Петок, 28 Јули 2023   
Тодор ПЕТРОВ: ВО БУГАРИЈА ИМА СЕ’, САМО БУГАРИ НЕ’
3306047
 
Тодор ПЕТРОВ: ВО БУГАРИЈА ИМА СЕ’, САМО БУГАРИ НЕ’, ИАКО ПО УСТАВ СИТЕ СЕ’, И ЗАТОА БУГАРИ ВО УСТАВОТ НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА? НЕ, БЛАГОДАРИМЕ!
 
Извесна, не е важно која, секакви ја газат земјата Македонија, вели: “Вмороните сакаат сите да бидеме бугари ... затоа не сакаат ставање бугари во Уставот! Един народ во две држави ... па вие сега мислете му ја!“
 
Плиткоумно расудување, ама таков е менталитетот кој го произведува марионетската матрица за своја клиентела. А, вакво е расудувањето, затоа што воопшто не мислат! Да биде појасно: Барањето на Софија за Бугари во Уставот на државата Македонија не е заради разграничување, туку заради изедначување: Македонците да бидат Бугари, затоа што Софија верува дека Македонците се Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик, Македонија е дел од Бугарија, Бугарија не извршила окупација врз Македонија во Втората светска војна туку вршела територијална администрација, убиствата биле на идеолошка основа како граѓанска војна во Македонија, во Бугарија нема Македонци бидејќи такви не постојат! Еве оваа е вистината за софиското “един народ во две држави“! Ама, кому да кажиш: на слепи, глуви и неми? Тоа Ви е исто, како кога ќе речете: Невестата е добра, малку е, не е многу трудна! Па, нема малку или многу трудна невеста, таа или е, или не е! А, ако е, по девет месеци ќе се породи! Ако ставите маја во млеко, тоа сето ќе се скисели!
 
Затоа, повторувањето како мајка на знаењето: Најголема болест на македонското општество е врховизмот. За жал, ниту науката, уште помалку политиката, не го демистифицираа овој феномен во Македонија и меѓу Македонците, а важно е, во контекст на антимакедонизмот на Бугарија и барањето на Софија за Бугари во Уставот на државата Македонија.
 
Куса ретроспектива... Љупчо Георгиевски 1990 година тргна со македонската фаланга на Александар Македонски до Индија, заврши со бугарско државјанство во Софија, денес е мегафон на бугарската антимакедонска пропаганда во Македонија. За Љубчо Георгиевски членовите на СДСМ беа србомани, за Бранко Црвековски членовите на ВМРО-ДПМНЕ беа бугарофили. Сега Љупчо Георгиевски со неговата ВМРО-НП е во коалиција со СДСМ, членовите на ВМРО-ДПМНЕ за Љупчо Георгиевски се југословени. Зоран Заев велеше дека го црпнале од Муртино од нива, го седнаа на фотеља во Владата, бил во избраните од Калето, стана поголем бугарин од Бојко Борисов во Софија. Добивме марионетска влада да го затвори македонското прашање со Атина и Софија, да не нема, да не постоиме!
 
И суштината: Врховизмот не е етничко, туку геополитичко прашање. Врховизмот значи колаборационизам. Врховизмот значи сервилност на определена номенклатура, која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт во Македонија бара од некоја друга и туѓа метропола. За нив важи слоганот: Дајте ни власт нам, ние ќе ги оствариме Вашите интереси во Македонија. Во дваесеттиот век тие метрополи биле Белград, Софија и Атина, во дваесет и првиот век - Брисел, Стразбур и Вашингтон. Да биде уште поразбирливо: На 23 октомври 1893 година, во Солун, група угледни Македонци формираат Македонска револуционерна организација - МРО, меѓу народот позната како ВМРО. Донеле Статут, избрале Централен комитет, биле за Македонија на Македонците, биле за Македонска држава во времето на Отоманската Империја. Но, понесени од неизживеаниот романтизам на Софија за руската креација Санстефанска Голема Бугарија од 1 март 1878 година, после Руско-Турската војна 1877-1878 година, поради руските интереси да излезе на Средоземното Море, а која патем никогаш не постоела освен три месеци на хартија до 13 јуни 1878 година на Берлинскиот конгрес... под покровителство на бугарскиот кнез Фердинанд, во 1895 година во Софија се формира Врховен комитет на Македонската револуционерна организација. И тие биле за Македонија, ама во рамките на Бугарија, и тие биле за Македонците ама како Бугари. И, започнува повеќедецениската братоубиствена војна помеѓу приврзаниците на Централниот комитет во Солун - централистите и приврзаниците на Врховниот комитет во Софија - врховистите. Во Санстефанска Голема Бугарија биле: цела денешна Бугарија, цела денешна северна Грција односно Егејскиот дел на Македонија и Тракија, дел од денешна Југо-Источна Србија со градот Ниш, цела денешна држава Македонија и дел од денешна Југо-Источна Албанија со градот Корча...
 
