|
|
Колку е процентот на омразата кон Бугарија и дали некогаш ќе прекине таа голема омраза ? |
Александар Џеповски Колку е процентот на омраза кон Бугарија и дали некогаш ќе прекине таа голема омраза ? Дефинитивно има голема и преголема омраза кај Македонците кога е во прашање Бугарија и тука мора да направиме заклучок и воедно колку е загрижувачки овој податок. Омразата не доаѓа од вчера или десетици години порано. Самото константно негирање и безобразно крадење на име, историја, црква, писмо, историски личности, право на самостојност и многу други работи се дел од мазохистичко малтретирање кон Македонците и нивното осознавање што навистина е големо прашање што се трпат и дозволуват таканаречените хумани цивилизирани и паметни личности без примедба кон Бугарите. Меѓувремено односот на Македонците кон Србите па ете и кон Грците е апсолутно на добро ниво специјално со Србите а се разбира и со останатите бивши југословенски републики. Па дури и ако сакате или да се сложите дека воедно и со Албанија и Косово имаме подобри односи и разбирање него ли со Бугарија. Колку и да изгледа чудно и апсурдно, сепак тоа е вистината во моментов а до кога ... здравје само па белким ќе дознаеме скоро. Зошто Бугарите се толку омразени ( од Нас Македонците ) а воедно не се запрашуваат самите, да се потрудат и да се корегираат малку или малку повеќе ? Зошто наместо самокритика излегуваат со повеќе фалсификати и глупи навреди за нашиот идентитет? Крајно нешто што треба да го реши овој проблем е вистината, но дали е возможно тоа ? Ако до сега вистината не го реши овој проблем логично е да го игнорираме ама пустиот виси и бдее над Нас секојдневно и само се прашуваме - до кога ? АЈДЕ ДА РЕЧЕМЕ ДЕКА ГОСПОД ЌЕ СЕ СИМНЕ И ЌЕ ИМ ЈА КАЖЕ ВИСТИНАТА, ДАЛИ ТИЕ ЌЕ ПРИФАТАТ ? ПУСТА НАДЕЖ САМО ОД НЕГО НИ ОСТАНА. АМИН !!! |