|
|
Обединетите Нации НЕ ПОСТОЕЛЕ 1903, НО КАДЕ СЕ СЕГА? |
Марија Емилија Кукубајска Обединетите Нации НЕ ПОСТОЕЛЕ 1903, НО КАДЕ СЕ СЕГА? ЗОШТО ВО СЕНКИТЕ НА ЕВРОПА ДА СЕ УНИШТУВА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНИЈА? Од 1903 до 2023 година, ОН признале повеќе од 100 народи. Во Африка 50 држави-нации се стекнале со независност, во Азија 17 основале свои независни држави и определиле свои граници: од Бурунди до Танзанија во Африка, од Евкадор до Перу и Јамајка во Средна, Јужна Америка и Карибите, до Косово и Црна Гора во Европа. Косово беше автономна и суверена покраина на Сојузната федерација од југословенски републики, а постана република. И Црна Гора се осамостои. Македонија беше суверена република, како и Словенија, а постанува непостоечка, како холограм од родителите на Супермен, како невина, незакопана жртва на фиктивната демократија. Како Европска, Македонска Трагедија. Но, ништо нема печат на вечна трајност, ниту (до)сегашните богови на замислениот унилатерален, некогаш колонијален свет. Сега не е 19 век кога се формирале национални држави со автократски декрети дека нивните карти ќе се трајни. Дваесеттиот век предизвикувал дотогаш најбрутални војни во историјата. По судирите на влијанија и интереси, следат незамисливи, и неодржливи, нови поделби на светот, во кој има уште помалку гаранции за мир. Ниедна држава и влада не биле трајно гарантирани, и покрај создавањето на ООН 1945 година. Замислената мисија на Обединетите Народи била остварување на основните цели по катастрофалните две големи војни во 20. век, и по формалното распаѓање на 6те големи светски империи: одржување светски мир и безбедност, заштита на човековите права, обезбедување хуманитарна помош, подршка за одржлив развој. Светскиот мир во втората половина на 20 век се покажал или како замрзнат немир или како непрекинати серии локални воени судири. Но, сепак, крајот на империјализмот и колонијализмот овозможил формирање на неспоредливо поголем број нови држави во 20от век, споредено со 19от. Новите држави стекнувале суверенитет, минувале низ територијални промени и модификации на граници, но настанувале како држави на народи кои успевале, или им било овозможено (дозволено) да се изборат за независност од западните сили, и признавање од ОН. Македонија како слободна и суверена република во рамки на Федеративна Народна Република Југославија прогласила независност на Првото заседание на АСНОМ, Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија, на 2. август 1944. Ако тој значителен број земји од третиот (или вториот) свет се избориле на три континенти за свој суверенитет и човекови права, кој и зошто си дозволува во 2023 година, Република Македонија да се понишува како држава со својот конститутивен македонски народ и малцинства? И новите повоени и пост-империјалистички земји се бореле со векови против колонијалните сили, и се одржале до своето признавање во 21. век. Но, невозможно е да не се согледа најголемиот апсурд на Балканот, и во Европа, без дипломатски одговор или решение за горечкиот проблем: Зошто во Европа, Македонија е оневозможувана да биде самостојна по распадот на Отоманската империја, по Балканските војни? Ако формирањето нови држави не (било) спорно, од 19 до 21 век, каква власт била поставена во втората декада на 21. век, по најбрза постапка да го ликвидира најмирољубивиот македонски народ и неговата прататковина на Балканот? Која сила го заведе македонскиот народ од шарените револуции до договорите во 2017-2018 година, кога и низ целиот 20ти век народот на Македонците, заедно со малцинските етнички заедници живеел во братска соработка, и покрај нечии непрекинати, заостанати, темни соништа за нова колонизација? Илинденското востание не било организирано на невозможни основи, туку било предадено на турската војска, изневерено од бугарските власти. Лажните намери за добрососедство, и тогаш и денес имаат корени во зомбираната утопија на Сан Стефанска Бугарија, која сега се претвора во нова гео-политичка дистопија, лажна мирнодопска ликвидација на македонскиот народ. На денот на Македонското востание кое требаше да донесе мир и правда 1903 година, денес, на 2ри август 2023 година, Македонија е во фиктивен мир, и во реално опасност по одржливо постоење. Македонскиот народ одново е изложен на терор од соседите и нивните спонсори, овој пат терор со ново оружје. Пропадна договорената реципроцитетна соработка во наметнатите, нереални, первертирани договори на Грција, Бугарија и на Тиранската платформа од Албанија. Можно било по Првата светска војна во Европа да се формираат Финска, Естонија, Латвија, Литванија и Полска, а по втората – и Исланд... Но, подло и пакосно добрите соседи на Македонија прорекуваат и веќе прогресираат со својот план: набргу да нема место за државата Македонија во ОН. Така ли кажува нивниот нов Заратустра? Но, така не мисли и македонскиот народ. Такво угинување нема да се дозволи. Ова не е 1903, и не е само 2023, ова е време за одбрана на иднината. Европа продолжува да убедува дека демократијата не е мртва, но затвора очи пред егзекуцијата на Македонија, парче по парче. Така ли? Тогаш, ако треба да веруваме дека треба да живее демократијата, за овој Илинден, и секогаш, не може да се верува веќе во онаа, наводно старограчка верзија, со фалш камчиња во кутијата– не за гласање туку за удирање по гласачите. Да живее Македонија! Да живее слободата и напредокот за кои загина и Гоце Делчев со своите Македонци, и Александар Велики Македонецот, со своите Филипови Македонци. Честит празник на првата, Македонската Република на Балканот, Крушевската Република. Честит Илинден, Македонијо сакана! Со тебе сме. Твоите наследници и потомци! |