Среда, 23 Август 2023   
ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА

1. ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА!!! Колку и да звучи бомбастично, токму така лично ги доживувам случувањата на Собранието на Република Македонија на 18ти декември кога се одржа седница за отворање на Уставот на РМ за - како што се беше намерачила сегашната владеачка коалиција, вметнување на некакви си амандмани што ги беше подготвила, се разбира  - по порачка на власта и нејзините надворешни спонзори, неквалификуваната и нелегитимна Комисија за подготовка на тие амандмани.

Иако текот на седницата покажа дека власта нема доволно гласови за да констатира потреба за отворање на уставот, а за да избегне неминовен тотален политички пораз, спикерот на македонското Собрание, поранешниот мајор на ЈНА Талат Џафери ја прекина седницата и продолжетокот го најави за некогаш, во неопределено време, кога за тоа ке се создаделе услови. Со други зборови, во стилот на она народната: гладна кокошка просо сонува: кога ќе се обезбеделе 80 пратеници за да гласаат за усвојување на уставните амандмани за промена на преамбулата на македонскиот устав со вметнување на делови од други народи кои живеат во Македонија.

Немам ама никавки сомнежи дека подземните лаборатории на длабоката држава кои со сета моќ се ангажирани на разнебитување на Македонија, веќе интензивно работат како да се надмине ваквата ситуација и да се обезбедат дополнителни уште десет пратеници (колку што, наводно им недостасуваат на власта до Парламентот за да гласаат за уставни измени, но знам дека нешто ќе смислат и ќе се обидат), тоа е повеќе од сигурно! Дали ќе пробаат да "купат" пратеници од опозицијата, тоа е можно, но не исклучувам и други методи (овој пат не ќе можат да го повторат сценариото со вадење притворени пратеници за да гласаат, како што беше за гласањето на промена на уставот со промена на државното име со додавката "северна").

Како и да е, случувањата во македонското Собрание на 18ти август се огромен морален и политички поттик и за граѓаните да се отарасат од владеачкава ненародна коалициција на предвремени (посакувам) или редовни избори, бидејќи станува збор за власт која ја тормози земјата и народот цели седум години, а и нанесе толку многу зло, како никоја власт до сега!!!

И како што во повеќе наврати предупредив:  очигледна е навијачката и многу конкретна заложба на "меѓународната" за уставни измени кои, според мене не се ништо друго туку подметнување на кукавичко јајце (бугарите во Уставот на РМ) што на долги патеки ќе работи легитимно (!?), во рамките на уставот, на асимилација и бугаризација на македонската нација. Со тоа би се задоволиле и грчките шовинистицки кругови да нема нација која ќе се нарекува македонци, и истовремено би се елиминирало - според сценариото на длабоката држава од двете страни на Атлантикот, македонското прашање!

Честитки за пратениците од опозицијитата за нивниот цврст став и подршка да опстанат и да издржат со нивните непопустливи ставови.

Дами и господо пратеници од опозицијата, и не само вас, историјата ќе ве памети за вашето витештво!.

2. Славниот Илинден по традиција го чекам во манастирскиот комплекс Св. Наум, во духовниот мир што ме опкружува и зрачи од 11 векови древното почивалиште на светецот, од звукуот на манстирската камбана и писокот на пауните со искубани опашки од туристите, кои од година во година ги има во се поголем број. Како и шлаг на колачот тука се изворите на Црниот Дрим чиј спокој навистина раѓаат мир во душата.

На пат за манастирот задолжителна е паузата на Стража и освежување со познатите мекици, чаша јогулт и парче брсјачко сирење. Локалитетот Стража се посигурно станува задолжителна попатна станица на намерниците кои патуваат кон главниот град, или кон западот од Македонија. Но за оние што си ја сакаат оваа земја и се грижат за неа, неодминлив е шокот од купиштата ѓубре што се расфрлани на сите страни. Од конзерви, пластични кеси, хартии и речиси не е можно ни да пријдеш на ресторанот со мекиците или другите ресторани и продавници во комплексот, а канти за ѓубре се мислена именка.

Не знан во чија надлежност е комплексот Стража? На општина Маврово-Ростуше, Гостивар, Кичево или некоја друга? Не знам и дали за чистотата во комплексот е надлежна можеби "Македонија пат" или некоја друга служба, но некој  м о р а  да се грижи за хигиената во овој па до некаде и туристички комплекс! Па зарем господата од власта не поминуваат со своите или службените луксузни автомобили во двата правци и не прават паузи, а при тоа да се соочат со оваа грда слика? Имаат ли барем малку чувство на одговорност за имиџот на сопствената земја со која владеат и дебело се офајдија од нејзиниот буџет со лажирани и местени тендери?

Патот кон членството во Европската Унија не е само хартиологија и правни процедури, туку еден од врвните услови и приоритети е заштитата на природата и воопшто на човековата околина дами и господо од Илинденска б.б. Тоа е пред се ваша обврска, но секако и обврска за нас граѓаните да си ја чуваме и негуваме сопствената земја и нејзина преубава природа.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.