И после 100 години од Балканските војни во 1912-1913 година, после дисолуцијата на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија во 1991 година, после референдумот од 8 септември 1991 година “за суверена и самостојна држава Македонија“ без додавки и без придавки, повторно реинкарнира феноменот на врховизмот во Македонија. Во Македонија денес врие од инсталации на соседните разузнувачки служби, слободно регрутираат соработници во сите пори и институции на државата Македонија, го разградуваат македонското општество одвнатре, по сите основи, се разбира, за пари. Ама, иронијата да биде поголема, наместо против соседните разузнувачки служби кои ја преораа Македонија, македонската разузнувачка служба се “бори“ против “македонски екстремизам“ и “руското влијание“, потсетуваат како Дон Кихот и Санчо Панса, колку плата да земат. Ни фалат уште бункерите од Албанија од времето на Енвер Хоџа и да бидеме како Алиса во земјата на чудата!
Софија, стана сервис за криминалци, наркомани и предавници од Македонија, но преку нив никогаш нема да изгради свест дека Македонците се Бугари. Останатите Македонци со бугарски пасоши не се заради нивните корени и заради работа во Бугарија, туку во Западна Европа, каде што половина Бугарија веќе е иселена. За десетина години, не без Бугари, Бугарија ќе остане без луѓе. И не е прашањето дали има Бугари во Македонија, туку има ли Бугарин во светот без македонски корени, затоа што основата на Бугарија е Македонија, основата на бугарскиот демос е македонскиот етнос. Не е македонскиот дијалект на бугарскиот јазик, туку бугарскиот е дијалект на македонскиот јазик!
 
Затоа одговорот: Отсекогаш и засекогаш, Илинденското востание било, е и ќе остане Македонско востание, само Македонско востание и ништо друго освен Македонско востание! Отсекогаш и засекогаш, Гоце Делчев бил, е и ќе остане Македонец, само Македонец и ништо друго освен Македонец! Антимакедонската пропаганда на Софија по овие прашања за Македонците е завршена пародија! Антимакедонската пропаганда на Атина по прашањето за името на државата Македонија е завршена рапсодија! Името Македонија на нашата држава повторно ќе го вратиме! Оваа времена состојба е катарза низ која сите минуваме, но во која сите си ги покажаа роговите.
Како потсетување: И во Грција има се’, само Грци не’, иако по Устав сите се’! Така ја креирале интересите на британската круна! Во членот 1 од Уставот на Елада од 1827 година, кога ја формирале како држава, напишале: Грк е секој христијанин кој живее во Грција и окупираните делови од Отоманската Империја. На Британците, Црквата во Грција им била потребна да изгради монолитна нација, преку неа полесно да пенетрирааат во Отоманската Империја, не за вера во Бога. Но, затоа, пак, кога денес ќе прашате грчки поп: Што е Грк? Ќе ви одговори: Грк е тој што е крстен! А, на дополнителното прашање: Што се тие кои не се крстени? Ќе Ви одговори: Тие кои не се крстени се Турци! За Атина, Турчин е синоним за муслиман, бидејќи Исламот во Европа го донеле Отоманите! Истата приказна Големите сили ја повториле и со Бугарија, кога ја создавале на Берлинскиот конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година...
А, Македонија никогаш не била дел од Бугарија, Грција, Албанија и Србија, се’ до Балканските војни 1912-1913 година!
 
Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, Македонија и Македонците ги поделиле, започнува егзодус и геноцид врз нив од режимите во Белград, Софија, Атина и Тирана, таа судбина трае до денес!
 
Затоа и во Бугарија: Има се’, само Бугари не’, иако по Устав сите се’! Токму поради ова, во Македонија, Албанија и Косово - етнички Бугари НЕМА, туку софиски врховисти! Како оној колаборационистот Љупчо Георгиевски, претседател на бугарското здружение “Ванчо Михајлов“ од Битола, кој во интервју за Бугарската телевизија - БТВ го откри рецептот како се станува Бугарин во Македонија: “Ние не сме се родиле како Бугари во Македонија. И така, така, читаш, едно два-три месеци не спиеш и ќе се разбудиш како Бугарин.“ Како и оној бугаринот Кирил грчки архимандрит во Бигорскиот манастир, прислужник на Грко-православниот патријарх на Истанбул - Вартоломеј, заедно со неговиот ментор! Таквите дувла во Македонија треба да ги прочистиме и да ги вратиме во заборавот на историјата!
 
