Среда, 05 Јули 2023   
HAPPY NATIONAL DAY U S A - ЧЕСТИТ ПРАЗНИК АМЕРИКА
1martin1
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен мионистер и амбасадор
 
Денес, кога го пишувам овој текст, е четврти јули - националниот празник на  С А Д (Fourth of July), нашиот стратегиски партнер и воен сојузник во Северно-атлантската алијанса, НАТО.
 
И, како што е ред, им го честитаме големиот празник со желби за просперитет и благодети  за Американскиот народ и за јакнење на стратегискто партнерство и соработка на сите полиња меѓу САД и Република Македонија.
 
Ќе ни треба многу простор да ги опишеме врските и соработката меѓу нашите две земји. На пример, читајки ги дипломатските депеши што американските дипломати ги испраќале од Истанбул во  XIX-от век во Вашингтон, јасна е заложбата  во полза на Македонија со нивната заложба за автономија во рамките на Отоманската империја. Јасна е заложбата на Американската дипломатија и за зачувување на целовитоста на Македонија на почетокот на XX-от век кога се погласни биле заложбите на соседите за поделба и распарчување на Македонија. Ќе останат длабоко во нашата колективна меморија ставовите на претседателот Вудро Вилсон за подршка на Македонија.
 
Нашето сојузништво особено дојде до израз во текот на Втората светска војна кога Македонските партизани рамо до рамо со Американците се спротиставија на најголемото зло на XX-от век - нацифашизмот! Македонија и САД се единствени земји кои  с а м и  се спротиставија и го победија фашизмот!!!
 
Америка својата подршка кон Македонија отсекогаш беше искрена и солидарна. И денес има понекој во поодмината возраст што ги памети "Трумановите јајца", како дел од помошта во храна кога земјата беше на работ на глад, истоштена од војната. Го паметиме и "Лоренс од Македонија", младиот американски дипломат (несуден македонски зет) кој беше задолжен за дистрибуцијата на американската помош на пострадатите од скопскиот земјотрес во 1963 година (подоцна стана и Министер -Државен секретар, за надворешни работи на САД). Листата на гестови на пријателство и солидарност немаат крај, но не може а да не го споменам гестот на претседателот Џорџ Буш помладиот кој ја призна Македонија под нејзиното уставно име и го иницира потпишувањето на Диговорот за стратегиско партнерство помеѓу САД и Република Македонија!.
 
 Денес, благодарејки токму на САД, сме рамноправна членка на воената алијанса НАТО, што е најголема гаранција за нашата безбедност и целовитост, Воедно, нашата армија активно учествува во операциите што ги превзема Алијансата во борба против меѓународниот тероризам и други зла што му се закануваат на човештвото.   
 
Соработката со САД на економски план, но и на многу други полиња и тоа пред се со нивна финансиска и стручна помош е постојан пораст, за што сме искрено благодарни.
 
За високото ниво на соработка меѓу двете земји голема е заслугата и на македонската емиграција која живее и твори во Америка, но не ги заборава своите корени во трите делови од разделена Македонија.
 
По традиција, амбасадата на САД ќе го одбележи националниот празник со голем прием (обично ме канеа со сопругата професор и амбасадор, но не овој пат!?) во американската амбасада на скопското Кале, а верувам нема да изостанат и oгномет.
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.