи на македонското население од Пиринска Македонија, целта ќе е да се почитува историскиот факт дека македонското население има слободољубиви борци за универзални човекови права и слободи на народите. Не смее да е спорен светски документираниот факт дека и македонското население, како и другото европско, било жртва на фашизам. И Германија не го криела своето нацистичко минато, но Бугарија сеуште не се откажува од својата нацистичка идеологија; горда е со сликата каде Хитлер и бугарскиот крал Фердинанд седат еден до друг на олимписките игри 1936 година, во Берлин. Анти-демократски е што Бугарија негира дека Македонија била жртва на бугарскиот окупаторски фашизам и нацизам во Втората светска војна, и што истото го спроведува и во 21в.  

Македонија и Бугарија, се различни по големина, но имаат договор за добрососедство кој треба да значи договор против неправдите, а не спротивното. Од неговото потпишување „Договорот“  се покажува како врвен пример за цинизам и хипокризија, за измамнички пропагиран влез во ЕУ клубот што се чува само за непринципиелно Макијавелистички одбрани членки. Македонците имаат ултиматум, пред себе и идните генерации: да се борат за рамноправен натпревар меѓу народите, и со соседите, или да се жртви на пост-хумано гладијаторство без правила и без морал. 

Черчил се изјаснил (5 март 1946 година, во својот славен говор „Жилите на мирот“,  Вестминстер Колеџ, Фултон, Мизури, САД) дека за реален мир е неопходно „доследност на идејата, истрајност во целите и голема едноставност во одлуките“. Таквата рационална порака не постана анахронична. Затоа, човештвото, како и ние Македонците денес, како и Черчил тогаш, треба да чуваме врежано во нашите заложби еден клучен стратешки социјален концепт. Тој е сврзно ткиво за мир и стабилност кај народите, и, новозамислената стратегија на западната глобална „федерализација“ не смее, преку лажна еднаквост во одлуките - да дискриминира и диквалификува помали народи и држави на светот, понемоќни домови и фамилии. И во војна и во мир - на сите им е потребна благосостојба, безбедност, економски и образовен развој.

И од Черчил, и од државниците денес, би се очекувало да се придржуваат кон праведни и морални политички стратегии во спроведување на унифицираните демократски закони на ЕУ. Од победата над фашизмот 1945, преку студени и огнени војни, и хибридни тирании, до обновени судири со неофашизмот по само неколку децении, Европа уверува дека транзитира од заблуди до реални мирољубиви цели. Држави од Африка и Азија се ослободуваат од европското колонијално владеење. Западната политика ги осудува чистките на евреите и во СССР, иако токму марксистичкиот Запад ја организира анти-руската Бољшевичка револуција против руската монархија и народ. Европските монархии се зачувале како музеи на цивилизациски вредности, а руската грандиозна цивилизација и денес е напаѓана.

Во процесот на светска демократизација и либерализација, се случува европски и светски преседан спротивен на цивилизациските вредности и права гарантирани од ОН и од демократските европски парламентарни монархии. Насилно, незаконски и во суштина анти-демократски, се уништува еден европски народ, македонскиот, и се растура, цепи и докрајчува една суверена држава, Македонија. Освен Бољшевичката чиста во СССР, истребувањето на домородните народи во колониите на Западна Европа и холокаустот на еврејскиот народ, се случи и расистичката грчка чистка на Македонците во Егејска Македонија. Но, се случува и најновиот процес – „демократска чистка“на Македонија, бришење од светските карти и архиви. Перфидно криминално, глобално финале 2023, по поделбата на Македонија, 1913. Геноцид пред лицемерното лице на ЕУ совеста?

До денес не е дозволено ниту да се споменува, ниту да се проценува холокаустот на  Македонскиот народ во Егејска Македонија, иако Черчил си поставил врвна задача да ги штити народите на светот од ужасите на бесмислени злосторства и војни. Меѓутоа, и ОН затвораат очи пред неправдата додека ЕУ и балканските народи ја уништуваат Македонија, независната држава со автохтон и историски постоечки македонски народ. И на Черчил и на македонскиот народ му е јасно дека самостојна држава и национална самосвест во светскиот „храм на напредокот“, не е можно да се поставуваат на песочни дини, кога тие постојано се поместувани од менливи партиски и гео-политички ветрови. А квалитетна и цврста подлога на современата политичка екологија и историја не и’ е  дозволена на Македонија. Природен и општествен закон е дека мирот се постигнува меѓу слободен народ, со природни права на независна национална самосвест, а не меѓу окупиран, непризнаван и насилно ликвидиран народ, македонскиот народ во Македонија. Мирот се постигнува со владеење на правото на мисла, говор и избори - непречено од партиска диктатура и непореметено од корумпирано манипулирање со демографските политики. Кога се владее преку економско сиромашување и социјална немоќ, до изгладнување, кога се партизира правото на работа и се спречува достоинствена заработка, кога нема непречен развој во образовни, научни и истражувачки цели, без партиска дискриминација и политичко-економско принудно исселување надвор од родната земја и постоечката држава – на народот му останува или и понатаму, забрзано, да се исселува од окупираната земја, или да молчи и да одумира.

