|
|
ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ БИДЕЈЌИ ЌЕ ЗАВРШИМЕ КАКО ЕТРУРЦИТЕ |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 204 Американската амбасадорка во Македонија, Нејзината Екселенција Ангела Агелер невообичаено остро го нападна минатиов викенд лидерот на опозицијата во Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски затоа што не прифаќа промена на Уставот на РМ со прифаќање на преговарачката рамка за почеток на преговори на нашата земја за членство во ЕУ. Зачудува нетактичноста на нејзината Екселенција Агелер и непочитувањето на елементарните узанси од Виенската конвененција со која се регулирани правилата на однесување на дипломатите акредитирани во д р у г и /туѓи/ земји!? Сигурен сум дека Г-ѓа Агелер е свесна што прави бидејки таа е искусна дипломатка која ја претставува својата земја (САД) во земја на акредитација (РМ) со која имаме и договор за стратегиско партнерство (!) и сме с о ј у з н и ц и во воената НАТО Алијанса!!! Самата оценка на политиките на партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски е в н а т р е ш н а работа на тој политички субјект и нејзиниот лидер и амбасадорката Г-ѓа Агелер ниту е овластена, а ниту е политички повикана да носи суд и јавно да го искажува својот критички став доколку нешто не и се допаѓа, овој пат преку државната агенциоја МИА! Политките на водечката политичка партија од македонската опозиција се нејзина работа и таа легитимно ги брани интересите на македонскиот народ, наспроти бруталното и силеџиско однесување на ЕУ која наметна како услов за почеток на преговори рамка со инсистирање за промена на Уставоит на РМ! Патем, таа преговарачка рамка е по теркот и во функција на бугарските интереси! Но, никогаш не смееме да испуштиме од предвид дека зад таквите намери се крие и грчката политика на антимакедонизам и настојување по секоја цена да се избрише дури и како поим и самиот поим македонска нација. Не смеам во оваа прилика да пропуштам а да не кажам збор-два за однесувањето на Франција која се занесува дека сеуште го живее својот колонијален сон на голема сила од 19от век, и демек сега жари и пали во ЕУ! Сега, со својот ЕлЏиБиТи претседател Макрон Франција им намена на останатите членки на ЕУ да прифатаа антимакедонски и пробугарски ставови во форма на преговарачка рамка кон Mакедонија, а нам ни ја нудат во стилот "земи, или остави" /таке it, or leave it/. Преговарачката рамка е уникатна (во негативна смисла) бидејки во неа се поместени услови (како за ниту една членка на ЕУ) што Македонија не може и НА СМЕЕ да ги прифати. Познат ни е францускиот а н т и м а к е д о н с к и, или подобро речено пробугарски и над се прогрчки став, но иритира фактот што кај нас дома речиси секојдневно ни маршираат разноразни, небаре добронамерни (?) емисари - те понекој американски сенатор, те некој претседател на држава,те. те те.. за да не убедуваат колку добро за нас би било да се усвои контроверзната преговарачка рамка!? А би ги запрашал тие емисари: Зошто кога се дискутираше во Брисел за компонирање на таа преговарачка рамка не реагираа на невозможните услови што ни се наметнуваат и наместо награда и валоризација на нашето конструктивно однесување како држава изминативе 33 години од прогласувањето на независноста, се обидуваат по секоја цена да не понижат и малтретираат до исчезнување. Некој ќе рече: тоа е реал политика! Јасно ми е, но тоа н е м а д а помине!!! Колку и да сме, сепак ќе одолееме на сите притисоци од каде и да доаѓаат! Но да се вратам на Г-ѓа Агелер. Мадам амбасадор, познато ми е сценариото на Стејт Департментот за бришење на македонската нација, во фази се разбира и тоа на долга патека. Сегашнава фаза со фамозната преговарачката рамка на ЕУ е многу битна во тој процес бидејки со нејзиното усвојување (далеку било) практично се создава правна рамка за институционална бугаризација на етничките Македонци и постигнување на зацртаната цел - исчезнување на Македонците како нација и создавање на некаков амалгам којшто во некое идно време можеби ќе треба да биде припоен на Бугарија!? Со тоа, воедно и би се оствариле нивните Санстефански соништа, а Грција би била единствен сопственик на се што има бренд Македонија и македонско! Со други зборови, длабоката држава од преку барата ни ја зацртала пред деценија и повеќе на нас Македонците судбината на Етрурците, народ со висока култура што живееле северно од Рим, но со ширењето на Римското царство биле освоени и едноставно се претопиле со Римјаните и исчезнале. Ете, тоа ни го имаат смислено нашите стратегиски партнери (!), а бидејки реализацијата на тоа сценарио ја кочи ВМРО-ДПМНЕ, амбасадорката Г-ѓа Агелер јавно манифестира недиплоамтска нервоза. Ја користам приликава јавно да го охрабрам претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозицијата Христијан Мицкоски да издржи во својот став - многу јасно искажан на одбележувањето на 33-годишнината од основањето на Партијата, дека "нема да има прифаќање на преговарачка рамка под бугарски диктат", а лично би посоветувал: сите кои сме со таа определба да внимаваме на подлостите и подметнувањата што длабоката држава може да ни ги смисли и подмести, бидејки тие ненаат никакви скрупули и не се либат од ништо само да ја постигнат својата цел. Еднаш веќе го искусивме тоа со шарената револуција, туркањето на легитимната влада на Груевски и се друго што ни приредија - затвори, купување поратеници, уцени... за промена на името на државата. |