Среда, 05 Јули 2023   
АПЕЛ од друштво на Македонците од Панчево - Војводина, Р.Србија
13336
 
                АПЕЛ од културно-научниот центар на Македонците од Панчево,Р.Србија

Апелот е испратен преку Славе Николовски-Катина, голем подржувач на Македонците каде и да се во светот и бранител на македонската кауза.

Почитувани,
            
Ние сме група Македонци од Панчево, Војводина, Р.Србија. Со скромни средства во рамките на нашите можности се обидуваме да формираме Културно-научен центар на Македонците во Панчево, Република Србија.
 
Потребни ни се книги, публикации, музика, филмови а се напишани и создадени од македонски автори кои имаат научна, уметничка вредност и оставиле траен белег како во Р.Македонија така и во поширокиот регион.
 
Во  таквиот центар сите Македонци кои живеат во Војводина и пошироко ќе имаат можност да ги користат материјалите од областа на Наука, Историја, Географија, Книжевност, Антролологија, Етнографија, Култура и Уметност.
 
Културно-научниот центар на Македонците од Панчево,Р.Србија нема да е само информативен, туку и научно-културен и уметнички центар каде би се случувале: проекции на македонски филмови, читање на македонски поезија, натпревар во кулинарски вештини, изложби, одржување на конференции итн.
 
Сите донирани книги, публикации, музички, филмски дискови од  Ваша страна ќе послужат да се формира библиотечен и видео-фонотечен фонд во нашиот центар во Панчево. 
 
За таа цел се обраќаме до сите Родољуби во Р.Македонија да ни излезете во пресрет и доколку  е во ракмите на вашите можности да ни помогнете во оформувањето на библиотеката на културно-научниот центар на Македонците од Панчево, Р.Србија.
 
За комуникација, давање на материјалите го овластуваме нашиот драг пријател Сашо Карапанчев, кој има студирано и живеено кај нас, а веќе извесно време живее во Скопје, Р Македонија. За подетални информции можете да го контактирате на неговиот моб: 077 947 803, или на мејл:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
 
Инаку Сашо Карапанчев по татково потекло е од Егејска Македонија село Габреш, Костурско кој има богато ЦВ-со кратка биографија на македонски и англиски јазик.
Неговото образование е такво кое бара вработување во државни научно-културни институции или приватни научно-културни институции (но такви во Македонија нема) што останува само во државните научни институции.
 
За Ваша информација, Сашо Карапанчев е пионер во Македонија за политичка Географија, културно-историска Географија и Геополитика. 
 
За жал властите во Македонија до денес немаа разбирање и желба да го вработат Сашо Карапанчев. Ве замолуваме, доколку сте во можност да му помогнете за вработување на овој надежен научник со голем интекектуален потенцијал и креативност.
 
Исто така Ве замолуваме ако имате контакт, да ни ја испратете мејл адресата и моб.телефон од големиот борец за Македонците и нивните права г-дин Алдо Климан (книжевник) од Пула, Хрватска на  кого актуелната Влада на Р. Македонија му го забранија влезот.
 
Однапред Ви благодариме на вашето разбирање и одвоеното време за нашите потреби.
 
Со почит,
  
Дејан Кицошев (еден од основачите на културно-научниот центар на Македонците од Панчево,Р.Србија)
 
1DOOM Македонска нација: http://www.mn.mk/
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.