После се’ и покрај се’, велиме: Македонците не ги мразат на Бугарите и Грците! Не им’ се мешаме во нивните внатрешни работи, во нивната историја, во нивните корени во Татарстан, Кина и Монголија! Меѓутоа, отфрламе грубо мешање на Атина и Софија во внатрешните работи на државата Македонија! И затоа бараме итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и на Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, бараме итно и безусловно еднострано распуштање на македонско-бугарската и македонско-грчката меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја! Отфрламе нова политичка историја за Македонскиот народ и за Македонија! Со Бугарите заедно можеме да го славиме само 9 мај Денот на победата над фашизмот! Бараме продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државно име Македонија! Македонците ја признаваат бугарската нација како политичка нација со своја културна идентификација! Македонците ја признаваат и грчката нација како политичка нација со своја културна идентификација!
 
Македонците и во Втората светска војна, заедно со Грците, Србите, Бугарите и Албанците ги поразија фашистите и балистите и се вградија во темелите на државите Грција, Србија, Бугарија и Албанија! И затоа и нам Македонците, правата и слободите како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните! Иницираме историско помирување на Македонскиот народ со сите соседни народи! Иницираме договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со сите соседни држави но, врз основниот принцип на меѓународното право на “суверена еднаквост“ што значи: прво, взаемно разбирање и почитување, второ, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, трето, немешање во внатрешните работи на суверените држави и четврто, реципроцитет во меѓусебните односи! Имајќи предвид дека сите сме биле делови на исти империи на овие простори, макар и еднострано, ние Македонците декларираме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите помеѓу современите литературни јазици, како производ на современите политички нации! Македонците, по род и државајнство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, отфрлаат впишување на софиски врховисти како “етнички Бугари“ во Уставот на државата Македонија, бидејќи на тој начин се институционализира антимакедонска петта колона за внатрешно разградување на Македонската држава!
 
Фашизмот не може да биде втемелен во Македонската држава која е возобновена во антифашистичката и народно-ослободителната борба на Македонскиот народ во Втората светска војна. Бугарија е фашистичка држава во Втората светска војна! Софија - менторот на таа петта колона, не’ признава Македонски народ, не’ признава Македонски јазик, не’ ги признава бугарските фашистички злосторства во Македонија, не’ ги признава Македонците во Бугарија! Впрочем, уште поапсурдно и неприфатливо е Македонската држава да финансира антимакедонска бугарска дијаспора, знаејќи притоа дека власта со договорите со Софија и Атина се откажа од Македонците во светот и во соседните земји на државата Македонија! Впишаа во Уставот дијаспора за да ги избришат “деловите на Македонскиот народ во соседните земји“, апсурдот да биде поголем, со уставните амандмани од 2019 година впишаа “делови на соседните народи“ во Уставот на државата Македонија!
 
Сепак: Простуваме но, не забораваме, од соседните метрополи и од Европската Унија бараме извинување и репарации за геноцидот и окупацијата врз Македонскиот народ и врз Македонија! И една порака до Албанците, и покрај се’ и после се’, подобри комшии од Македонците нема да имате! Нека не’ Ве предводат интересите на албанската мафија која поведе војна во 2001 година со американска поддршка, за да се суспендира државата во териториите под нејзина контрола заради несанкционирање на организираниот криминал! Меѓу Албанците има премногу честити и домаќини. Колку што е Македонија албанска држава, толку и Албанија е македонска држава!
Крајно, никогаш да не заборавиме: И покрај сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички содржател. Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не’ снема! Повикуваме на семакедонско помирување и обединување, бидејќи во единството е силата за одбрана на идентитетот на Македонскиот народ и името на државата Македонија! И едно потсетување: На референдумот одржан на 30 септември 2018 година, две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, НЕ’ ГЛА’САА “за членство во Европската Унија и НАТО Алијансата“, НЕ’ ГЛА’САА за прифаќање на Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ. Името на државата е идентитетот на нацијата! По меѓународно право името на националноста по автоматизам произлегува од името на државата! Идентитетот не е само јазикот, идентитетот е името, јазикот, културата, историјата и територијата, заедно!
 
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.