|
|
Писмо од командантот на дванаесеттата германска армија до бугарскиот генералштаб за влегување на бугарските трупи во Македонија |
Свекрва Власта предводена од СДС и ДУИ, во обид да и се додвори на Софија, континуирано ја искривуваaт историската вистина. Намерно или случајно се забораваат или изоставуваат историски факти речиси на секое чествување на настан од историјата на македонскиот народ. Меѓутоа, обидите за преиначување на историјата ги побиваат историските документи од кои повремено се трга прашината на заборавот. Писмо од командантот на дванаесеттата германска армија до бугарскиот генералштаб за влегување на бугарските трупи во Македонија од 18 април 1941 година, испратено по априлската војна во Кралството Југославија (6 – 18 април 1941 г.), ги демантира сите оние кои во последно време се обидуваат да ги престават Бугарите како администратори, а не како окупатори за време на Втората светска војна. Имено, според тогашниот германски воен план за напад на Кралството Југославија, било предвидено дополнително влегување на бугарските трупи во Македонија и Србија. Со таа цел армиската германска команда во согласност со германскиот генералштаб упатува до царскиот бугарски генералштаб разработена програма за учество на бугарските војски во окупацијата на Југославија и Грција. Во писмото за Армиската врховна команда потпишно од Началникот на генералштабот (Ганс) Фон Грајфенберг упатено до царскиот бугарски генералштаб стои: „До Кралскиот бугарски генералштаб
На предлог од Армиската врховна команда, Фирерот одобри бугарските трупи да влезат во Тракија и тоа на подрачјето меѓу Струма и линијата Деде Агач – Мустафа-паша.
Бугарските полициски сили и воени единици можат да влезат исто така и на територијата на Југославија, но за сега да не ја поминуваат општата линија: Пирот – Врање – Скопје – токот на Вардар до грчка граница.
До колку заради бугарската окупација ќе бифат тангирани нашите операции, бугарските единици ќе и бидат потчинети на 12. армија.
Армиската врховна команда моли да повелите да наредите да влезат бугарските единици на споменатите подрачја.
Со оглед делка борбите уште се во тек, се молите окупацијата да се изврши под следните услови:
1. Патиштата: Ќустендил-Скопје, Горна Џумаја-Велес и Скопје и’ стојат и за понатаму првенствено на расположение на германската војска.
Бугарските трупи можат нив да ги употребуваат по спогодба со командата на 50. Армиски корпус.
2. Бугарските трупи има да се снабдуваат самите (со храна, погонско гориво итн.). Тие не можат да се потпрат врз германските установи за снабдување.
3. Пленот од војната којшто има воено значење (на пр. заробеници, оружје, коњи, опрема итн.) И стопанско значење (на пр. резерви, сообраќајни средства, погонско гориво итн.) и припаѓа без исклучок на германската војска. Бугарските трупи се обврзуваат дека по наредба на германската команда ќе дадат помош при собирањето и чувањето на овој плен.
4. Врска со бугарската команда во Македонија ќе одржува генералната команда на 50. армиски корпус. За Тракија е определена генералната команда на 30. армиски корпус. Се молите да стапите веднаш во врска со овие генерални команди, коишто од името на Армиската врховна команда ќе ги регулираат подробностите за окупацијата.
5. Се моли Кралскиот бугарски генералштаб да ја извести Армиската врховна команда: а) Кои единици се определени за окупација на споменатите подрачја во Македонија, односно Тракија. б) Маршевските патишта и привремените сместувачки простории за овие бугарски трупи. в) Почетокот на влегувањето и достигнатите дневни цели.“
(Долументи, II, Скопје, 1981 год., стр. 289-290;) |