Среда, 19 Јули 2023   
Доста ни се‘ празни ветувања и празни муабети !

1svekrva

Свекрва :Не за уставни измени под бугарски диктат!

По тројката шефови на дипломатии на Австрија, Чешка и Словачка, кои минатата недела беа во Скопје, за да лобираат за уставни измени, оваа недела во земјата дојдоа министрите за Европа на Германија, Франција и Полска.

Наместо евроинтегративен процес на Македонија да биде заснован на европски принципи, Копенхашките критериуми,  европските дипломати се дрзнаа да бараат земјата да направи компромис на штета на македонскиот народ. И во двете мисии европските високи дипломати извршија притисок врз опозицијата во земјата да се сложи  со уставни измени.

Минатата недела министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и на Словачка, за време на посетата на Скопје порачаа дека „интеграцијата во ЕУ треба да биде прашање на национален консензус и дека колку побрзо се донесат уставните измени толку побрзо земјата ќе стигне до ЕУ и  дека предвремени избори би биле контрапродуктивни“.

Шефот на австриската дипломатија Шаленберг во својата изјава ја уверуваше македонската јавност дека не се мешаат во внатрешните работи на земјата, но и порача дека нема време за губење и дека би сакала земјата да продолжи  со потребните  уставни измени за да почнат преговорите за членство. Според него, да се одложи усвојувањето на амандманите значи да се одложи пристапувањето на земјата во ЕУ.

Уставот е внатрешно прашање на една држава. Иако европските дипломати говорат дека не се мешаат, во овој случај нивното лобирање за уставни измени претставува класично мешање  во внатрешните работи на земјата. Тие бараат измени на Уставот иако мнозинството на народот се против уставните измени без реципроцитет. Односно, европските дипломати забораваат на фактот дека мнозинството од народот е за влез во ЕУ, но е против влегувањето на Бугарите во Уставот. Според анкетите, две третини од испитаниците се против уставните измени.

ЕУ бара од Македонија да направи уставни измени, но кога е во прашање земјата ги заборави Копенхашките критериуми, како и на одредбата за помагање на склучување договори на реципрочна основа при регионална сорабтка. Така да договорот на Скопје со Софија воопшто не е, равноправен и тој ја фаворизира Бугарија. 

Едноставно народот повеќе не им верува на ветувањата на преставниците на меѓународната заедница, бидејќи земјата направи многу остапки а за возврат не доби почеток на преговори за влез на ЕУ.

Македонија смени знаме, име,... а сега по барање на Софија се инсистира земјата да направи уставни измени, да се откаже од сопствената историја, идентитет и јазик,... Всушност на ЕУ и на Софија која покажува отворени аспирации кон Македонија, не може да им се верува.

На мнозинскиот македонски народ сосема им е јасно дека правењето на нов компромис, без цврсти гаранции, не значи и започнување на преговори за членство во ЕУ, туку почеток на процесот на бугаризација во земјата.

ВМРО ДПМНЕ застана цврсто во одбрана на  интересите на македонскиот народ. 

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ и парламентарните партии од Коалицијата за обнова на Македонија на средбата со таканаречената Вајмарска група, јасно им кажаа : "Се залагаме за членство на Македонија во Европската Унија со силно зачуван и зајакнат идентитет, јазик, култура и вредности. Остануваме на ставот дека Уставни промени во околности на политички диктат од соседството не се прифатливи.

„Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет, било посочено на средбата на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски и претставници на коалициските партнери.“ 

Драги мои браќа и сестри, во овие мигови кога повторно ни е наметнато прашањето за нашиот идентитет потребно е храбро, одговорно и гордо сите заедно и позиција и опозиција да кажеме: ДОСТА Е!

Нашето единство денес како и многупати досега е историска потреба, затоа што само на тој начин сплотени околу заедничките национални и државни интереси можеме да продолжиме да градиме демократска, модерна и слободна македонска држава, која ќе биде почитувана и уважувана од сите народи и држави во светот. Македонскиот народ и чесните граѓани одамна го заслужуваат тоа.

Ајде конечно да се обединиме во интерес на нашата Библијска Македонија и гласно да им кажеме, на сите тројки од ЕУ кои до сега ни дојдоа на гости и на сите идни кои ќе доаѓаат, ДОСТА Е!.

ДОСТА Е! Со празни ветувања и празни муабети!

ДОСТА Е!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.