|
|
Власта е најголен кочничар на Македонија на патот кон ЕУ |
Свекрва Власта не успеа да ги протурка уставцните измени на собраниската седница одржана на 18 овој месец. СДС не само што не успеа да обезбеди 80 пратеници потребни за промена на Уставот, туку едвај имаше 70. Дури и пратеници од владејачкото мнозинство беа против уставни измени. Откако власта увиде дека го нема потребното мнозинство, го одложи гласањето за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, со што по кој знае кој пат го прекрши Деловникот на Собранието. По ова фијаско на власта, од сите страни доаѓаат пораки дека единствено решение да се излезе од кризата се предвремени избори. Меѓутоа, премиерот Димитар Ковачевски вели дека дента кога ќе се изгласаат уставните измени, ќе поднесел оставка и ќе има избори. Очигледно е дека тој бега од избори, со што се повеќе ја заглавува државата. Меѓутоа, не може политичар кој не бил избран од граѓаните, кој нема легитимитет и никаков кредибилитет, премиер кој ништо позитивно не направил откако е дојден на власт, да продолжи да биде на функција. Исто така, не може да се толерира неговото неодговорно однесување и како таков треба што побргу да замине во историја, за да не направи уште некоја непоправлива штета по македонските граѓани и нациналните интереси на земјата. Всушност власта, која од уста не ја вади евроинтеграцијата и која ја обвинува ВМРО ДПМНЕ дека ги блокира евроинтеграциските процеси, е таа која е најголен кочничар на Македонија на патот кон ЕУ. Таа ги прифати налудничавите барања на Бугарија, кои никој жив не би ги прифатил и кои ги загрозуваат националните интереси на земјата. Власта предводена од СДС и ДУИ и даде алатка на Софија за да може да ја уценува Македонија на секој чекор со вето. Со оглед дека власта нема поддршка од македонските граѓани за уставни промени и за да се исправат сите грешки кои ги таа ги направи со својата полика на демакедонизација, потребни се промени – распуштање на парламентот и предвремени избори. Едноставно, Македонија нема време за чекање. Мора да оди напред, но не со СДС и ДУИ, кои со својата политика ја вратија земјата во 19 и почетокот на 20 век, во време на пропагандите. Во време кога Македонија ја расчеречија балканските држави и големите сили. Македонија не смее да дозволи повтрно да биде делена, не смее повеќе да дава, зошто нема пто повеќе да даде. Се што македонскиот народ постигна во единственото слободно парче македонска територија, беше раздадено од СДС. Освен сопствените џепови, ним не им е гајле за мнозинството Македонци. Затоа, со нивната политика Македонија тоне се подлабоко. Дојде време Македонците да се прекине тој слободен пад во ништавилото. Дојде време нешто и да се поврати. Дојде време и за реципроцитет. Така Софија треба да престане да ја негира македонската посебност и да престане да смета како втора бугарска држава, потоа да дозволи регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија и да се откаже од заканите за вето на патот на земјата кон ЕУ, па да може да се раговара и за влез на Бугарите во уставот. Меѓутоа, СДС и ДУИ не се кадарни да водат политика која ќе ги штити интересите на македоскиот граѓани и националните интереси. Тие се кадарни за лаги и манипулации, па дури и да го разделат и она малку што македонско што остана. Поради ваквиот однос, мнозинството Македонци не ја оправдуваат нивната политика. Ковачевски и СДС ја донесоа Македонија во ќорсокак. Прифатија услови против кои се 80% од граѓаните. Политиките на Ковачевски не соодвествуваат со ставот на мнозинството Македонци. И самиот Ковачевски знае дека уставни измени нема да има, се што прави е ден повеќе да ја задржи својата позиција. Не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Но треба да е свесен додека тој себично размислува за себе и за кликата околу себе, Македонија тоне. Единствен излез од оваа криза се само избори. |