Среда, 21 Јуни 2023   
Ламбе Арнаудов: Декларацијата за независност беше првото исполнето ветување кон македонскиот народ од страна на ВМРО-ДПМНЕ

1 LambeЛамбе Арнаудовна на трибината „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“

355010113 823995212415740 6161967821932221915 n

Вториот ден после конституирањето на првиот парламентарен состав, ја имав честа да ја поднесам Декларацијата за независност на Република Македонија, тоа беше шок во Собранието и почнаа игрите и интригите како да се спречи тоа. Се трудеа на секој начин да не сопрат, но тоа што ние пред народот го ветивме дека ќе се бориме за независна и самостојна држава, не попуштавме пред притисоците кои се редеа кон ВМРО-ДПМНЕ и кон мене, немаа избор ја ставија на дневен ред и се изгласа, изјави Ламбе Арнаудов, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот на денешната трибина „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“.

Арнаудов истакна дека тоа беше првото исполнување на ветувањата од ВМРО-ДПМНЕ и можеби најзначајно.

- Ја поставивме ВМРО-ДПМНЕ во симбиоза со македонскиот народ, нераскинлива врска која ќе трае додека македонската држава е биде направена под терк на народот, рече тој.

ВО однос на основањето на партијата како што посочи Арнаудов, се започнало од дијаспората каде патриоти  Драган Богдановски, Гојко и Мане Јаковлевски, Владо Транталовски, а тука заедно Борис Змејковски, Дијана Транталовска започнале да организраат подготвителна база како ќе изгледа ВМРОД-ДПМНЕ.

- После овој ден денешен еруптивно тргнаа националните чувства и беа поставени идеалите и целите на ВМРО-ДПМНЕ за создавање на суверена и независна Македонија. Почнавме да ги организираме сите тела онака како што беше предвидено во уставот на историското ВМРО-ДПМНЕ, потоа се формираа тела и на следните парламентарни избори убедливо победивме и направивме држава која со сите нишани и атрибути беше подобра од сега, изјави Арнаудов.  

33 godini vmro-dpmne 74

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.