Но, македонскиот народ не смее да дозволи, по 27 века запишано постоење – да биде отпишан од народите на светот. И јазиците треба да се борат да го бранат сопственото право на говор, писмо, комуникација и национална литература во рамки на светските културни наследства. Слични јазици, хрватски и српски или бугарски и македонски, не смеат да се предуслов за наметнување на една и иста државна власт, или на една заедничка историја, кога нивните историски и дипломатски докази, и национална свест, се инкомпатибилни и присилени на неодржлива инклузивност. 20-21 век се бори да се прикаже како Нов Храбар Свет, но се докажува како свет на Големата Измама и владеење на Луѓето на Лагата. Се потпишуваат договори кои предвидуваат брзи прекршувања. Таков бил и неодржливиот договор меѓу Западот и СССР кој довел до Студената војна и до поделбата на Европа со железна завеса, навестена од Черчил. Но, таа завеса железно надвиснува и денес, со сурова дипломатија во железни чизми, газејќи ја Македонија саркастично џентлменски.

Среде мрежи на еколошката манија за заштита на врстите на планетата, не смее да се дозволи македонскиот народ и човек да се нерелевантни. Не смееме да дозволиме реалноста да ни’ биде одземена од раце, да ни биде укината од свеста дека е наша вистина која мора да ја браниме пред негаторскиот свет, со сите наши научни, технички, умствени и хумани ресурси. Македонија треба да го брани своето универзално право на постоење, пред да биде примитивно распродадена, испразнета и поделена во оваа втора и веќе неповторлива транзиција, пред да биде предоцна за мир и лекување на жилите на мирот на македонскиот народ.      

2023 година. Тектонски се изместуваат гео-стратешките плочи на светот. Европа не е веќе таа иста Христијанска цивилизација која Западот по 1945 година уверувал дека ја брани од Бољшевичката комунистичка интернационала. Глобализмот е нејзина нова верзија.  Сега и Руската федерација не е веќе Советски комунистичка, ниту Кина е Мао-истичка, ниту Индија, Индокина, Африка се колонии. Секоја  држава одлучува да одлучува за своите приоритетите, за доброто на народот.  

Во наши раце е, сеуште, судбината и иднината и на македонското постоење како народ и држава меѓу народите и државите во ОН и ЕУ. Соседите на Македонија чинат се’ за да успеат - без конвенционална војна да го окупираат македонскиот народ, и преку своите ментори за замислената нова поделба на светот, да ја прогласат Македонија за немакедонска територијата. Но, која поделба и кое освојување било трајно, ако народот не бил уништен до крај. Таков е примерот со издржливоста и постојаноста на светските народи, меѓу кои и на израелскиот. Со прифаќање на диктатури насилно спроведувани од надворешни и внатрешни актери, со покорност кон непријателите на правдата и мирот - никогаш не се постигнувало трајно решение, туку само прикривање на закопаните непријателства.

Не плаши се, Македонски народе, стравот е средство на непријателите. Не бегај од ново наметнати неправди! Барај решенија за одбрана. Стари се македонските страдања, но нема застарување на македонската волја и снага да се брани од тековната катаклизма со угинување под современа ЕУтаназија, во војна на „големите против малите“. Македонски народе, не дозволувај да те фрлаат во жива Балканска кал. Те чекаат да градиш свои трајни патишта кон здрава иднина. Запри ја агонијата, народе, иако ти се чини дека си неодбранет, заведуван, изгладнет и нестоплен, ограбуван од трговци-фолиранти и авантуристи-профитери, арогантни, привремени туристи,  загадувачи и пљачкаши на македонската плодна почва. Поделбата на Македонија не е опција.

Осмели се, народе! Покажи ја својата морална и правна снага. Спротивстави се на измамнички пропаганди кои те онеспособуваат. Стопи ја железната завеса спуштена меѓу ЕУ и Македонија. Со што? Со Македонското сонце! И секогаш, и сега, тоа е исто, моќно - со светлина за сечија правда.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.